Ќе „извиси“ ли референдумот !?


Уставниот суд е пред тешка одлука од која, практично, зависи дали ќе продолжи референдумската кампања и дали ќе се гласа на 30 септември или ќе настане политички хаос во државата. Деветтемина уставни судии утре теба да се изјаснат околу три иницијативи за оценување на уставноста на Одлуката за распишување на референдумот, што, според информациите, се […]

Поголема цевка ќе донесе вода на високите згради во Аеродром и Кисела Вода


Промена на водоводна цевка која ги поврзува општините Аеродром и Кисела Вода ќе го реши проблемот со водоснабдувањето на високите зони во овие општини. Градоначалникот Петре Шилегов и директорот на „Водовод и канализација“, Душко Весковски, вчера информираа дека прекините во водоснабдувањето во повисоките згради во овие делови од градот, особено во летниот период, ќе бидат […]

Најбогатиот Македонец сака да остане најбогат


Орце Камчев, бизнисменот кој реномираниот економски магазин „Форбс“ го прогласи за најбогат Македонец и кој направи бизнис империја за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, излезе во јавноста со интервју за интернет магазинот „Фактор“ со кое директно ѝ се додворува на новата власт. Пред референдумот, тој го нарекува премиерот Зоран Заев најхрабар лидер и најавува дека […]

Заев: Сакаме пријателство со Русија


„Немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. Точно е тоа дека не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија, но таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западен Балкан“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. […]

Хан: На 30 септември ја определувате својата иднина (ВИДЕО)


„На 30 септември имате единствена можност да ја определите својата иднина. Тоа е можност што се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има влијание врз граѓаните, нивните деца и на идните генерации кои се уште не се ни родени. Референдумот е уникатна можност да се донесе важна одлука со далекусежни последици“, порача еврокомесарот Јоханес Хан […]

Хајко Мас: Не можам да си замислам подобар момент за посета


Претстојниот референдум претставува одлучувачки патоказ за натамошниот пат на земјата кон ЕУ, но сепак Македонците се тие кои треба сами да одлучат во која насока ќе се движат, вели шефот на германската дипломатија Хајко Мас во интервју за МИА непосредно пред неговата денешна посета на Македонија. – Не можам да си замислам подобар момент за […]

Осум милиони долари за борба против руските лажни вести


Неприродно е таму каде што големите сили имаат интерес, да не пуштаат пипала и да не се мешаат во сферите на општеството што можат да влијаат врз мислењето на граѓаните. Вака поранешниот разузнавач, Владимир Пивоваров, ги коментира најновите обвинувања од високи политичари и од медиумите во САД, според кои Русија со дезинформации и со други […]

Во Германија ќе се вози со македонски возачки дозволи


Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи. Таквата можност  е предвидена со Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи, што ќе […]

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тенк“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според СЈО, тие во 2012/2013 година ги пречекориле […]

Гасоводот низ Водно за експертите на вистинско место, за граѓаните одземање на белите дробови на Скопје


Изградбата на магистралниот гасовод од Скопје кон Гостивар со крак кон Тетово низ Водно предизвика широки полемики во јавноста. Експертите и Владата сметаат дека се гради токму таму каде што треба, а невладините организации, пак, порачуваат дека со изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно се одземаат белите дробови на градот. По сугестиите на невладините […]

Доброште – пример за соживот и меѓусебно разбирање


Убави, модерни куќи, две џамии и една црква, асфалтирани улици, плевни, реновирано школо, нов парк на кој може да му позавидат градовите од околината. Провејува мирис на стока. Одвреме – навреме се слуша детски џагор. Ваков е првиот впечаток за селото Доброште, лоцирано во пазувите на Шар Планина, на надморска висина од речиси 600 метри. […]

Сончево, со слаб ветер


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. УВ индексот ќе изнесува 6. Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 25 до 31 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со […]

Заев од Охрид: По примерот на „Билјана платно белеше“ сите ние да го обелиме образот на Македонија


Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа, па од балкански да биде прогласен за европски Ерусалим, По примерот на „Билјана платно белеше„“ сите ние да го обелиме образот на нашата Македонија. На 30 септември масовно гласаме „за“ заедно да одиме напред, „за“ европска Македонија и европски Охрид, порача вечерва претседателот на Владата Зоран Заев […]

(Видео) Хан од Штип: Јас сум убеден дека исходот од референдумот ќе биде позитивен


Еврокомесарот Јоханес Хан пред граѓаните на Штип на денешнава дебата која е дел од караванот на ЕУ порача дека е оптимист оти референдумот на 30-ти септември ќе биде успешен, а граѓаните ќе излезат и ќе го дадат свој глас. Забележа дека се работи за одлука на граѓаните кои треба самите да ја донесат, а ги […]

Иванов: Македонското интегрирање во ЕУ и НАТО ќе придонесе за стабилноста на регионот


Македонското интегрирање во евроатлантските структури ќе придонесе за стабилност, просперитет и отвореност на целиот регион, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на средбата со  министерката за одбрана на Италијанската Република, Елизабета Трента, притоа нагласувајќи ја важноста за продолжување на италијанската поддршка во однос на нашето членство во ЕУ и НАТО. Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, на средбата било разговарано […]

Поповски: Опозицијата ги попречува медиумските реформи, вклучувајќи ја и борбата против лажните вести


Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија Роберт Поповски, денеска оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир, во придружба на новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која. Претставниците на ОБСЕ, како што информираат од владината прес-служба, на состанокот покажале интерес […]

Новиот руски амбасадор Баздникин му ги предаде акредитивите на Димитров


Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин, денеска ги предаде копиите на акредитивните писма на министерот за надворешни работи Никола Димитров. – Посакувајќи му успех во извршувањето на одговорната функција на амбасадорот Баздникин, министерот Димитров подвлече дека Република Македонија, стратегиски ориентирана кон евроатлантските интеграции, придава значење и на натамошно унапредување […]

Лажниот принц на Црна Гора и Македонија се сретнал со Заев


Премиерот Зоран Заев оствари средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој минатата година беше разоткриен дека лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Тој со лажниот индентитет со години живеел на сметка на голем број италијански и светски џетсетери. Италијанската полиција успеала да го приведе лажниот принц на Црна Гора и Македонија […]

Туск: Никогаш не ја пропуштајте можноста кога ќе ве повикаат да гласате


Пред 30 години ни се укажа можност и покрај верувањата на малкумина дека е невозможно нешто да се смени, ние ги мобилизиравме нашите пријатели и гласавме за таа промена. Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ, објави денес на својот „Твитер“ профил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој преку видео порака […]

Шефот на германската дипломатија Мас во официјална посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како што соопшти МНР, Мас доаѓа во возвратна посета на Македонија по јунската средба со министерот Димитров во Берлин и на само 10 дена по […]