Тошковски: Затворот го претвориле во „Хотел промаја“


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес биле извршени два претреси на две локации, во домовите на  службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработени во затворот. „Фрапантна е фактичката состојба од аспект на информациите со …

Тошковски: Затворот го претвориле во „Хотел промаја“ Read More »

Ноќеска, Тафталиџе 2 без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради технички зафат на санација на затварачи од ф – 300 мм и ф – 125 мм на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – спроти „Реплек“, во периодот од 2 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 како и …

Ноќеска, Тафталиџе 2 без вода Read More »

Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 70 метри поради појава на магла има на Стража и во Крушево. Од АМСМ …

Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево Read More »

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД


Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, …

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД Read More »

Комисијата за здравство ќе организира надзорна расправа за аерозагадувањето


 Собраниската Комисија за здравство на денешната седница едногласно донесе одлука за одржување на надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. До понеделник, 3 март пратениците до претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи треба да испратат предлози …

Комисијата за здравство ќе организира надзорна расправа за аерозагадувањето Read More »

Возниот ред останува непроменет – односно неточен


Советот на Град Скопје денеска не ја прифати Предлог-одлуката за измена на линиски превоз на патници.  Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Драги Кушевски пред советниците појасни дека оваа измена на линискиот превоз е направена согласно фактичката состојба и дека отстапувањата од возниот ред ќе се намалат за 70 до 80 проценти. –  Со возниот ред …

Возниот ред останува непроменет – односно неточен Read More »

УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов


Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои утре и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни. – Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег, соопшти УХМР. Повремен локален дожд се очекува денеска попладне …

УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов Read More »

Распитот на Сашо Дранго за отепаната мечка се држи во строга тајност


  БИТОЛА – Имало или немало распит во Обвинителството на државниот функционер Сашо Дранго за фотографијата со отепаната мечката? Ова е прашањето кое се наметнува откако пред два месеци јавноста се разбранува по обелоденувањето на фотографија на заменик-директорот на „Македонијапат“ со мртва мечка и оружје в раце, што ја објави Здружението за заштита на животните …

Распитот на Сашо Дранго за отепаната мечка се држи во строга тајност Read More »

Македонија барала од ЕУ да увезе отпад


Македонија е меѓу 24 земји што  ја информирале Европската комисија (ЕК) дека сакаат да прифатат отпадни материјали, објави Дојче веле. Од земјите од регионот, коишто не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), заинтересирани за увоз на неопасен отпад од ЕУ се само Србија и Босна и Херцеговина. Македонија бара да увезува …

Македонија барала од ЕУ да увезе отпад Read More »

Во четвртиот квартал лани бројот на родени бил помал за 1.206 од бројот на починати


Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2  проценти и изнесува 3.968 живородени деца. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје …

Во четвртиот квартал лани бројот на родени бил помал за 1.206 од бројот на починати Read More »

Истражување: Над 60 отсто од младите во Струга трајно би се иселиле


 Недостигот на квалитетни работни места, нискиот животен стандард, неконкурентниот пазар на труд, недоволната поддршка за младинско претприемништво, недовербата во институциите и ограничените културни и социјални содржини се главни причини поради кои младите се иселуваат од Струга. Ова го покажало истражувањето „Зошто младите се иселуваат од Струга?“ што го спроведе здружението „Аква“ на 500 испитаници на …

Истражување: Над 60 отсто од младите во Струга трајно би се иселиле Read More »

Охрид СОС: Како парцелата на „Маларична“ од државна стана приватна за градење зграда?


Зградата на Маларична во Охрид, каде е сместен Здравствениот дом во овој туристички град, веојатно ќе биде урната, а на најезино место ќе никне станбена зграда, иако истиот објект пред неполна година беше реновинран, внатрешно и надворешно.    Од Граѓанската иницијатива Охрид СОС, предупредија дека постојат планови за окрупнување на парцела за сметка на објектот …

Охрид СОС: Како парцелата на „Маларична“ од државна стана приватна за градење зграда? Read More »

Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка, од декември е разрешен


Откако Александар Трајановски, денеска пред седницата на Советот на Град копје објави дека поднесува оставка од функцијата заменик-градоначалник, од Градот испратија соопштение во кое велат дека тој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци. – Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје …

Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка, од декември е разрешен Read More »

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка – „од кал да е – директор од Сарај да е“


Како човек кој осум години е дел од СОветот на Град Скопје, ми беше чест да прифатам да бидам заменик-градоначалник на Град Скопје. Оваа функција без никакви привилегии ја прифатив исклучиво да се обидам да придонесам за подобрување, развој, модернизација на Градот, јавните претпријатија, нивните услуги за граѓаните и начинот на функционирање“, рече Трајановски образложувајќи …

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка – „од кал да е – директор од Сарај да е“ Read More »

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта


„Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта тврдат од левица и бараат власта да го прифати нивниот предлог патарината да се намали за половина. „Додека животниот стандард на граѓаните е на дното во Европа и регионот, високите патарини се уште еден грабеж врз грбот на граѓаните. Компаративните анализи покажуваат дека во Бугарија се вози цел …

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта Read More »

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно не дојде на седницата за советнички прашања, по што седницата беше прекината. Советничката група на СДСМ веќе неколку пати го повторува својот став дека доколку на седницата за советнички прашња не присуствува градоначалникот, тие нема да учествуваат во таква седница. Координаторката Љубица Јанчева го праша Славески дали градоначалничката е …

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања Read More »

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо од Полска


Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети …

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо од Полска Read More »

Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела


Од 17 до 23 месецов се пријавени 3 035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавен бил еден смртен случај асоциран со грип во овој период. – Се работи за лице …

Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела Read More »

Урбано дивеење во Маврово и покрај забраната на Уставниот суд


Да се спречи урбаното дивеење во Маврово, бараат од здужението „Спас за Маврово“ во јавниот повик до надлежните институции. „Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување на изградба на викенд куќи, хостели, пансиони и згради со апартмани и студија апартмани, традиционални куќи …

Урбано дивеење во Маврово и покрај забраната на Уставниот суд Read More »

Комуналните предмети најбројни кај извршителите, минатата година наплатени околу 160 милиони евра


Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека треба да чека во редот за извршување, бидејќи пред него за ова лице има уште 42 налози за извршување. По проверката во Катастар и во МВР, извршителот добил информација дека на име на должникот нема …

Комуналните предмети најбројни кај извршителите, минатата година наплатени околу 160 милиони евра Read More »