Понеделник и вторник нè чекаат дождови


В понеделник на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локална појава на нестабилност ќе има и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневната […]

Трајко Карев, внук на претседателот на Крушевската Република: Најголема болка ни е што Никола Карев беше избришан од химната


На средбата со Трајко Карев, еден од четворицата внуци од најстариот брат на  претседателот на Крушевската република, Никола Карев, го испивме кафето во „Крушевската одаја“. Веднаш пред споменикот на Никола Карев, пред Гумење, е куќата на Кареви. А, нив ги има повеќе фамилии. Седумдесет и осум годишниот Трајко, со задоволство и гордост, ја почнува својата […]

Под контрола два пожари на отворен простор


Податоците на Центарот за управување со кризи покажуваат дека во моментот во државава има два пожари на отворен простор кои се под контрола.  Според ЦУК, под контрола се пожарот на планината Готен кон беровска страна каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација и пожарот кај селото Стровија во општина Долнени каде […]

Илинден нѐ обврзува да створиме земја во која ќе се доаѓа, а нема да се бега


„Илинден нѐ обврзува да направиме од државата пристојно место за живеење за сите, место од кое нема да се бега, туку во кое ќе се доаѓа“, е најсилната порака што денеска, на чествувањето на Денот на републиката Илинден, ја испрати претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, од Мечкин Камен, во Крушево. Во својот говор, претседателката повика […]

Бендевска: Нашиот сон за четврти Илинден е Македонија, земја-членка на ЕУ


И годинава, гордо и достоинствено им оддаваме почит на борците на слободна и независна Македонија, на хероите на двата Илиндени кои се жртвуваа, за денес да можеме бидеме свои на своето, да им ветиме дека денешните генерации нема да го заборават заветот што го оставија и да ги насочиме нашите погледи, стремежи од заедничкото минато […]

Арсовска: Илинден е вечен симбол на борбата за слобода


Илинден е вечен симбол на борбата за слобода на македонскиот народ и на основите на нашата државност. Борците кои ги жртвуваа своите животи за Македонија беа водени од храброста и стремежот за создавање независна држава. Денес ги одбележуваме 122-годишниот јубилеј од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, со оддавање почит пред […]

Ѓорѓиевски за Илинден: Имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја


Градоначалникот на Општина Кисела, Вода Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод Илинден – Денота на Републиката со порака дека „на 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажале на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив, а дека денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и […]

Шукова: Не смееме да ги заборавиме тие кои се бореа за нашата држава, но и дека треба да градиме нова иднина кон ЕУ


 Не смееме да ги заборавиме тие кои се бореа за нашата држава, но и дека треба да градиме нова иднина, истакна во изјава за медиумите потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова по положувањето цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Плоштадот „Македонија“. -Во Скопје денеска бевме тука да се поклониме за оние коишто се […]

Мицкоски: Жртвата на претците нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас


Премиерот Христијан Mицкоски, придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, како и министерката за образование Весна Јаневска, положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред зградата на Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“. […]

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!


Лидерот на СДСМ, денеска од Крушево, на одбележувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, го честита празникот. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, […]

Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија!


    Elена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, и со Трајко Карев, еден од четворицата внуци од најстариот брат на Никола Карев. Секој од нив, и во осмата и деветтата деценија од животот, живее со приказните, со гордост на своите предци. Елена Гули, […]

Мицкоски: Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро


Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и […]

Гаши: Овој ден е симбол за на историската борба за слободно општество


Претседателот на Собранието Африм Гаши, во име на пратениците и Собранието на Република Северна Македонија, упати најискрени честитки по повод 2 Август – Денот на Републиката. -Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество, вредности што денес претставуваат темел на нашето заедништво и на институциите на државата. Оваа дата не […]

Филипче во Крушево на Илинден, Шукова во Скопје, Димитријевиќ во Пелинце


Денот на Републиката, делегации на СДСМ утре ќе присуствуваат на чествувањата на големиот празник Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце, соопшти партијата. Делегација во Крушево ќе ја предводи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со потпретседателката Кристина Костова и пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска. Филипче ќе даде изјава за медиуми, по што ќе следи полагање цвеќе […]

Сиљановска – Давкова: Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните со порака дека Илинден од 1903-та и асномскиот од 1944. се сржта на македонската историја, срцето на македонската Република, душата на македонската државност. -Илинден е сржта на македонската историја, Илинден е срцето на македонската република, Илинден е душата на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден


 Во Скопје денеска од 9 часот ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август. – Поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август, денеска со почеток во 9 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки […]

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје


Со централна прослава на „Мечкин Камен“ во Крушево и со положување цвеќе на повеќе локации низ државата денеска се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – два клучни столба во македонската државност. Централната прослава ќе се одржи во Крушево, под покровителство на претседателката […]

Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд


Сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец се очекува во текот на денов. Според синоптичарите, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 11 до 18, а максималната да достигне […]

Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија


 Министерот за здравство Азир Алиу денеска имал работна средба со директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, со раководители на оддели и вработени,  на која, како што информира Министерството, била „презентирана успешната работа на раководството на ИЈЗ, актуелните проекти и идни планови“. -Институтот за јавно здравје е една од најважните институции во државата, […]

Обвинителството покрена обвинение за инспекторот од Општина Битола за дивоградбата во Дихово


БИТОЛА –  ОЈО Битола покрена обвинение за инспекторот од Општина Битола, Кирил Мицевски за случајот со дивоградбата во потпелистерското село Дихово.     Од ОЈО Битола потврдија: „По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење според член 244-а став 1 […]