15 години Баскерфест – уличната магија тргнува на пат низ Македонија!


Подгответе се за највеселото, најшареното, најурбаното и најнепредвидливото летно доживување – Баскерфест караванот 2025 одбројува до моментот кога ќе тргне на пат низ Македонија! После неколкугодишна пауза, фестивалот повторно се враќа меѓу луѓето, во срцето на градовите, на плоштадите и булеварите што на неколку дена ќе станат сцена на радост и смеа, на изненадувања и […]

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка


Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им […]

Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа, најавува двојно поголем буџет за науката


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање поврзано со поддршка на науката, потенцираше дека Владата двојно го зголемила буџетот на науката и овозможила бесплатен пристап кон најголемите две бази на списанија.   „Она коешто прво би кажал е дека буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата година. Дали […]

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, можат да дејствуваат и на пожарите


 Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици. -Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората […]

На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми


 Во текот на вчерашниот ден, двајца риболовци од Кочани, од вештачкото езеро „Градче“, извлекоа огромен „Толстолобик“ со должина од 130 сантиметри и тежина од над 50 килограми.  „Толстолобик“ е вообичаен назив кај нас и во источна Европа за сребрен крап (Hypophthalmichthys molitrix) —  слатководна риба од семејството Cyprinidae, позната и како „white carp“ или едноставно „silver […]

Обвинителството во Куманово отвори постапка за срамното скандирање на кошаркарскиот натпревар


Основното јавно обвинителство од Куманово отвори постапка и му издаде насоки на СВР Куманово за истражување на елементи на кривично дело поврзано со скандирања со говор на омраза од страна на непознати лица. Инцидентот се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, одигран на 2 август во Куманово.   Од […]

Активни четири пожари, два под контрола


Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка,  Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски […]

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната […]

Од утре времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново


Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од утре, 4 август до 16 септември 2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна […]

Скандирањето ја засени кошарката – остри реакции по натпреварот во Куманово


Она што требаше да биде обичен меѓународен кошаркарски натпревар се претвори во скандал кој доби и политичка димензија, а удира и во најсветото во земјава – меѓуетничките односи. Особено што на натпреварот беа присутни и Премиерот Христијан Мицкоски, и други функционери од Владата. Недоличното скандирање наиде на осуда од организаторите, политичките партии, но дали до […]

Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“


Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за управување со кризи, на терен се ангажирани два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.  -На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Како директор на ЦУК, […]

(Галерија) Ѓубрето царува покрај Вардар под Калето


Ѓубрето во Скопје веќе одамна го има окупирано градот. Не се ни крие повеќе по затскриени агли, темни улички, обрастени патеки. Напротив, распослано е на отворени места, каде фреквенцијата на луѓе е голема и секој може да го види, а и да придонесе со својот џебен отпад. Плоштадот, улицата „Македонија“, плоштадот „Филип Втори“, кејот на […]

Ивановиќ Кастареде: Општеството да ги препознае жените како еднакви чинители


Речиси една од четири земји денес бележи назадување во правата на жените, а 60% од испитаниците и испитаничките на глобално ниво изразуваат загриженост за застојот во еднаквоста. Исто така, над 600 милиони жени и девојчиња живеат во конфликтни зони, а родово базираното насилство и економската нееднаквост растат, вели во интервју за МИА шефицата на канцеларијата […]

Нов пожар кај тетовско Желино


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.  Претходно, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на територија на државата нема активни пожари.

На ГП „Табановце“ влегле над 133 илјади граѓани, на ГП „Богородица“ излегле скоро 38.000 патници


Екот на туристичката сезона, празничниот викенд, враќањето на македонските граѓани кои работат во западноевропските држави, ги покажуваат и денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за влез и излез од државата. На најфреквентниот граничен премин „Табановце во државата од 1 август до денеска до 10 часот вкупно влегле 133.165 граѓани, во истиот период излегле 73.640 […]

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце


Поради летните одмори на граничните премини со Србија и Грција се забележува зголемена фреквенција на возила. Авто мото сојузот на Македонија информира дека времето на чекање за влез во земјава на Табановце е околу 40 минути, а на Богородица и Дојран околу еден час.  Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања […]

Заминуваат словенечкиот и чешкиот пожарникарски тим, изгаснати сите пожари


Словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила денеска заминува од земјава, информираше првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. “Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани, а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни […]

Гори кај селото Стровија во општина Долнени


Пожарот кај селото Стровија во општина Долнени сеуште е активен, а под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.  Според информациите на ЦУК, на територија на државата до 10 часот евидентирани се 10 пожари на отворен простор. Од нив, изгаснати се осум пожари.

Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата низ државава ќе се движи од 12 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје пак, минималната температура се очекува да биде 17, а максималната 36 […]

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново


Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти денеска […]