(ФОТО) Од приватен двор во Лисиче подигнати 100 кубни метри отпад


Вкупно сто кубни метри отпад беа подигнати и транспортирани од приватен двор во населбата Лисиче, во рамките на петдневната акција што ја спроведе ЈП „Комунална хигиена“.

– Целосно е отстранета дивата депонија, составена од огромно количество мешан комунален, градежен и кабаст отпад, а локацијата е комплетно исчистена. Во расчистувањето на дивата депонија лоцирана на улицата Блажо Орландиќ, дневно беа ангажирани по десет работници на ЈП „Комунална хигиена“, отпадот се подигнуваше со втоварувач, а се транспортираше со три специјални комунални возила – велат од Град Скопје.

Акцијата се одвиваше во координација со Инспекторат на Град Скопје.