Мета: Посакувам први октомври да отвори нова перспектива во евроатланската интеграција на Македонија


Албанскиот претседарел Илир Мета на денешната средба во Тирана, со министерот за култура на Македонија Асаф Адеми, честитајќи ја 27 годишнината од независноста на Македонија, посака успешен референдум на 30 септември. – Посакувам први октомври да отвори нова перспектива во европската и евроатланската интеграција на Македонија, за подобра иднина на сите граѓани во земјата, изјави […]

Заев за 27 април: Ни се закануваа дека ќе не убијат


Ни се закануваа дека ќе не убијат. Безмалку два часа трпевме физички и вербални напади. Бевме раскрварени од удари и по главата и по телото, изјави премиерот Зоран Заев во Кривичниот суд во Скопје, сведочејќи за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија. На директни прашања од обвинителката Вилма Рускоска Заев […]

Заев в четврток ќе се обрати пред Европскиот Парламент


Премиерот Зоран Заев в четврток 13 септември во 11 часот и 45 минути ќе се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во Стразбур. Два дена пред тоа, Европскиот Парламент ќе одржи дебата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на тема „иднината на Европа“. Истиот ден попладне, европратеници ќе дебатираат на истата тема и со унгарскиот […]

Османи: Очекувам успешност на референдумот, граѓаните ја сфатија сериозноста


Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во проширување на ЕУ има фундаментално значење за успешност на процесот, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со сенатор во францускиот Сенат и претставник на француските државјани кои живеат надвор од Франција Оливие Кадик. Како што соопштија […]

Мемеди е убеден дека постои сценарио за настаните од 27 април во Собранието


Претеникот Весел Мемеди кој во Кривичен суд сведочи за настаните од 27 април во Собранието рече дека додека Зекирија Ибраими од БЕСА ја пеел албанската химна добил порака од пријател со содржина „што прави овој и дали е нормален“ на што одговорил дека „не е од тука и дека сето ова е сценарио“. – За […]

Кривичен побара разрешување на Даштевски од Комисијата за заштита од дискриминација


Основниот суд Скопје 1 во вторникот покрена иницијатива до Собранието на Република Македонија за разрешување на Александар Даштевски од претседателското место во Комисијата за заштита од дискриминација. Барањето, како што информира претседателот на судот, Иван Џолев, на денешната средба со новинари, е поднесено поради злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата. Поради […]

Мицкоски: Референдумското прашање создава забуна кај граѓаните


За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција и со него дополнително државата се става во незавидна ситуација, а референдумското прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните. Ваква порака му пренел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е во посета на Македонија. На средбата, како што […]

По три часа распит заврши сведочењето на Никола Тодоров во случајот „27 април“


По повеќе од три часа заврши сведочењето на поранешниот пратеник Никола Тодоров во Кривичниот суд во Скопје за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија. Тодоров прво одговараше на директни прашања од обвинителката Вилма Русковска. Објасни што се случувало во Собранието на 27 април, по што одговараше на вкрстени прашања од […]

Средба Ахмети-Курц: Поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со премиерот на Австрија Себастијан Курц, кој престојува во официјална посета на Македонија. Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата […]

Зоран Ангеловски избран за директор на ОТА


Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА). Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години. Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор […]

Оливера Трајковска во „бомбите“ за Мијалков


Со слушање на 35 дополнителни аудио снимки, судењето по предметот „Тортура“ на СЈО, ќе продолжи на 20 септември, на кое по барање на обвинителката Лиле Стефановска, јавноста ќе биде исклучена поради можна повреда на приватноста. Денеска во судот се слушнаа „бомби“ како докази на СЈО, во кои се слушаше гласот на поранешниот директор на УБК […]

Џафери: Кампањата ќе биде транспарентна


Пратениците ја почнуваат кампањата за референдумот закажан за 30 септември. Денеска се одржува последната седница пред одржување на референдумот, а активностите се очекува да започнат од понеделник. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција пред отпочнување на кампањата рече дека самото прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот […]

Филипче за „Независен“: Ќе се пролонгира рокот за Клинички


Каде точно ќе се гради новиот Клинички центар сè уште не се знае. Министерот за здравство Венко Филипче за „Независен весник“ открива дека се прави проверка и анализа на земјиштето со цел да определи, како што рече, чисто државно земјиште за да не се навлезе во процес на експропријација. За анализа на земјиштето формирана е […]

Тодоров му го спасил животот на Села


Никола Тодоров, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска сведочи во Кривичен суд за немилите настани во Собранието кажа дека на 27 април за да може да го изнесат со амбулантно возило повредениот пратеник Зијадин Села го маскирале во полицаец, а Радмила Шекеринска во докторка. На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, објасни дека на 27 април бил […]

Заев до Курц: Извини за знамето


Владата на Република Македонија упати извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија. „Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на […]

Мијалков не сака „бомби“ со негов глас


Со изведување на докази на Специјалното јавно обвинителство, односно видео и аудио снимки, денеска продолжи судењето за предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски. Бранителот Љупчо Шврговски побара воопшто да не се пушта снимка од разговорот меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ-Латас со образложение дека се нарушува приватноста на Мијалков и дополнително побара да се […]

Курц: Гласајте „за“ договорот и „„за“ европска перспектива на Македонија


Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион. Го поздравувам постигнатиот компромис и ги повикувам граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев. – Тоа […]

Коѕијас: Имаме мнозинство за договорот


Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервјуто за радиото „Реал фм“. Грчкиот министер објаснува дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка […]

Заев и Спасовски ќе сведочат за случувањата во Собранието на 27 април


Со сослушување на сведоци предложени од обвинителството во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани четворица сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Вејсел Мемеди […]

Сончево, со мала доумерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од 8 до 18, а дневната од 26 до 34 степени Целзиусови. […]