Скинат кабел на ЕСМ го остави Студеничани без вода


Без вода за пиење во моментов е село Студеничани, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. -Поради скинат кабел од електрична енергија од страна на „ЕВН“, пумпата за снабдување со вода не работи поради немање струја. Прекинато водоснабдување имаат корисниците од село Студеничани од 18:30 часот, појаснуваат од претпријатието. Засегнатите ќе останат […]

Може да застари случајот со родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување


Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради оправдано отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар. На претходното рочиште, одржано во септември, тој бараше изземање на судечкиот судија, и на претседателите на Судот во Струга и […]

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари


Поради уличен дефект на улицата „Галичица 30“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Галичица, Гвадалахара, Јован Хаџи Шишко, Дринска и Јуриј Розентал. Водоснабдувањето, како што информира „Водовод и канализација“, ќе биде прекинато од 15:25 часот до санирање на дефектот. 

Наскоро во функција базените во Карпош, Битола и во Кичево


Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини. Изградени и реконструирани се над 30 мултифункционални спортски центри, изградена е атлетска патека во Гевгелија, целосно реконструирани се неколку спортски сали, а започна и постапката за изградба на три нови спортски сали – во Воената академија во Скопје, во општина Аеродром (кај ФФМ) и во […]

Утре, Саем за храна во скопскиот Градски парк


Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ утре во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи Саемот за храна „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”. Промовирани ќе бидат производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет. -Саемот за храна ќе понуди богат […]

Битолскиот Совет го прифати грантот од милион евра преку кредитот од ЕИБ


  БИТОЛА – Новиот Совет на Општина Битола деблокира големи инфраструктурни проекти за градот и го прифати грантот од владата од еден милион евра, како дел од кредитот од Европската инвестициска банка. На вонредна седница средствата од грантот се прифатени, а ќе бидат наменети за реконструкција на водоводни мрежи на седум локации во Општина Битола, […]

Му рекле дека ќе добие 50.000 евра, добил 400 и тогаш бил уапсен директорот на Агенцијата


  Министерството за внатрешни работи и обвинителството денеска дадоа детали за вчерашната акција во која, меѓу другите, беше уапсен и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството,  Илија Стоилев. Покрај него уапсени се уште четири лица. Денешните детали за акцијата прилично се разликуваат од вчерашните наводи што беа пренесени од медиумите. Најзвучното име од […]

Еколошки, чисти и климатизирани автобуси ветуваат приватните превозници од понеделник


Од понеделник 55 автобуси од приватните превозници се вклучуваат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до нова година ќе бидат вклучени уште 20 возила, што би требало да го подобри градскиот превоз во главниот град. Како што најави и Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, имаат еколошки автобуси, а се надева дека ќе се […]

Владата ќе именува повереници таму каде што не беа избрани градоначалници


Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници на локалните избори, но, откако Државната изборна комисија официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави информација до неа. За персонални имиња, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, се уште не се водени разговори со коалициските партнери. – Прво треба ДИК официјално да […]

За БРТ системот во Скопје ќе треба и нов мост на Вардар


  Воведувањето на железницата како дел од јавниот превоз и почетокот на БРТ системот претставуваат клучен чекор кон модерно и еколошко Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на увид на ремонтот на првата линија на градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје . „Овој систем ќе ја растовари гужвата, но уште […]

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје


 Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од  советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако […]

Има злоупотреби и во ИПАРД, Левица бара нов пристап во распределбата на парите


Последниот случај со апсење на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе под сомнение за земање мито само ги потврдува гласините дека за добивање на средства од ИПАРД фондовите се бара поткуп, стои во соопштението на Левица. -Стоилев е уапсен во […]

„Генералката“ ќе продолжи, не е маркетинг, уверува Ѓорѓиевски


 Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. „Генералката“ нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи во континуитет, буквално секој ден, порача денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во обраќањето на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна и дека акцијата за чистење што почна синоќа, не е маркетинг. […]

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби


Денес стоиме пред почеток на едно ново, убаво поглaвје за нашиот главен град. Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин со кој испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон […]

Од Зелениково до Железничка за 25 – од Драчево за 11 минути


  Перфектна синхронизација на градскиот воз и автобусите од градскиот сообраќај ќе треба да се направи за скопјани да имаат оптимални услови да стигнат од оддалеќените краеви на Скопје, до неговиот центар. Денеска во Драчево, директорот на Железници транспорт Синиша Ивановски, заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за транспорт и врски Александар […]

СДСМ: Стоилев фатен со рацетете во криминалот, дали така завршуваат и парите од ИПАРД фондовите?


СДСМ оцени денес дека цвета корупцијата во земјоделството и дека место напредок, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ во Агенцијата за земјоделство, Илија Стоилев, спроведувал рекет. -Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ, е фатен со обележани банкноти за мито, јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат […]

Багери влегоа во Вардариште


Од вчера попладнето, багери и тешка механизација влегоа во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре.  Со вклучени светла, по темница, се расчистуваше дел од Вардариште, депонијата заради која жители на Аеродром и Гази Баба, протестираа и затвораа крстосници 40 дена, затоа што честото потпалување на насобраното ѓубре предизвикуваше пожари, а чадот […]

Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави пи-ар трикови, смета СДСМ


Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари. а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо.   Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се […]

Променливо облачно со повремен дожд, температура до 17 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно […]