Осми „Марш за ангелите“ во Кочани
Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута во Кочани, односно од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани. …