Изјава на министерот за здравство Азир Алиу (во живо)
Изјава на министерот за здравство Азир Алиу за состојбата на повредените во пожарот во Трубарево.
Изјава на министерот за здравство Азир Алиу за состојбата на повредените во пожарот во Трубарево.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на пожарите не е случајност и оти се работи за хибриден напад на Владата. -Од разговорот со сопствениците на „Ф Групација“ во чиј објект со електронски отпаден материјал во Трубарево вчера избува пожар беше укажано оти […]
Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР во Идризово кој беше отстапен за сместување за жителите чии домови се во близина на местото на пожарот што избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање отпад. Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека тоа е информација што ја […]
Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево. Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба. За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за […]
-Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и […]
Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување. Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки. „Граѓаните имаат право да знаат што дишат […]
Рециклаторот „Ф-Групација“ во Трубарево, чиј магацин со отпадна пластика, батерии и електронски отпад се запали вчера имал дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, информираше министерот Изет Меџити, кој дури вечерта се појави на местото на катастрофалниот пожар. Фирмата, од оваа институција добила 10 годишна дозвола во 2021 година. Во снимка од местото […]
Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара […]
Пожарот на депонијата Дрисла повторно се активирал во текот на ноќта, а го гаснела една екипа на скопската противпожарна бригада. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека огнот бил изгаснат и не го зафатил влажниот дел од тлото. „Состојбата на Дрисла е стабилна, пожарникарите го изгаснаа огнот, а денеска ќе продолжи […]
Пожарот е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за ситуацијата на местото на пожарот во Трубарево кој избувна вчера пред 14 часот […]
Во рамки на одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 Септември, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС денеска од 11:00 до 13:30 часот, во вториот дел на Градски парк (спроти паркот за кучиња), ќе одржи настан на кој сите граѓани ќе имаат можност да се информираат за своите права во пензискиот […]
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните […]
Денеска е недела, 14 септември 2025 година, 257-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 108 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 13 минути, а ќе зајде во 18 часот и 45 минути. Денов трае 12 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее, […]
Ме прашувате за хибридните напади кои ги спомена Ангелов. Овој состанок сега, беше за тоа како да се справиме со пожарот. А во оној штаб на 20 метри од овде, разговаравме и за хибридните напади. Досега над 40 луѓе се лишени за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме […]
Поради зголемено загадување на воздухот, денеска на граѓаните кои живееле во непосредна близина на пожарот што зафати објект во скопско Трубарево, им било препорачано да ги напуштат своите домови, соопшти вечерва на прес конфернција министерот за внатрешни работи Панче Топшковски кој е на чело на Управувачкиот комитет во кој се и министрите за здравство, за […]
„Движењето ‘Стоп за Вардариште’ ја информира јавноста дека во понеделник, 15 септември 2025 година, покрај најавениот протест во 18:00 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 07:30 часот. Протестот ќе се одржи со блокада на мостот ‘Близнаци’, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Организаторите велат дека на овој чекор се […]
МИнистерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој воедно е и вицепремиер, вечерва не беше на вонредната прес-конференција во МВР, а новинарите прашуваа зошто деновиве, кога горат неколку депонии, тој воошшто не дал никакви информации лично. Министерот за здравство, Азир Алиу со министерот за внатрешни Панче Тошковски рекоа дека и двајцата разговарале со […]
Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган – алармираше на својот ФБ профил […]
Проследете ја прес-конференцијата на министерот Панче Тошковски:
Министерството за животна средина и просторно планирање за вечерва најави првични резултати за квалиетот на воздухот по пожарот што избувна денеска во Трубарево во компоанија за собирање ии управување со електронски отпад. Во соопштението до медиумите се вели дека пожарот избувнал во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад. „Станува збор за објект кој поседува […]