Дожд и повремен снег во наредните денови


Во четврток ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до -4, …

Дожд и повремен снег во наредните денови Read More »

Матичните доктори штрајкуваат поради промените во „Мој термин“


Матичните доктори ќе прекинат со работа од 11 до 12 часот, во знак на предупредување, по воведените новини во системот „Мој термин“. Според тврдењето на претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, тие не можат да издадат терапија и да направат прегледи на пациенти, доколку не се изврши автентикација на мобилниот …

Матичните доктори штрајкуваат поради промените во „Мој термин“ Read More »

Голема поддршка за СТЕМ шампионите во роботика


Марко, Стефан, Павел, Неда, Анастасија, Јаков и Андреј пред многубројна публика на донаторската вечер што се одржа во „Beer Garden” ги претставија роботските креации со кои ќе учествуваат на Глобалната светска роботска олимпијада MRC Global Olympiad што од 11-14 април ќе се одржи на Крит, Грција. Водени од страста за роботиката и програмирањето, како и …

Голема поддршка за СТЕМ шампионите во роботика Read More »

Протест пред Кривичниот суд за Феликс, се бара нова регулатива за насилствата врз животните


Денес во Кривичниот суд во Скопје почна судењето против Љубе Крстевски со соучесник, кој на суров начин, со метална шипка и речиси без повод го претепа до смрт бездомното куче Феликс, за што заработи кривична пријава од Здружението за заштита на животните Анима Мунди и ЈП Лајка. Адвокатот на обвинетиот побара време да ги разгледа …

Протест пред Кривичниот суд за Феликс, се бара нова регулатива за насилствата врз животните Read More »

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари


 Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина или 24 сантиметри под просекот. Денешниот водостој на езерото е само шест сантиметри над дозволениот минумум. Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој. На почетокот на декември минатата …

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари Read More »

Професори: Место етика и логика да станат задолжителни, се укинува филозофија?!


Концепцијата за гимназиско образование мора да се повлече, никаде во светот не се укинуваат филозофски предмети. Во концепцијата не само што недостасуваат социјалните вештини, туку, исто така отсуствува и транспарентноста. Во неа, не може да се видат ниту експертите кои ја имаат подготвено. Доколку не се промени ќе има длабоки последици врз образовниот процес. Ова …

Професори: Место етика и логика да станат задолжителни, се укинува филозофија?! Read More »

Изменет режим на сообраќај на автопатската делница Демир Капија – Смоквица


На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на …

Изменет режим на сообраќај на автопатската делница Демир Капија – Смоквица Read More »

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски


Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на …

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски Read More »

Делови од Кисела Вода и Волково без струја


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе останата корисниците од ул. Димо Хаџи Димов – зграда 105А и 116 во Општина Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Од 09:00 до 15.30, без струја ќе бидат и …

Делови од Кисела Вода и Волково без струја Read More »

Без вода дел од корисниците на булевар „Киро Глигоров“


Поради изведување на водоводен приклучок од Ф 500мм, без вода од 08:00 часо ќе бидат корисниците од бул. „Киро Глигоров“ и „Индустриска“ и околните објекти Мерцедес, Славија и ФОН универзитет, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Фетаи: Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност


Владата на денешната седница ја одобри информацијата од кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро управување Арбен Фетаи, со која сите државни институции се обврзуваат да ја пријават државната сопственост со која управуваат. Институциите се должни во рок од 30 дена да пополнат дигитален формулар, во кој ќе бидат евидентирани сите податоци за државниот …

Фетаи: Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност Read More »

Гази Баба изготви Локална стратегија за превенција од насилен екстремизам


Гази Баба изготви Локалната стратегија за превенција од насилен екстремизам која, како што велат од локалната самоуправа, ќе биде водилка и ќе дава насоките согласно утврдените страшеки приоритети во која насока е потребно да делуваме во иднина. – Нашата основна цел кон која мораме да сториме напор да допреме се младите и само така ќе …

Гази Баба изготви Локална стратегија за превенција од насилен екстремизам Read More »

Повторно опожарена трска на струшкото крајбрежје, трет случај во две недели


 Околу 3.000 метри кубни трска е опожарена на струшкото крајбрежје покрај регионалниот пат Струга – Калишта во пожар регистриран викендов. СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот во ОВР Струга бил пријавен на 23 февруари во 18 часот. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот. Тоа …

Повторно опожарена трска на струшкото крајбрежје, трет случај во две недели Read More »

Од четврток локални врнежи од дожд


 Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре се очекува променливо облачно време со …

Од четврток локални врнежи од дожд Read More »

Во Македонија има 9.900 активни лекарски лиценци


Оваа година Лекарска комора одбележува 20 години од добивањето на јавни овластувања за издавање на лиценци за работа на докторите на медицина, организирање на полагање стручен испит и акредитација на настаните од континуираната медицинска едукација, како многу значаен систем за акредитација на медицинската професија кој директно нè приближува до европските стандарди. По тој повод денес …

Во Македонија има 9.900 активни лекарски лиценци Read More »

Најмногу девет дена во годината македонските граѓани дишат чист воздух


  Само два до девет дена во годината граѓаните во Македонија дишат чист воздух според податоците на мерните станици во поголемите градови во државата, порача Татјана Чакулев од „О2 Иницијативата“, во денешната расправа за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот. Велес, кој е еден од најзагадените градови во …

Најмногу девет дена во годината македонските граѓани дишат чист воздух Read More »

Општина Сопиште бара итно решавање на проблемот со нередовниот јавен превоз


Од Општина Сопиште денеска до медиумите испратија допис во кој информираат за нередовен јавен превоз во општината. Бараат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) да обезбеди контиуниран и навреме јавен превоз особено на линијата 58.  – Веќе неколку месеци, залудно го известуваме ЈСП Скопје за сериозните проблеми со оваа линија, а недостапен за директна комуникација е …

Општина Сопиште бара итно решавање на проблемот со нередовниот јавен превоз Read More »

Штип почна со доставување на проекти за искористување на парите од вториот повик за унгарскиот заем


 Општина Штип почна со доставувањето на проектите кои ќе се финансираат преку вториот повик на Владата со средствата обезбедени од унгарскиот кредит. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска изјави дека на Штип му се на располагање околу 400 милиони денари, или околу 6,5 милиони евра од вториот повик, со кои ќе се реализираат осум …

Штип почна со доставување на проекти за искористување на парите од вториот повик за унгарскиот заем Read More »

Значителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги


Денес се одржа конференција на тема: Дигитална трансформација на јавните водоснабдителни услуги на која се одбележаа достигнувањата во дигитализацијата на овие услуги. На настанот присуствуваа претставници од владата, меѓународни партнери и експерти од индустријата кои ги презентираа придобивките и начините на кои дигиталните технологии ја менуваат водоснабдителната индустрија во Северна Македонија, како што се: транспарентноста, …

Значителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги Read More »