ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар


Регистриран е пожар во општината Берово кај планината Голем Готен кон Малешевските планини, и тој е под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. Тој посочи дека интервенираат специјалните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер од Чешка, припадници од противпожарната единица од Берово, припадници од противпожарната единица од […]

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител


Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител. Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди. Тој е дипломиран правник […]

Советот на Општина Тетово изгласа измена на буџетот, ќе биде поголем за три милиони евра


Советот на Општина Тетово на денешната 54-та седница изгласа измена и дополнување на Буџетот на Општина Тетово за 2025 година, со што се зголемува износот за околу три милиони евра. Се работи средствата добиени од „унгарскиот кредит“, кои се наменети за капитални проекти. -Предвидено да се заврши булеварот „Видое Смилевски-Бато“ до крајната дестинација согласно проектот […]

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта


 Министерството за образование и наука објави јавни повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на образованието на ученици Роми за учебната 2025/2026 година – педесет за  основно и 35 за  средно образование. Како што наведува МОН во објавените повици, се работи за дополнителна поддршка на учениците Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и/или се подолго време надвор од […]

По оставката во ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија


По оставката од претседателската функција во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска се враќа на своето претходно работно место во Државниот завод за ревизија, објави Телма. Од институцијата за телевизијата потврдиле дека таа повторно ќе ја извршува функцијата помошник на главниот државен ревизор, која ѝ била во мирување додека раководела со ДКСК. […]

Улман: Не смее да се дозволи да се губи вода


Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Вака денеска заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7.5 […]

Комисијата за избори и именувања распиша јавен оглас за нов претседател на ДКСК


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска. Претседателката на Антикорупциската комисија Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше, откако Обвинителството за гонење организиран криминал […]

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево 


    Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат.   -Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на […]

Расчистен просторот во Паркот на новинарите, спроти „Нова Македонија“


Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите. Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот […]

Левица со пакет предлог-закони за младите парови и родители


Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, кои се фокусираат на државната помош како стимул за, како што велат од партијата, младите да останат во државата и да формираат семејства. Предлог-законите опфаќаат државна помош и гаранција при исплата на станбен кредит, намалување на учеството за станбен кредит, воведување горна граница […]

ДЗР: ФЗОМ плаќа по 5 милиони евра за пациенти во странство, а не знае дали се успешно лекувани


Отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање и значајни слабости во спроведувањето на контролите во здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, утврдиле ревизорите по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2023 година.  Според ревизорите, контролните активности за […]

На 120 години од смртта на војводата Александар Турунџев ќе биде поставен споменикот во Битола


БИТОЛА – Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за поставување на споменикот на војводата Александар Турунџев. Локацијата е во непосредна близина на Ат-Пазар, местото каде е погубен Турунџев пред 120 години. На новоизградениот кружен тек, деновиве е поставен постаментот, а на 30 август свечено ќе биде откриен и споменикот на војводата Турунџев. Споменикот […]

Сѐ уште гори на Готен: Активни се три пожари, под контрола се три, а 21 изгаснати


Од вкупно 27 пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се три, под контрола се три, а изгаснати се 21, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 20:30 часот. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово кај с. […]

Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани. Во периодот од 07:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат корисниците од последна автобуска станица 24-ка до маркетот „ДАВИДОВ“ во општина Сопиште, а од 13 до 15 часот корисниците од викендиците Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце. Од 08:30 до 15:30 […]

Ѝ Македонија поднела барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ


До истекот на крајниот, синоќа на полноќ, формално барање до Европската комисија за позајмици за заеднички набавки за потребите на одбраната од механизмот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), поднеле 18 земји членки на ЕУ, соопшти ЕК.  Механизмот САФЕ располага со вкупно 127 милијарди евра, кои можат да се користат во форма на заеми за финансирање […]

Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм


Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да […]

Jавните комунални претпријатија ќе се јакнат со нова поддршка од Швајцарија од 7,5 милиони швајцарски франци


Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: […]

Милиони евра за субвенции за чист воздух, а резултатот непознат: Инвертерите можат да го преполоват загадувањето


Лани, земјава беше втора најзагадена во Европа На европската мапа на држави каде што граѓаните дишат загаден воздух, Северна Македонија честопати се наоѓа меѓу првите пет места, додека на светските мапи влегува во топ 20. Само лани, според податоците од Европската агенција за животна средина, Северна Македонија се рангираше на третото место во Европа по годишна просечна концентрација на […]

Променливо облачно со локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 јули 2025 година, 212-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 153 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 19 часот и 53 минути. Денов трае 14 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]