Еве на кој број треба да пријавите приватна употреба на службено возило


Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на [email protected], граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила. – Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или [email protected] граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. […]

Меџити пред избори ги размрда општините: Да се најдат и да се санираат сите диви депонии!


На барање на министерот за  животна средина и просторно планирање, Изет Меџити пратена е препорака до општините за спроведување на детални контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување. МЖСПП од општините очекува да превземат мерки во насока на унапредување на состојбата […]

На Мерко му се суди за директорите на училиштата – одложено за спомен-побележјето


 Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директор во Основното училиште „Зини Хани“ во Велешта и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа. Против Мерко се одржа и судско рочиште […]

Утре почнува увидот за пожарот во Трубарево


Увидот на лице место за причините за големиот пожар во Трубарево ќе започне утре, информираа од Основното јавно обвинителство Скопје. Постапката ќе ја координира јавен обвинител, кој ќе раководи со увидните екипи на терен. По негова наредба, денеска на терен излегоа екипи на СВР Скопје со цел да преземат дејствија и да приберат докази неопходни […]

Вработена во Онкологија: Кога немаше терапија, за некои пациенти, земав ампули од канцеларијата на директорот


Вработена на Онкологија сведочеше како се давале терапиите на клиниката во времето на Васев. Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти […]

Низ целата земја има недостиг на учебници


За жал, низ целата земја има случаи каде учениците сѐ уште немаат добиено учебници. Некаде има повеќе, па тие се собираат и се препраќаат на друго место. Сега ќе се обезбедуваат со донација, а за новите учебници, како што претходно соопшти МОН, потрошени се 11 милиони евра. – Во овој момент им праќаме дописи на […]

Дрисла загадува, ВМРО-ДПМНЕ наградува


ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. По сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за Дрисла, вели Кети Штерјова, кандидатка за советничка на СДСМ во Скопје. – Замислете, за носител на советничката листа […]

Само 500 службени возила добиле таблички во друга боја


Институциите да го рациланизираат бројот на возила кои ги користат, да ги брендираат со службени регистарски таблички, само оние кои ги користат, а другите да ги продадат и да ги расходуваат. – До денешниот пресек имаме околу 500 брендирани возила, односно возила коишто добиле специјални таблички. Има и голем број возила коишто се веќе во […]

Мицкоски: Идентификувавме 20 осомничени за пожарите


Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце. – Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на […]

Утре и задутре посвежо и ветровито, во деновите потоа пораст на температурите


 Утре и во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), соопштуваат од УХМР. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. 

Испитниот центар за возачки испити во Битола ќе проработи само никој не кажува кога


Испитниот центар за полагање за возачки дозволи во Битола и околните пелагониски општини ќе проработи, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот најави дека се бара законско решение за да се реши проблемот со неквалитената услуга и недостатоците во работата на испитните центри, а како можно решение наведе јавно приватно партнерство. Испитниот центар Авто […]

ЗХГ бараше расправа за Вардариште и Дрисла – не дојде градоначалничката, па советниците од ВМРО-ДПМНЕ си заминаа


Вонредна седница на кој би се расправало за состојбата на Вардариште и во Дрисла, во Советот на Град Скопје не се одржа.  Вчера, по редовната седница, на која се гласаше само за годишните извештаи на средните училишта, Зелен хуман град иницираше свикување вонтредна седница или дополнителна точка за расправа за состојбата на Вардариште и во […]

Без вода дел од Центар кај Цветен пазар


 Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во општина Центар.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект на улица „Народен Фронт“ без број, кај Цветен пазар.  Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Кнез Трпимир“ бр.19, прекин […]

Запалени два сервиса за возила во поранешна „Стаклара“ пред Пинтија


Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.  Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот. На терен интервенирале осум противпожарни возила. „После целовечерна борба […]

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството продолжува случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи


Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште речедека […]

На 28 септември ќе се осветува црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“


В недела, на 28 септември, ќе се осветува црквата „Св. Константини Елена“ во центарот на Скопје, во близина на Домот на АРМ, која се градеше од 2012 година, а долго време изградбата беше во застој. Конечно, тргнати се лимените тараби околу црквата повеќе не го нагрдуваат центарот на Скопје. Изградбата заврши по 13 години, а […]

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – „Марш за Ангелите“ во Кочани


Денеска се навршуваат точно шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”. Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот […]

Претежно сончево и топло време


Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, […]

На денот на пожарот во Трубарево имало 300 mg/m3 јаглерод моноксид во воздухот – дозволени се 10 mg/m3


Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорка на […]

Меџити ја затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак


Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.   Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не […]