Сончево и топло до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе […]

Корисници од дел од Аеродром без вода поради дефект на ул. „Руди Чајавец“


Корисниците од улиците „Руди Чајавец“, „Вангел Тодоровски“ и дел од ул. „Коста Новаковиќ“ во Аеродром вечерва ќе немаат вода поради уличен дефект ул. „Руди Чајавец“ бр.4. Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 20.15 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.

352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа


Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и територијалните противпожарни единици на Град Скопје, каде се одвиваше обуката. Овие лица утре ќе потпишат договор за работно ангажирање во рамки на владината мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за […]

Нефункционален аква парк, објекти и дотраена опрема утврдиле ревизорите во СЦ „Борис Трајковски“


Затворен аква парк, нефункционални објекти, дотраена опрема, немање услови за давање на дополнителни услуги, се само некои од наодите кои ги утврдиле државните ревизори во Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, за 2023 година. Приоритетна дејност на ова друштво е да склучува договори за издавање под закуп на деловниот простор […]

Македонскиот производител на оружје ATS Group не штеди пари за лобисти блиски до Трамп


Во потрага по финансирање од САД за производство на муниција, ATS Group не штеди пари за договори со лобистички фирми кои имаат добри односи со новата администрација на Доналд  Трамп. Напорите на производителот на оружје со седиште во Македонија, ATS Group, да привлече финансирање од САД се покажаа како профитабилни за поранешниот вработен во Стејт […]

Зголемени температури во следните неколку дена, да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето


Од утре до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство денеска апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. Граѓаните да престојуваат во затворени, […]

Активен пожарот во село Неготино во Врапчиште, под контрола пожарот во валандовско Јосифово


Еден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што  гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово […]

Вистинската вистина: Системот „Ѓавато“ не работи, Дојранското Езеро е драматично повлечено (Галерија)


  Вистинската вистина не била во Владата, како што тврди премиерот Христијан Мицкоски. Туку во фактите на теренот. Кај Дојран. Пред неколку дена премиерот Мицкоски навредливо во стил а-ла Вучиќ се обиде да ја омаловажи новинарката која го праша што станува со системот „Ѓавато“ од каде треба да се напојува Дојранското Езеро, одговарајќи ѝ со […]

Министерството за енергетика oбјави оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со јавен оглас што стапи во сила, Министерството започнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година.  -Мерката се реализира согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за […]

Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти


 Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе […]

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот


Министерството за здравство денеска го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот. Како што информираше министерот за здравство, Азир Алиу, модулот е изработен од страна на Управата за електронско здравство во соработка со Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд и Институтот за медицина на трудот. […]

Кризната состојба продолжена за 30 дена


Владата денеска донесе одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. „Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии“, велат од Владата. Имено, поради […]

Баскерфест караван 2025: „Побарај ја забавата“ во девет градови низ Македонија


Не мораш да одиш далеку за да доживееш нешто волшебно. Доволно е да излезеш на улица, бидејќи Баскерфест 2025 наскоро повторно ќе ги претвори градовите во сцени, а секој случаен минувач во дел од приказната. По неколкугодишна пауза, петнаесеттото издание на овој уличен уметнички фестивал ќе се одржи од 25 август до 6 септември, патувајќи […]

Владата конечно со мерки: Поевтинува училишниот прибор, најмалку 15 отсто во трговија на мало


Владата денеска соопшти дека донела мерки со кои ќе се намалат цените на училишниот прибор. Во соопптението од владината седница се вели дека со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, […]

Електронски ќе се евидентираат здравствените прегледи кои досега беа на хартија


Министерството за здравство денеска го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот. Како што информираше министерот за здравство, Азир Алиу, модулот е изработен од страна на Управата за електронско здравство во соработка со Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд и Институтот за медицина на трудот. […]

СДСМ: Дојранското Езеро пресушува –хидросистемот Ѓавато не функционира


Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место, е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ , изјави на прес-конференцијата Љупчо Стојановски од СДСМ. Според него состојбата е алармантната бидејќи хидросистемот Ѓавато речиси четири месеци не работи и водата не тече низ […]

Кандидатот за градоначалник на Карпош сака да прави „кафеана“ и од Кејот на Вардар


Kандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, отворањето  локали (ноќни клубови, ресторани или дискотеки) на кејот на Вардар го стави на листата на своите изборни ветувања. Идејата е, како што рече во емисија на Канал 5, да го „разигра“ овој простор, бидејќи  дозволуваат законските услови за бучава.  „Се стремиме, размислуваме […]

Чудесниот свет на Преспа


  Во летото 2000 година, англискиот екологист и писател, Џулијан Хофман, и неговата сопруга, Јулија, прочитале рецензија за книга и тоа им го променило животот. Книгата била „Преспа“, од грчкиот биолог Јоргос Кацадоракис, поезија за оддалечено езеро во високите гранични предели што го делат Грција, Македонија и Албанија, каде што пеликаните и пчелите летаат, а […]

Синдикатот на новинарите бара повисока минимална плата – заради слобода на медиумите


  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во време на општата дебата за висината на минималната плата смета дека е неопходно да го соопшти својот став кој недвосмилено е за зголемување на минималната плата. Ставот на ССНМ кореспондира со актуелните барања на дел од синдикатите и вели дека покачувањето е повеќе од ургентно. Корекцијата […]

Се враќаат горештините: Сончево и топло со температура до 35 степени, за викендот повторно многу топло време


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Температурата ќе се движи од 11 до 35 степени.  Во Скопје, времето ќе […]