Круме Ристовски, татко на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?


Со писмо до јавноста во кое посочува дека нивното семејство живее и понатаму со неправда, се обрати Круме Ристовски, таткото на 22 годишната Теодора која во 2022 почина откако прегазена на пешачки премин.  Четириест и девет- годишниот возач Менсур Пајазити, беше осуден на две години затвори за смртта на Теодора, па таткото Круме пишува дека […]

Без вода утре корисници во Карпош


Поради уличен дефект на ул. „Нобелова“, крстосница со ул. „Хелсинки“, утре од 9 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Нобелова“, „Виенска“, дел од „Хелсинки“ и дел од „Лондонска, сппшшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.  Прекинот во снабдувањето со вода ќе трае до завршување на активностите за отстранување на дефектот.

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година


Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.   Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат […]

До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража


Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура и катна гаража“. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. […]

Автомобил заврши во реката Треска, нема повредени


Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦУК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало од пат и завршило во реката Треска, во близина на езерото Матка. -Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви, велат од ЦУК. По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно […]

Објавен првиот том од првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Објавен е првиот том од првиот „Македонскиот етимолошки речник“  (А-Ж) од професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и автор на Речникот. На 650 страници се обработени осум букви (А-Ж), со импозантен број на обработени заглавни зборови – 2.351 одредница, а ако се додадат етимолошките и деривациските […]

Весна Јаневска најавува „ѕид на срамот“ како алатка за борба против плагијаторството


    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на брифинг со новинарите рече дека софтверот Плагијати.мк, е застарен, а во план е догодина да се воведе т.н. „ѕид на срамот“, на кој јавно ќе се објавуваат плагијатите од дипломски до магистерски трудови.   Со новиот Закон за високо образование, и по изборот во редовно […]

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари


Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел од реализираните проекти на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во рамките на процесот на реконструкција и набавка на нова опрема. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорката на […]

Дополнителни 12 милиони евра за чистење на малата депонија на ОХИС


Денеска беше потпишано продолжување на договорот за партнерство меѓу Владата на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан лоцирана во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Продолжувањето на договорот обезбедува дополнителни 12 милиони евра финансиски средства, обезбедени од Владата преку Генералниот секретаријат на […]

Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар


Со богата програма за најмладите почна предновогодишното расположение на Боемска. Во утринските часови децата уживаа во настапите на училишните хорови и Златните славејчиња, како и во магични шоу изведби. Дедо Мраз им подели пакетчиња, а градоначалникот Горан Герасимовски им упати топли честитки за претстојните празници, информираат од Општина Центар. „Овие моменти се посветени пред се […]

Собранието го донесе Законот за Судски совет


  Собранието денеска со 73 гласа „за“и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судски совет. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател […]

Игор Станишев најдобар пожарникар, Кристијан Стефановски најдобар полицаец во Скопје


Игор Станишев е прогласен за најдобар пожарникар, а Кристијан Стефановски најдобар полицаец во Скопје.  Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на градот за 2025 година. Со оваа свеченост се оддаде признание на исклучителните луѓе чија посветеност, храброст и човечност го прават Скопје поубаво и посигурно […]

Свиркач пријавил до СДСМ злоупотреби во Пошта од 300.000 евра годишно


  Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата и криминалот, а до Антикорупцискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави, генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција . Тој денеска наведе дека од свиркач била пријавена организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно во Пошта преку договорот со фирмата „БС Клининг“ ДООЕЛ. Свиркачот е […]

Планот за модернизација на МРТ како и ребалансот го помина комисискиот филтер во Собранието


Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ги усвои точките поврзани со финансиските планови и инвестиционите програми на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија (МРТ) и ќе бидат доставени до пратениците за понатамошна процедура. Претседателот на Програмскиот совет на МРТ Давор Пашовски пред Комисијата го образложи ребалансот на финансискиот план за 2025 […]

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци


Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот […]

Планираното зголемување на платите на наставниците ќе биде дополнителен мотив


Повисоки плати за наставниците од март идната година ќе почнат да го добиваат договореното зголемување, кое ќе се движи од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите. Како што посочи Јаневска, покачувањето претставува силен мотив за наставниот кадар и резултат на процес […]

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер


Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе […]

„Љубојна“ ги расположи паланчани предновогодишно – одлична атмосфера и покрај ниските температиури


Во духот на новогодишните празници и традицијата на дарување, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, неделното утро го помина со најмладите од  Ромското маало и им донесе голема  радост и многу искрени насмевки. Заедно со Дедо Мраз, беа поделени новогодишни пакетчиња на најмладите, кои со искрена детска возбуда ја пречекаа празничната посета. Насмевките на […]

Мајка на починато момче во „Пулс“: Брат му се обвинува што не го спасил


Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прва сведочеше мајката на починатиот 24-годишен Андреј, која низ солзи одговараше на прашања од Обвинителството. Пред таа кобна […]