Јаневска ги смирува родителите: Учебници ќе има, училишната кошничка ќе биде со цени од 1 јуни


Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември учебници ќе има.  -Сите можат да бидат спокојни и не е ова прва година кога ќе има учебници. И минатата година со силни напори успеавме да обезбедиме учебници за учениците. Дел од учебниците веќе се дистрибуираат по училиштата. Секако, наставниците се на колективен […]

Гинекологија Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика


Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ – Чаир доби нов ЕХО апарат, со што значително се подобрува дијагностиката кај бремени жени и пациентки со гинеколошки проблеми, соопштуваат од Министерството за здравство. Оттаму пренесуваат дека министерот за здравство, Азир Алиу, при посетата на болницата, истакнал дека со новата апаратура се зајакнува грижата за здравјето на жените, […]

Се одбележуваат девет години од невремето во Стајковци кога загинаа 22 лица


Големото невреме со интензивни врнежи од дожд и поплави што ги зафати скопските населби Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и околината пред девет години однесе 22 животи. Денеска, на годишнината од трагичниот настан од 2016 година, градоначалникот на Општината Гази Баба, Бобан Стефковски најави дека ќе започне постапка за поставување на спомен-плоча, како симбол на сеќавање […]

Битолската клиничка болница се засили со уште еден познат специјалист. Кардиологот д-р Игор Спироски од денеска е дел од тимот


БИТОЛА – Познатиот кардиолог од Скопје, д-р Игор Спироски, специјалист интернист и супспецијалист интервентен кардиолог од денеска е дел од тимот на Битолската клиничка болница. Д-р Спироски има повеќе од две децении активно искуство во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, со бројни успешни интервенции зад себе. Во последните четири месеци болницата во Битола се […]

Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија во Ријад?


Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи досега двајца специјални пратеници за економска прoмоција вo странствo, но и двајцата сo пoлитички бекграунд, пишува порталот „Фактор“. Заради економска прмоција и инвестиции, во Чикагo е испратен Петрит Муслиу, а во Ријад, Саудиска Арабија, ќе оди Салим Сулејмани, кој оди таму со дипломатско звање министер советник. Салим Сулејмани […]

Децата што се лекуваат подолго време на Детската клиника отсега ќе може да следат школска настава


Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер.  Како што беше појаснето, […]

Ленче Ристоска размислува да не се кандидира повторно за судија во Стразбур


 Обвинителката Ленче Ристоска размислува да не се кандидира на повторниот конкурс за избор на судија за Судот за човекови права во Стразбур – за да не и даде легитимитет на оваа постапка. Таа во интервју за „Призма“ соопшти дека побарала јавно извинување за изнесени клевети и невистини од една јавна личност и бидејќи не ги […]

Велосипедската федерација доживотно го дисквалификувала поради злоупотреби, Владата го постави на чело на директорите на Телеком


  Левица тврди дека Сашо Димитријоски, човек кој е доживотно дисквалификуван од Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ) поради тешки финансиски злоупотреби, сега седи на чело на Одборот на директори на Македонски телеком на предлог на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Владата има 35 отсто учество во Телеком, но преку т.н. златна акција ги има клучните права во […]

Почина професорот, научник и книжевен преведувач д-р Владимир Цветковски


На 91-годишна возраст вчера почина професорот, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски, соопшти Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ). Владимир Цветковски е роден во 1934 година во Битола, каде завршил основно и средно образование. Редовните студии по англиски јазик и книжевност ги завршил во 1959 година на Филолошкиот […]

На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер, денеска на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе го најават воведувањето на формалното основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување. На Клиниката за […]

Меѓународна музичко поетска вечер „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“


Во организација на Здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне […]

Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел


Д-р Никола Божиновски денеска е избран за нов претседател на Советот на општина Бутел, соопштија од Општината. Во соопштението до медиумите се посочува дека д-р Никола Божиновски е специјализант во ЈЗУ “Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија”, како и дека живее во Бутел 2 и добро ја познавал „душата на општина Бутел“. Божиновски работеи и како […]

Над 300 лица ќе се обучат да станат пожарникари


Над 300 лица ќе се обучат да станат нови пожарникари. Тие се пријавија на повикот на Владата да работат на превенција од пожари, а нивната обука започнува денеска. Во иднина ќе може да бидат вработени во локалните противпожарни единици, но и во новата единица која ќе биде формирана во Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот […]

Нема активни пожари, дождот помогна да се изгаснат огновите


Последните пожари на отворен простор се изгаснати, откако веќе неколку дена се намалија температурите на воздухот и почна да врне дожд. Според информациите на Центарот за управување со кризи, денеска нема активни пожари во земјава, а во последните 24 часа изгаснати се сите 11 пожари во општините Долнени, каде гореше нискостеблеста шума, во Липково, во […]

Без вода шест улици во Скопје


 Без вода во моментов се корисниците на дел од улиците „Брсјачка Буна“, „Злетовска“, „Демирхисарска“, „Слан Дол“, „Овчеполска“ и „Јован Хаџи Шишко“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, причината е скината цевка на крстосницата од улиците „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“. Од претпријатието нагласуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]

Инвестициите од ЕМОФ остануваат за студентите – подобри услови во домовите


Организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025 претставуваше огромен предизвик, но во исто време и можност да се покаже што значи вистинска подготвеност, тимска работа и визија. Една од клучните локации за реализација на фестивалот беше студентскиот дом „Гоце Делчев“ кој за време на фестивалот, функционираше како т.н. олимписко село. Токму таму беа сместени […]

Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави дека нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. – Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, порача Тошковски.  По видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени […]

Јаневска ќе го решава проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен


Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува дека ќе биде одобрен проект со кој ќе бидат обезбедени средства за набавка на инструменти за Сеизмолошката опсерваторија, а потоа и да се реши проблемот со кој се соочува оваа институција –  затворање на 13 сеизмолошки станици низ државата.   Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за […]