Николоски: Сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид


Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол бил во Скопје, Попова Шапка и Охрид за да ги разгледа можностите за инвестиции. Како што рече денеска Николски, по посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати на средината на април годинава од таму веќе доаѓаат инвеститори […]

Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе дејствуваат на пожарот на планината Готен од беровска страна


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека утрово на скопскиот аеродром е одржан оперативен брифинг со екипажот на чешкиот хеликоптер „Блек Хок“. Брифингот го спровеле старешини од Армискиот воздухопловен ВИНГ, при што посадата била детално запознаена со пожарот што беснее на планината Готен од беровската страна. Како најпогоден извор за полнење вода е одбрано вештачкото […]

Без вода неколку улици во Скопје


Поради менување вентил во шахта, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски – Борче“ и „Ленинова“. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од 8:30 часот до завршување со работните активности.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 30 јули 2025 година, 211-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 154 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 54 минути. Денов трае 14 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Хеликоптерот „Блек хок“ слета на скопскиот аеродром, утре ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот на Готен


Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.  Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, хеликоптерот од утре ќе се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен. – Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне […]

Муцунски: Генерален конзулат во Корча – затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела


„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео порака на фејсбук по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча. […]

Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите


Предлог-законот со кој учениците од верските заедници ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите, исто како и останатите ученици, попладнево беше донесен во рамки на 64. собраниска седница.  Целта на законот, како што е наведено во образложението, е да се обезбеди најдобриот интерес на учениците запишани во верските училишта, преку […]

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците не добиле плата за три месеци


Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците, преку писмо кое денеска го испратија до медиумите, реагираат што за месеците април, мај и јуни, не им се исплатени плати. На прашање на Мета до Министерството за правда, под чија надлежност е Инспекторатот, одговорија дека наскоро проблемот ќе биде решен и дека вработените ќе ги добијат заостанатите […]

Каде треба да се градат двете хидроцентрали на река Дошница што ја посети и Грета Тунберг (фото)


„Баров Дол“ и „Папрад“ се локациите на реката Дошница на кои Владата одобрила да се градат две мали хидроцентрали на Кожуф планина. Овој регион, богат со ендемски видови и биолошка разновидност, веќе втор месец го штитат еко-активисти од целата земја, свесни дека изградбата ќе значи уништување на биодиверзитетот и исчезнување на уникатни животински и растителни […]

Општина Илинден ќе добие нов урбан парк со плоштад


Општина Илинден постојано работи на уредување и урбанизација на јавниот простор низ сите населени места, создавајќи современи и пријатни зони каде граѓаните можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, во тек е изградбата на нов урбан парк со повеќе содржини во Марино, велат од локалната самоуправа. Паркот ќе биде сместен помеѓу […]

Стразбур: Вардар, Брегалница, Црна река и Охридското Езеро се сериозно погодени од неконтролирано загадување


 Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти објави извештај за (не)почитувањето на правото за здрава животна средина, т.е. за загадувањето во Македонија  во кој констатира дека државата има стратегии и солидна законска рамка – но ништо од тоа не се остварува  во практика.   Во извештајот притоа стои дека комесарот е загрижен за […]

Нов случај на труење со лекови: Десетмесечно бебе хоспитализирано во Куманово


Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово. – Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите […]

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја


Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Целта на оваа мерка е […]

По 2.000 денари еднократно ќе добијат 525 пензионери од Општина Бутел


Градоначалникот на Oпштина Бутел денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите. 525 пензионери од оваа скопска општина ќе добијат финансиска помош во висина од 2000 денари. – Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани! Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци.  Комисијата продолжува со […]

ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки


По повод, како што се оценува, неоснованите обвинувања од страна на политичката партија Левица во врска со набавката на помошна механизација за потребите на РЕК Битола, АД ЕСМ најостро ги демантира изнесените невистини и ја информира јавноста за следното: Изнесените тврдења од страна на Левица манифестираат елементарно непознавање на Законот за јавни набавки и целосно […]

Собранието ја констатираше оставката на претседателката на ДКСК


Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека до почетокот на седницата, Димитровска го известила Собранието дека ќе ја образложи оставката. – Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека ѝ […]

Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила за комунален отпад


Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила и друг вид опрема за комунален отпад. Целта е да се воспостави современ функционален и еколошки безбеден систем за управување со отпад по европски стандарди. Договорите за набавката на опремата во вредност од 10,7 милиони евра беа потпишани денеска во Владата. Набавката е дел од […]

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Чаир


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори. Меџити денеска на потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, одговарајќи на новинарско […]

Тимови од Чешка и Словенија ќе го гасат пожарот на Готен


Попладнево на скопскиот аеродром треба да пристигне хеликоптер „Блек хок“ од Чешка со големо ведро од три тона и седумчлен екипаж, кој ќе учествува во гасењето на пожарот на планината Готен од страната на Берово. Утре рано наутро се очекува и тимот од Словенија, составен од  61 пожарникар и 18 специјални возила за шумски пожари, […]