„16 март“ и „Кој е следен“ со протестен марш на 15 ноември во Скопје


Здруженијата на граѓани „16 март“ и „Кој е следен“ најавија марш кој ќе се одржи на 15 ноември во Скопје. Како што објавија на социјалните мрежи маршот ќе почне на Плоштад Македонија и потоа преку Собранието ќе заврши кај Основниот кривичен суд. „Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка. Нашето прво доаѓање во […]

Градоначалникот Ѓорѓиевски вечерва ќе информира за акцијата за чистење на Скопје


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во 20 часот ќе информира за текот на акцијата за чистење на градот којашто завршува денес.  Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција.  Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски попладнево напиша дека во акцијата биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе […]

Јаневска: Учебниците се решен проблем, следната година нема да „прогледуваме низ прсти“


  Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања […]

МАНУ избра нови членови, еве кои се


На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите што се одржа на 7.11.2025 година во МАНУ беа избрани 2 редовни членови, 8 дописни членови, 4 членови надвор од работниот состав и 2 почесни членови. За редовни членови на МАНУ беа избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови беа […]

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид


Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови е измерена во Крушево. Следат Берово и Маврови Анови со 5 степени, 6 во Крива Паланка и Лазарополе, 7 Прилеп, Битола, Тетово, 8 Скопје–Петровец, Претор, 9 Кавадарци, Велес Виница, Штип, 10 Куманово, Скопје–Зајчев Рид и 11 степени во Гевгелија и во Струмица, соопшти УХМР. Согласно количината на врнежи […]

Државата наплати еден милион денари данок од донациите на „Support Kocani“


Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари. Во објавената видео информација на фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен […]

Астрономски календар


 Денеска е недела, 9 ноември 2025 година, 313-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 52 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 16 часот и 18 минути. Денов трае 10 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Плачеме на празен гроб, Бугарите да кажат каде е закопан Стив Наумов – бара внукот на народниот херој, Стефан Бошков


БИТОЛА – „Херојот Стив Наумов и жив и мртов беше страв и трепет за Бугарите – Бугарите да кажат каде е гробот на Стив Наумов, да однесиме цвеќе, да не плачеме на празен гроб“, бара внукот на народниот херој, битолчанецот Стефан Бошков во најновиот документарен филм посветен на Стеван Наумов-Стив. Долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив […]

Македонското здравство уште не може да си го преброи кадарот


Министерството за здравство сè уште пребројува колку кадар недостасува во болниците во јавносто здравство за да се има реална слика како да се респределува медицинскиот кадар. Министерот за здравство Азир Алиу признава дека има сериозен недостатот на здравствени работници во земјава. Колку вкупно лекари, сестри и техничари фалат низ болниците во Македонија, засега не се […]

Марш за ангелите: Ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот


 Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите. -Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — […]

Механизација влезе во коритото на Вардар – се чисти од наноси


Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот. Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан […]

Во Прилеп подарени 250 книги


колу 250 книги од различни жанрови им подари денеска на прилепчани во центарот на градот здружението за образование, култура и уметност „ЗОКУМ“ од Прилеп. Книгите ги подаруваа од Здружението и учениците од основните училишта „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Климент Охридски“ а по повод месецот на книгата – од 15 октомври до 15 ноември. Акција на подарување […]

Во Штип ќе се отвори првиот Центар за рехабилитација на лица со посебни потреби


 Штип ќе биде првиот град во кој ќе се отвори Центар за рехабилитација на лицата со посебни потреби. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за МИА потврди дека тендерската постапка за преадаптација на дел од просториите во Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ е во тек, а ја реализира ресорното министерство за социјална политика, демографија и млади. […]

Здравствените податоци на мобилен, а не со ќеси документи по лекарските врати


„Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 202, кој денес и утре се […]

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека законите важат подеднакво и за сегашни и за поранешни функционери. Според Трипуновски, нема никаква загрозеност по ИПАРД средствата ниту по националните плаќања што […]

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД


Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра.  Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични […]

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)  информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, […]

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Пожаране и Попова Шапка


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.  Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани […]

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите


На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови. МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани […]