Ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина


За наставниците да не останат без работа, а за да се спроведе наумената едносменска настава, министерката за образование Весна Јаневска најави прераспределба на дел од наставниците во други училишта, односно и во други општини.  Имено, како што појасни Јаневска, наставници во училишта каде има паралелки од по 10 до 15 ученици, кои би останале без …

Ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина Read More »

Сиљановска ќе ги еманципира мажите во државава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со припаднички на Армијата, жени кои со својата професионалност, посветеност и истрајност не само што ги уриваат стереотипите, туку внесуваат и нова димензија во вооружените сили. Полковник Елизабета Наумовска-Петрески, потполковник Александра Доневска, мајор Анета Куртелова и поручник Бојана Филиповска зборуваа за себе, за статусот на жените во Армијата, како и …

Сиљановска ќе ги еманципира мажите во државава Read More »

Левица со Предлог – закон за зголемување на породилното отсуство од девет на 18 месеци


Портпаролот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Амар Мециновиќ, денеска на прес – конференција информира дека пратеничката група на Левица поднела измени на Законот за работни односи со цел зголемување на породилното отсуство. – Левица предлага зголемување на породилното отсуство на мајките од девет на осумнаесет месеци. Ова е една од мерките која …

Левица со Предлог – закон за зголемување на породилното отсуство од девет на 18 месеци Read More »

Палчо: Не ме плаши доживотната робија ниту влијае на мене, пресудата е нарачана и веќе донесена


Пресудата е донесена на прес-конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Вака првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо рече образложувајќи го новото барање за изземање на судијата Ивица Стефановски. „Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши ниту влијae …

Палчо: Не ме плаши доживотната робија ниту влијае на мене, пресудата е нарачана и веќе донесена Read More »

Наставник од Свети Николе на листата на 50 најдобри наставници во светот


Материјално од она што го видов, македонскиот образовен систем стои прилично ниско, вели, Иле Михајловски , одделенски наставник од Свети Николе, за Гласот на Америка, кој се најде во листата на 50 најдобри наставници во светот во конкуренција на 5000 пријавени кандидати од 89 држави. „Неколку работи кои мене ме движат. Да си ја сакаш …

Наставник од Свети Николе на листата на 50 најдобри наставници во светот Read More »

Одбраната на Палевски не може да ги најде снимките со кои би докажала дека тој бил во банка за време на убиството


На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, судот до одбраната на обвинетите ги достави снимките од камерите од системот „Сејф сити“ во периодот за кој обвинителството тврди дека е грабнат и убиен 74-годишниот велешанец. Конкретно се работи за снимки од 21 и 22 јануари 2023 година од Скопје. Еден час одбраната …

Одбраната на Палевски не може да ги најде снимките со кои би докажала дека тој бил во банка за време на убиството Read More »

Таравари: „Ѓока“ ќе стопанисува со паркингот на Клинички најмногу 7-8 години


Договорот за користење на паркингот на Клинички центар не е потпишан, а министерот за здравство Арбен таравари, вели дека треба да помине и филетор на Влада, но ако и од таму и од јавноста се смета дека договорот не треба да се реализира, тој нема да го потпише.  На денешниот настан на Клиниката за инфективни …

Таравари: „Ѓока“ ќе стопанисува со паркингот на Клинички најмногу 7-8 години Read More »

Изјава на министерот за здравство Арбен Таравари (во живо)


Изјава на министерот за здравство Арбе Таравари кој е во посета на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, по повод промоција на нова медицинска опрема и комплетно реновирање на повеќе оддели на клиниката.  

Крива Паланка ќе гради адреналински парк на Калин Камен (видео)


Крива Паланка ќе добие нова, атрактивна содржина за развој на туризмот, адреналински парк на Калин Камен што ќе се гради во рамки на најновиот проект на општината од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.     -Потпишан е договорот за најновиот проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во …

Крива Паланка ќе гради адреналински парк на Калин Камен (видео) Read More »

Објавена „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) на Зоран Иванов


Од печат излезе „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) (анализи, колумни, коментари, интервјуа…) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство. Приредувач, редактор и издавач и на оваа книга, како и на претходните „Амбиент“– 1, 2, 3, 3/1, 4 и 5, е Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат …

Објавена „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) на Зоран Иванов Read More »

Презентација на прелиминарни наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“


 Во Скопје денеска ќе бидат презентирани прелиминарните наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“. Студијата ги разгледува степенот и различните димензии на насилство врз жените и девојките на јавните урбани места во Скопје и Тетово, информираат организаторите на настанот. Како што појаснуваат, истражувањето првенствено се …

Презентација на прелиминарни наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“ Read More »

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе биде отворена традиционалната изложба „Убавите жени во мојот народ“. Авторки на изложбата се Марина Мијаковска, Елени Новаковска и Искра Димитрова. Како што е најавено, на изложбата ќе бидат презентирани материјали од Збирката …

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“ Read More »

Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители


 Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во просториите на Советот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. …

Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители Read More »

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло


Времето денеска ќе биде ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб северен ветер. …

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло Read More »

Перински: Репресивната мерка не е омилена, но комунални редари мора да има


Решенијата што ќе се понудат со изборната програма ќе бидат системски издржливи целосни решенија за проблеми како загадување, јавен транспорт, зеленило, одлагање на отпад, паркиралишта…, најавува министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Во вечерашното гостување на ТВ Телма, запрашан за можната номинација за градоначалник на Скопје, рече дека веќе јавно ја искажал неговата амбиција, како …

Перински: Репресивната мерка не е омилена, но комунални редари мора да има Read More »

„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички


„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје, објави Призма. Министерот за здравство Арбен Таравари за БИРН потврдил дека оваа албанската фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години. На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“, која е формирана во Тирана …

„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички Read More »

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“


 Пехчевските пожарникари – добороволци денеска гаснеа пожар кај место викано „Суви Дол“. Во пожарот, како што информираа, зафатени биле овошни насади, како и сува трева. – Денеска пет членови на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, заедно со вработени од ПШС „Равна Река“ – Пехчево, интервенираа на пожар на место викано „Суви Дол“, каде гореа сува …

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“ Read More »

Без вода утре дел од општина Центар


Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Центар, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Киро Крстевски Платник“, дел од корисниците на оваа улица ќе бидат со прекинато водоснабдување. Според најавеното, вода за пиење ќе нема од девет …

Без вода утре дел од општина Центар Read More »

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга


 Лицето Албана Жута не ги исполнило условите за поставување вршител на должноста директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно не била назначена од редовите на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик, покажал извештајот на Државниот просветен инспекторат направен во август 2024 година. Тоа го кажа Виолетка …

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга Read More »