Дали е доволен само бон-тон за поцивилизиран парламент?


Пратениците смеат да примаат само протоколарни подароци во вредност до 150 евра. Не им е дозволено да склучуваат договори за дејствување или гласање со трето лице или правен субјект и треба да водат сметка да не бидат изложени на ситуации кои можат да бидат поврзани со корупција. Пратеник кој ќе заклучи дека се соочува со […]

Грчки медиуми: Решението во рацете на Заев и Ципрас


Изјавата на медијаторот Метју Нимиц по вчерашната шестчасовна средба со шефовите на македонската и грчката дипломатија, ја пренесуваат медиумите во Грција, со коментар дека топката и решението сега се во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. „Средба Ципрас – Заев: Нов прозорец за решение“; „Скопското прашање: Палката во рацете на премиерите“; „По шестчасовната […]

Џафери: Законот за јазиците ќе го пратам до Службен весник во соодветно време


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вели дека законот за употреба на јазиците ќе го прати до Службен весник на РМ кога ќе процени дека е соодветно време, но не прецизира кога тоа би можело да се случи. – Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на законот за јазици, сметам […]

Гаши: Можен влез на Движење Беса во Владата


Африм Гаши, преседател на скопското крило Движењето Беса, кој синоќа беше на средби со партиски членови и симпатизери во Кичево, најави дека партијата наскоро би можела да стане дел од, како што посочи, реформската Влада на премиерот Зоран Заев. – Ова се случува зато што Македонја се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент […]

Внатрешната контрола на МВР го испитува инцидентот во „Подгорски ан“


Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го истражува инцидентот кој се случи во петокот во угостителскиот локал „Подгорски ан“, во близина на Колешинските водопади, бидејќи во инцидентот се инволвирани нивни вработени. Како што ексклузивно дознава правосудство.мк вработените во СВКПС ги прегледале снимките од безбедносните камери на објетотот и […]

Уапсени 13 Албанци за трговија со дрога преку Македонија, Грција, Италија и Турција


Албанската полиција денеска соопшти дека во соработка со Обвинителството за тешки кривични дела разбила меѓународен синџир за трговија со кокаин, хероин и марихуана во западно европските земји. Според полицијата уапсени се 13 Албанци, а петмина од групата се веќе в затвор, од кои четворица во Турција и еден во Македонија. Водач на групата бил Мет […]

Нимиц: На 17 мај средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија


Следната седмица на 17 мај во Софија, ќе се сретнат македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, ова е пораката и веста од медијаторот Нимиц по средбата со шефовите на двете дипломатии. – Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензична. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе […]

Ангелов: Денешната средба ќе одигра клучна улога за перспективата за решение во следниот период


Средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц ќе игра клучна улога во перспективата за решение во следниот период, вели Дарко Ангелов, македонскиот амбасадор во Атина,  за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“, во однос на новата рунда разговори. Ангелов вели дека постои напредок во преговорите, кои на ниво на министри за надворешни работи се интензивирани […]

Касами се откажува, нема да биде дел од Владата


Движењето Беса предводено од Билал Касами соопшти дека од денес ги прекинува сите разговори со премиерот Зоран Заев за влез во Владата. „Овој процес на преговори продолжува повеќе од четири месеци без конкретен епилог, ние го цениме дека сите временски ограничувања се надминати. Движењето Беса не сакаа да остане заложник на техничките календари на парламентарното мнозинство. […]

Цвеќарите на Бит-пазар оставени да венеат


Четиринаесет тезги сместени на неколку квадратни метри зад Поликлиниката „Битпазар“. Тоа е новиот Цветен пазар во овој дел од градот откако стариот е дислоциран покрај булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Тезгаџиите никако да се помират со ситуацијата, тврдат дека прометот им е намален за десет до дваесет пати, а трошоците им се исти, па дури и […]

„Та неа“: Договор за спорот со името сега, комплетирање за две години


Постигнување договор сега и постепено комплетирање за две години се двете карактеристики на сценариото што се наоѓа на маса кое го објавува саботното издание на грчкиот весник „Та неа“. – При првото читање, најважниот елемент на оваа верзија на договорот е појавувањето на намерата на соседите да го прифатат за севкупна употреба (ерга омнес) името […]

Иванов: Турција принципиелно го користи нашето уставно име и пресудата од Хаг


Наместо да констатираме проблеми, треба да нудиме креативни решенија, истакнал претседателот Ѓорге Иванов  на денешниот Глобален форум за лидерство што се одржува на Универзитетот „Бахчишехир“ во Истанбул. Во своето обраќање тој посочил  неколку предлози со кои би се подобрил светскиот поредок. Покрај потребата од нова глобална етика, Иванов ја посочил и потребата од отворена дебата […]

Какво време не очекува утре?


Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува за утре УХМР. Како што соопшти, локално процесите се очекува да бидат поинтензивни. – Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Струмичанец нападнат од група со која бил Митко Чавков, потврди МВР


МВР го потврди настанот во кој струмичанец синоќа пријавил дека бил нападнат од четири лица, кои биле заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков во ресторанот „Подгорски ан“ кај селото Габрово. Според МВР, вчера во 18:40 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С. (44) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 18 часот бил […]

Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио


Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина. Димитров и Коѕијас, со посредство на Нимиц, […]

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за „цементирање“ на пратеничкиот имунитет


Имунитетот на пратениците да се одзема со двотретинско мнозинство гласови и да се остави простор за негова реституција, односно за враќање. Тоа, според наши информации, е еден од предлозите за кои не можат да најдат заеднички јазик парламентарните партии во работната група за измените на собранискиот Деловник, за кои ќе се дискутира на претстојната средба […]

Над 10.000 сообраќајки годишно се решаваат со Европски извештај


Меѓу 10 и 16 илјади сообраќајни несреќи годишно во изминатите шест години се решени преку примена на Европски извештај. Бројот на несреќи решен на ваков начин, откако се применува Европскиот извештај во Македонија, од година во година се зголемува. Граѓаните во поголем дел го прифаќаат кај сообраќајките со мала штета, иако има и такви со […]

Сончево, попладне повремен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе биде седум. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од сверен правец. Температурата ќе се […]

Димитров и Коѕијас во Сунио на средба со Нимиц


Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Сунио, во близина на Атина, ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц во нов обид да ги приближат ставовите за спорните прашања во преговорите за  името, а во пресрет на најавената средба меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, на […]

Коѕијас: Со Димитров повикани сме да решиме проблем што не го создадовме


Кога ќе има имаме договор и правна ратификација на истиот, тогаш ќе се отвори патот кон ЕУ, вели шефот на грчката дипломатија во одговор на прашањето на МИА, на прес конференцијата по завршувањето на состанокот за иднината на Европа, што денеска се одржа во Сунио. – Мислам дека од моментот кога ќе се договориме и […]