Андоновски забрани нови 42 нелегални онлајн страници за игри на среќа


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го потпишал третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа, со што досега се затворени вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа. -И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на […]

Точеле алкохол на малолетници во Струга, кои завршиле на токсикологија


СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице-продавница за пијалоци од Струга, против П.С.(49)-сопственичка на правното лице и вработената М.М.(27), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алхохолни пијалоци на дете“. На 26.05.2025, по претходна пријава од Медицински центар Струга дека кај нив биле донесени две малолетни деца затруени […]

Општина Илинден доби нов здравствен дом со 14 ординации


Општина Илинден денеска доби нов здравствен дом, прв по половина век.  Во објектот изграден на локацијата на старата амбуланта, на две нивоа со површина од 600 метри квадратни, се сместени 14 современи ординации, и за приватни здравствени услуги и за специјалистички.  Во амбулантата се вложени 16 милиони денари, по осум милиони денари од буџетите на […]

Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави


Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година. На листата за 2025 година сме пред Србија […]

Парите од вториот дел од унгарскиот кредит на стендбај: Општините прво треба да донесат ребаланси на буџетите


Општините треба да направат ребаланси на буџетите и измени во Планот за јавни набавки, по што веднаш можат да отворат постапки за избор на изведувачи на проекти со кои имаат аплицирани за користење на средства од вториот повик од заемот од Унгарија, истакна денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. Одговарајќи на новинарско прашање кога […]

Од топло, уште потопло: Во петок и сабота температури до 43 степени


  Продолжува периодот на многу топло време со високи дневни температури. Особено топло се очекува да биде во петок и сабота кога синоптичарите најавуваат дневни температури и до 43 степени.  Промена на времето ќе има  од недела кога се најавува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во опаѓање. Времето денеска ќе […]

Законски измени: Се укинуваат две институции, а се формира Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво


Комисијата за образование, наука и спорт денеска ја одржа 16. седница на која беше поддржан Предлог законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка, и е пуштен на понатамошна постапка во Собранието. Со Предлог законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво се регулира иновациската дејност, принципите, целите и организацијата на примената […]

Левица: Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки – веднаш да се донесат мерки за заштита на населението


Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки – надлежните веднаш да донесат мерки за заштита на населението, апелира Левица.  Согласно Акцискиот план на Институтот за јавно здравје (2025–2030), при надминување на граничните вредности на температурите од 39°C во јули (за скопскиот регион), се активира црвена фаза – состојба која бара итни и засилени мерки […]

Македонија ќе добие механизам за скрининг на странските инвестиции


 Mинистерот за европски прашања, Орхан Муртезан учествуваше на дводневната работилница на тема „Клучни аспекти во развојот на нов механизам за скрининг на странски директни инвестиции во Северна Македонија“, што денеска и утре се одржува во Скопје со поддршка на Министерството за трговија на САД,а со експерти од Чешка и Романија. -Оваа работилница се случува во […]

„Издавајте фискални сметки“, УЈП со порака до такси превозниците!


Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено […]

Однеле автомобилски гуми на 2.000 метри на Царев Врв за да потпалат пожар – шумочуварите ги спречија


  Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како […]

Скопје кубури за вода, апел за рационално користење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до сите жители на Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ и денеска се продолжува […]

Без струја дел од жителите на неколку улици во Карпош и Кисела Вода


Центарот за управување со кризи по добиено известување од ЕВН Македонија АД информира дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Карпош и Кисела Вода.   Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Бриселска во Општина Карпош, а во од 09.35 до 12.00 часот, […]

Пет активни пожари утрово во земјата


На територијата на државата до 7: 30 часот се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 29 се изгаснати.  Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска […]

И денеска над 40 степени, Владата донесе препораки за топлото време


Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура. – До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе […]

Земјотрес од 2,5 степени кај Гостивар


Вечерва во 20:01 часот по локално време, во југозападниот регион на државата е регистриран земјотрес со магнитуда од 2.5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на оддалеченост од 22 километри североисточно од Центар Жупа и 66 километри југоисточно од Призрен, Косово, односно 16 километри јужно од Гостивар. Земјотресот беше на длабочината од 15 километри, јавува […]

Врвулици луѓе во скопската чаршија на +40 степени Целзиусови


Скопје „гори“ на температури од над 40 степени Целзиусови, но Старата скопска чаршија е полна луѓе. На пладне, тесните чашриски улички ги врват бројни намерници. Дел од нив туристи, дел наши граѓани, кои летниот одмор го поминуваат во татковината, а наскоро ќе се вратат на својот живот, некаде преку границите.  Покрај препораките од надлежните, да […]

Шукова со автобус на ЈСП се вози на работа


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од опозициската СДСМ, Каја Шукова секој ден со автобус на ЈСП се вози на работа, па тврди дека ќе се зафати со овој проблем штом седне во функионерската фотелја.  Планира во својата предизборна кампања да го возобнови предлогот за БРТ систем, предлог на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, кој исто […]

Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран


Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, Како што информирата од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, […]

Поради горештините, бремените и постарите од 60 години се ослободени од работа


Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е […]