Утрово најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, измерени 5 степени


Утрово најстудено е во Маврови Анови и Лазарополе каде се измерени 5 степени, 6 степени има во Крушево, 8 во Крива Паланка, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Берово, 9 во Тетово, Куманово, Охрид, 10 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 11 во Скопје–Петровец, Велес, Демир Капија. Најмногу дожд има во Крива Паланка каде се измерени 9 […]

Наставниците по физичко од Кисела Вода на обука за работа со деца со посебни потреби


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари работна средба со деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски, на која се разговараше за унапредување на наставата по физичко образование во основните училишта и важноста на нејзината инклузивност. Како што информираа од Општина Кисела Вода, оваа средба претставува почеток на институционална соработка […]

„Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 – 1914“ – изложба на Државниот архив на Црна Гора


Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 – 1914“ која е подготвена од Државниот архив на Црна Гора. Како што соопшти нашиот Државен архив, изложбата содржи над 200 документи и фотографии кои ја прикажуваат работата на конзуларните претставништва на Црна Гора во Италија, […]

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров


Без струја изутринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.  Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина […]

Фото-изложба на EU4GREEN во Скопје „Најзелените примери од Западен Балкан“


Во Јавна соба денеска во 11 часот ќе биде отворена фото-изложбата EU4Green „Најзелените примери од Западен Балкан“, посветена на заштитата на животната средина и спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан. На изложбата ќе бидат претставени автентични фотографии создадени од аматерски фотографи од целиот регион, кои доловуваат инспиративни приказни за луѓе, иницијативи и предизвици што […]

Локални врнежи претпладне, до крајот на денот стабилизирање на времето


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 11 ноември 2025 година, 315-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 50 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 57 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Речиси 500 се избркани од тие што не доаѓале на работа – ќе треба и парите да ги вратат?


Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во […]

Корупцијата во Платежната агенција ќе ги избрка и тие што останаа во земјоделството


  БИТОЛА – Големиот корупциски скандал што го тресе македонското земјоделство, во кој директно е инволвиран првиот човек на Платежната агенција во државата, серизоно ја загрозува европската претпристапна помош за македонските земјоделци од 96 милиони евра, или со заедничкиот придонес од македонска страна тоа се вкупно 128 милиони евра, пари кои се или требаше да […]

Јованова – Грујовска: Mакедонскиот јазик ќе постои додека го употребуваме, најголем предизвик странските зборови


Македонскиот јазик и македонистиката иако веќе 80 години се проучува и се штити во македонската држава како службен јазик на македонскиот народ и на македонската држава, сепак, секогаш има предизвици. Во овој момент најголем предизвик ни е употребата на странските зборови и желбата на младите, модата да зборуваат на еден од светските јазици, изјави денеска […]

Герасимовски ќе отстранува дивопоставени објекти на плоштадот и Старата чаршија


Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија, соопштуваат од Општина Центар. „При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена. Доколку сопствениците не ги отстранат објектите […]

Зголемен интерес кај младите за наука – на располагање 773 милиони денари


Во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 773 милиони денари кои ќе се користат за научно – истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус […]

„Вкуси ја хармонијата на билките“: Фестивал на чај од 14 до 16 ноември во Скопје Сити мол


Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“, кој нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје […]

Во Струмица наврнаа 42 литра на метар квадратен


Четириесет и два литра на метар квадратен изнесувала количината врнежи во Струмица изминатите 24 часа, до седум утрово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Гевгелија изнесувала 36 литри на метар квадратен, 30 – Пожар – Радовиш, 29 – Претор, 26 – Битола, 24 – Крушево, 23 – Тополчани, 18-  Попова Шапка, Маврови Анови, 17 – […]

Проектот БАРИСТА-прва иницијатива за развој на бариста вештини по европски стандарди


Резултати од европскиот проект „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“ ќе бидат презентирани денеска во 17, 30 на настан во Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ. Од ИТЕМ најавија дека ќе бидат презентирани е-платформа за учење, наставна програма, тренинг материјали и Прирачник за Баристи, подготвени да се користат од […]

Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане


Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане.  Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.  Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на […]

Облачно, со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 10 ноември 2025 година, 314-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 51 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 16 часот и 17 минути. Денов трае 9 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје


Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.  (Видео) „Ѓубре офанзива“ во Скопје Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и […]

Градоначалникот Ѓорѓиевски информира за акцијата за чистење на Скопје (во живо)


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва информира за текот на акцијата за чистење на градот, на истекот на 72 часа од нејзиното започнување. Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција.