Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила


 Грчкиот премин Ники (Меџитлија) е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  Како што информираат од АМСМ, затворањето на сообраќајот ќе биде од 10:00 до 16:00 часот. 

Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“, судијката најави построги мерки


 Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка. На почетокот на денешното рочиште, судијата Дијана Груевска Илиевска, информираше дека Судот добил известување дека во келијата на Јованов, […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведочат застапниците на оштетените


Во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочаниската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат законските застапници на оштетените во случајот, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, сопственик на соседен авто-лимарски сервис сведочеше за реновирањето на објектот и […]

Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени


Утрово во земјава e ведро и многу студено, најниска температура е измерена во Крушево – 8 степени, а во Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка – 7. Во Тетово, Пожаране и Берово измерени се -6, во Претор, Охрид и Попова Шапка -5, – 4 во Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарц и Куманово, -2 […]

Без струја неколку улици во Скопје


Без струја денеска од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата 27 во Белимбегово и од 9 до 15 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија во општина Илинден. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека без електрична енергија во периодот од […]

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет


Собранието денеска ќе го разгледува дополнетиот предлог на Законот за Судскиот совет во второ читање. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател […]

Сончево и студено време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два степени, а максималната ќе достигне од пет до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала […]

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 12 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин. АМСМ препорачува прилагодена брзина на […]

„Вечер под ѕвездите“ – голема предновогодишна забава во Центар


Општина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи утре, 29 декември, на Боемска 1, во Дебар Маало. „Ветувам добро и незаборавно расположение. Подготвивме богата програма за сите генерации – од утринските, па сè до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на […]

Маџир Маало утре од 10:30 часот без вода


Поради изведување на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од н.Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.

Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија)


Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците. На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 11-тата Дедомразовска трка. Стотици учесници облечени како Дедо Мраз  трчаа два километри низ градот. Глетката предизвика смеа и воодушевување кај граѓаните од сите генерации. Како што соопштија организаторите „Прв до врв“, сите […]

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун


 На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот од околу еден тон. Семејството Благадушески во Новата година ќе влезe без покрив над главата и без целиот макотрпен труд со тутунот. Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби […]

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони


Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците кои од 1 декември […]

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар


Бистата на народниот херој Вера Јоциќ била украдена од Градскиот парк во скопската Општина Центар, соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР). Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот на околу 150 метри од Владата на РСМ. Според полицискиот билтен, завчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено […]

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка


 Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6  степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, […]

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето


Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во […]

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност


Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 28 декември 2025 година, 362-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 3 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Кирил Темков, филозоф и етичар, почина на 82 години


  Кирил Темков, едно од најпознатите имиња во интелектуалниот свет на Македонија многу децении, филозоф и етичар, почина денеска во Скопје на 82 години. Генерации студенти на Филозофскиот факултет ја добија својата наобразба под своевидното менторство на Темков, на кои им претставуваше, па дури и всадуваше што значи етиката во нивниот ангажман, а и во […]

Родителите од Кочани на уште еден протестен марш. Новата година ќе дојде без нивните чеда


  Во Кочани денеска се одржа 35. „Марш за ангелите“ на родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На маршот се обратија некои од родителите.  Таткото на загинатата Надица Наунова, која утре требаше да го слави 18 роденден. Таткото во емотивен и потресен говор ја искажа неописливата болка во која сега живее неговото […]