Без струја дел од ул. „Христо Татарчев“ во Кисела Вода


Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“, во околината на „Кам маркет“ и фирмата „Дизајн фантазија“ во општина Кисела Вода. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја ќе …

Без струја дел од ул. „Христо Татарчев“ во Кисела Вода Read More »

Уапсени поранешните министри за економија Сарачини и Незири, како и сегашниот министер без ресор Салиу


  Нови апсења и нови осомничени има денеска во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице. Јавното обвинителство и МВР соопштија дека  во тек е приведување на повеќе лица, но не соопштија детали, најавувајќи го тоа за подоцна во денот. Но некои медиуми веќе објавија за кого станува збор …

Уапсени поранешните министри за економија Сарачини и Незири, како и сегашниот министер без ресор Салиу Read More »

„Крива Река не ви е крива“: Протест за загадувањето од рудникот Тораница


  „Крива Река не ви е крива“ порачаа денеска еко-активистите на протестот во врска со загадувањето на Крива Река, кое се случи по хаварија во рудникот Тораница, управуван од компанијата „Булмак 2016“. Пред Министерството за животна средина и просторно планирање присутните побараа одговорност, увид во анализите на водите како и мерки за заштита на водоснабдувањето …

„Крива Река не ви е крива“: Протест за загадувањето од рудникот Тораница Read More »

Заедничка граничка контрола на преминот Долно Блаце кон Косово


  Денеска профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин кон Косово Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен функционален систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола. Премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот истакна …

Заедничка граничка контрола на преминот Долно Блаце кон Косово Read More »

Какво време нѐ очекува за Велигден и Први мај?


Пред нас е големиот празник Велигден, за кој ќе добиеме четири дена споен одмор. Рамазан Бајрам кој се падна на 30 март беше неработен ден, но времето не се погоди, па дождот ги уништи плановите. Според пррогнозата на Accuweather, за Велигден не очекува сончево време со променлива облачност, а веќе од 22 април повторно дожд. …

Какво време нѐ очекува за Велигден и Први мај? Read More »

Општината Охрид да ги спроведе законите и да не дозволи хотел во Горица, бараат 24 граѓански организации


Еколошките организации „Фронт 21/42“ и „Охрид СОС“, поддржани од уште 22 граѓански организации, упатија претставка до Општината Охрид, како една од најнадлежните институции за спречување на изградба на хотел во Горица. Од локалните власти екологистите бараат да се спроведат Уставот, законите и меѓународните договори и нагласуваат дека неотстранувањето на хотелскиот комплекс на „Дивелоп Груп“ во …

Општината Охрид да ги спроведе законите и да не дозволи хотел во Горица, бараат 24 граѓански организации Read More »

Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство


Во Фондот за здравствено осигурување денеска се одржала средба со дел од членовите на новиот состав на Првостепената комисија за лекување во странство, која ќе ја предводи д-р Игор Мерџановски од Клиничкиот центар. Комисијата брои седум членови и седум нивни заменици, а нејзиниот состав вклучува стручњаци од области како ортопедија, педијатрија, неврохирургија и други специјалности …

Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство Read More »

Демант од „Бин бин“ скутер по објавен текст


По објавата на текстот „’Бин Бин’ замина од Скопје? Тротинетите може секој да ги вози без да плати и ако има батерија“ во „Независен“ од компанијата стигна демант кој го објавуваме во целост и се извинуваме за евентуално нанесената штета.  „Ви се обраќам од името на Друштво БИН БИН СКУТЕР ДООЕЛ Скопје, а по повод …

Демант од „Бин бин“ скутер по објавен текст Read More »

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани


Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските …

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани Read More »

Историчарите во ќор-сокак и по последната средба на комисијата во Софија


  Во Софија денеска и вчера се одржа 35. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, соопшти претседатeлот на македонскиот дел од тимот, Ванчо Ѓорѓиев. При отворањето на средбата, македонскиот тим искажал благодарност кон Република Бугарија и нејзините институции за укажаната помош при згрижување и лекување на настраданите од трагедијата во …

Историчарите во ќор-сокак и по последната средба на комисијата во Софија Read More »

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски


Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, додавајќи дека тој е неосновано обвинет.  Туфегџиќ подвлече дека Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на обвинетиот.  -Јавниот обвинител смее да дискредитира исказ, но …

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски Read More »

Поради трка посебен сообраќаен режим во Скопје во недела


СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ …

Поради трка посебен сообраќаен режим во Скопје во недела Read More »

Во Ресен ќе се прогласи природна непогода – овоштарите ќе се обештетат


Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при работната посета во Ресен. Како што соопшти МЗШВ, министерот Трипуновски денеска имал состанок со градоначалникот и со советниците, на кој разговарале за ситуацијата која што го погоди овој регион, …

Во Ресен ќе се прогласи природна непогода – овоштарите ќе се обештетат Read More »

Појаснување за хакираната страница на „Независен“ на Фејсбук


Пред околу една година нашата Фејсбук страница „Независен весник/Nezavisen vesnik“ беше хакирана некаде од Југоисточна Азија. Последниве денови забележавме дека таа хакирана страница сега е во оптек и на неа се објавуваат видеа коишто не се наши. Тоа создаде недоумици кај повеќе наши следбеници, читатели и коминтенти. Сакаме да ве известиме дека „Независен“ нема ништо со …

Појаснување за хакираната страница на „Независен“ на Фејсбук Read More »

Трудова инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга поради небезбедност за користење


Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците на истоименото училиште, но и спортски клубови од Струга, поради опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, соопшти за МИА Државниот инспекторат за труд. Според информацијата, по допрен глас, државен инспектор за труд од Одделение за безбедност и здравје …

Трудова инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга поради небезбедност за користење Read More »

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава


„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не …

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава Read More »

Пренџов бара да се испита улогата на вишата јавна обвинителка Вјолца Елмази


Пратеникот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Љупчо Пренџов, на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека треба да се испита улогата на вишата јавна обвинителка од Гостива, Вјолца Елмази како предложила делумно уважување на жалбата на осудениот Менсур Пајазити, кој доби казна затвор од две години откако во 2022 година ја прегази …

Пренџов бара да се испита улогата на вишата јавна обвинителка Вјолца Елмази Read More »

Едносменска настава има во 150 училишта, за да се опфатат сите во државава треба да се доградат 300 училници


 Сто и педесет училишта во државава во моментов имаат едносменска настава, информираше денеска ресорната министерка Весна Јаневска. Едносменската настава и продолжен престој на ученици и на наставници во училиштата е мерка на МОН што се спроведува како суштински предуслов за поквалитетно образование. Воведувањето едносменска настава е поврзана со процесот за оптимизација на училишната мрежа односно …

Едносменска настава има во 150 училишта, за да се опфатат сите во државава треба да се доградат 300 училници Read More »

Седум пациенти од Кочани денеска се враќаат од странство


Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.   Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.   Во болниците во земјава …

Седум пациенти од Кочани денеска се враќаат од странство Read More »

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените


Силно зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување, како основа за просперитет и одржливост, е програмски фокус на оваа Влада. Во рамки на реформите на образованието, со цел да одговори на барањата на пазарот на труд, посебно внимание посветуваме на зголемување на пристапот на девојчињата кон стручните знаења и вештини, затоа …

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените Read More »