Милошоски: „Министер на СДСМ го опструира изборот на членови на ДИК“


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, обвинува дека владејачкото мнозинство планира да го опструира изборот на нови членови на ДИК. Тој објави на Фејсбук дека министер од редовите на СДСМ се јавил на неколку пратеници и побарал тие да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК, пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката …

Милошоски: „Министер на СДСМ го опструира изборот на членови на ДИК“ Read More »

На шест до осум локации ќе се градат мали системи за наводнување


На шест до осум локации со големина од околу 300 хектари ќе се градат мали системи за наводнување преку проект финансиран од Европската унија. Со овие системи кои ќе бидат со ниски трошоци се очекува да се зголеми конкуретноста на земјоделството, да се одржат приходите во овој сектор и да се ублажат негативните ефекти од …

На шест до осум локации ќе се градат мали системи за наводнување Read More »

Двајца адвокати – кандидати за Советот на обвинители


Ангел Солев и Ангеле Илиевски, адвокати од Скопје се кандидати за нови членови на Советот на јавни обвинители. Овие предлози се очекуваше денеска да ги потврди собраниската Комисија за избори и именувања, ама точката беше тргната од дневен ред, поради немање кворум. Инаку Солев е поранешен судија, додека Илиевски го застапуваше Зоран Верушевски во случајот …

Двајца адвокати – кандидати за Советот на обвинители Read More »

Се градат пристапни рампи во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“


Општина Карпош денеска почна да гради пристапни рампи за лица со посебни потреби во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош” во населбата Карпош 1. Предвидено е да се изградат пет рампи, четири ќе бидат поставени на влезовите на објектот, а една во внатрешниот дел во училиштето.

Османи: Со швајцарски искуства до ефикасна примена на законот за јазиците


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаше средба со заменик државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг. На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, особено континуираната финансиска поддршка од страна на Швајцарија, како една од првите и најдолгорочните земји донатори во развојот …

Османи: Со швајцарски искуства до ефикасна примена на законот за јазиците Read More »

Собранието ги изласа измените на Законот за ПИОМ


Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, …

Собранието ги изласа измените на Законот за ПИОМ Read More »

АХВ: Македонија до 2021. од увозник да стане извозник на свињи и месо


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презема активности Македонија да стекне статус на земја слободна од заразната болест – класична чума кај свињите и до 2021 година да почне да извезува свежо свинско месо, вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски. На денешната работилница „Унапредување на системот за идентификација и регистрација на животни од видот свињи“ …

АХВ: Македонија до 2021. од увозник да стане извозник на свињи и месо Read More »

Средба Заев-Чаба: Канада ја поддржува Македонија за интеграција во НАТО


НАТО интеграциите на Македонија ќе бидат значаен придонес кон стабилноста и безбедноста во државата, но и на целиот регион, истакнале на денешната средба премиерот Зоран Заев и канадската амбасадорка за Македонија Кетлин Чаба. – Канадската амбасадорка Чаба ги поздрави чекорите на стабилност што ги направија премиерот Заев и новата Влада по политичката криза во земјата, …

Средба Заев-Чаба: Канада ја поддржува Македонија за интеграција во НАТО Read More »

Се отстрануваат таблите на автопатот со името „Александар Македонски“


ЈП „Македонија пат“ на терен ги повлекува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10, а кои согласно одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката …

Се отстрануваат таблите на автопатот со името „Александар Македонски“ Read More »

Роза Топузовска – Каревска доби отпремнина поради заминување во пензија


Петмина од осум членови на ДИК кои поднесоа оставки ќе одат на апанажа, одлучи денеска собраниската Комисија за избори и именување. Апанажа во траење од една година добија поранешниот птретседател на ДИК, Александар Чикаковски, членовите од СДСМ Виолета Дума (иако исполнува услови за бензија) и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од …

Роза Топузовска – Каревска доби отпремнина поради заминување во пензија Read More »

Градоначалникот на Радовиш се предомисли, нема да купува фигара


Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов го поништи тендерот за набавка на фигара за коса, кои планираше да ги дели како осмомартовски подароци на жените вработени во Општината и во Советот. Само еден ден откако го објави огласот за набавка на фигарата, Општината го поништи огласот. „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот …

Градоначалникот на Радовиш се предомисли, нема да купува фигара Read More »

Грчки медиуми: „Бомба“ од Заев – за идентитетот не се преговара


Оптимизмот од македонскиот премиер за решение на името до јули и изјавата дека идентитетот не е една од седумте точки за кои што се преговара, не останаа незабележани од грчките медиуми. „Бомба од Заев“ и „Заев откри дека за идентитетот не се преговара“, се главните коментари во текстовите на новинарите во Грција, по интервјуто на …

Грчки медиуми: „Бомба“ од Заев – за идентитетот не се преговара Read More »

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“


Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. …

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“ Read More »

Државен правобранител предложен за Уставен судија


Насер Ајдари, државен правобранител на Македонија е предложен за нов член на Уставниот суд. Тој предлог требаше денеска да го одобри собраниската комисија за избори и именувања пред да оди на пленарна седница во парламентот, ама точката беше тргната од дневен ред поради немање кворум. Според информациите, Ајдари во 2013 година за време на владеењето …

Државен правобранител предложен за Уставен судија Read More »

Гаши и Тачи на пат да формираат пратеничка група


Битката меѓу скопското и тетовското крило на Беса ќе продолжи и по нивните конгреси. Откако скопското крило со мнозинство гласови го избра Африм Гаши за нов лидер на движење Беса, со реакција се јави тетовската фракција на оваа партија, односно делот што е контролиран од Билал Касами. За нив, одржаниот конгрес на Гаши не е …

Гаши и Тачи на пат да формираат пратеничка група Read More »

Signs by the roadside


Suncica Stojanovska Zoksimovska To take children from parents for abusing them, put them under the protection of the state in order to make decent people out of them, and to plunge into a vicious circle of sexual abuse, prostitution or human trafficking, shows a complete collapse of the entire state system, which, as rule, fails …

Signs by the roadside Read More »

Се основа клуб на експерти во Стопанска комора


Клуб на консултанти/експерти, кој ќе обединува експерти од повеќе различни области, вклучувајќи ги помеѓу останатото енергетиката, индустријата и инфраструктурата, ќе почне да функционира во Стопанската комора на Македонија. Активностите на новиот клуб ќе бидат презентирани денеска на работна средба во Стопанската комора, на која ќе присуствува вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Основањето на клубот …

Се основа клуб на експерти во Стопанска комора Read More »

Хистерија или десничарска симфонија за името


– Спорот со Грција бил отсекогаш извор на политички профит. Оној што се става во одбрана на името добива дивиденда, додека оној што се залага за компромис е стигматизиран. Ова според универзитетскиот професор Денко Малески, првиот шеф на македонската дипломатија, е главната линија на поделба во македонското општество во однос на долгогодишниот билатерален проблем, кој …

Хистерија или десничарска симфонија за името Read More »

Продолжуваат судењата за нападот врз Села и за „Труст“


По сведочењето на пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година денеска во Кривичниот суд треба да го продолжи судењето на обвинетите за обидот за негово убиство. Села вчера даде исказ за случувањата во Собранието. Кажа дека во прес-салата бил удрен со …

Продолжуваат судењата за нападот врз Села и за „Труст“ Read More »