(ВИДЕО) И Талат Џафери не гласал, го немало на избирачки список


Точно е дека не можев да го искористам демократското право. Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно. Се надевам се работи за изолиран случај и дека немало слични случаи. Гласот е еднаков, како мојот така и на сите граѓани – претседателот на Собранието Талат Џафери. …

(ВИДЕО) И Талат Џафери не гласал, го немало на избирачки список Read More »

Левица: Референдумот официјално е неуспешен, ги повикуваме граѓаните на прослава


Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине, велат од Левица по денешното референдумско изјаснување. „Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во Отпорот спрема империјализмот …

Левица: Референдумот официјално е неуспешен, ги повикуваме граѓаните на прослава Read More »

(ВИДЕО) Ако уставните измени не поминат во Собрание, Заев најави избори 


Доколку уставните измени не го обезбедат двотретинското мнозинство во Собранието, премиерот зоран Заев најави предвремени парламентарни избори. Денешниот ден го оцени како успешен и им честиташе на граѓаните кои излегоа да го остварат своето граѓанско право и да гласаат на референдумот. – Волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори …

(ВИДЕО) Ако уставните измени не поминат во Собрание, Заев најави избори  Read More »

ДИК: На референдумот до 18.30 часот излегле 623.147 граѓани


Според официјалните информации на ДИК до 18:30 часот на гласање изнесува 34,76 отсто. Ова се информации од обработени податоци од 84,83 општински изборни комисии, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. Генералната оценка на ДИК е дека референдумскиот ден поминал мирно и добро и дека после овој ден сликата за Македонија ќе биде добра. …

ДИК: На референдумот до 18.30 часот излегле 623.147 граѓани Read More »

Бранко Црвенковски го немало во Избирачкиот список


Поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски на гласачкото место 2809 се обидел да гласал со пасош, но го немало на избирачки список, известува набљудувачот на Цивил- Центар за слобода. Црвенковки при разговор со набљудувачот на Цивил рекол дека ќе се жали во Државната изборна комисија.

Бујар Османи по гласањето на референдумот: Ги одредуваме правците на државата


Во мојот живот не сум имал ден во кој сум донел поголема и поважна одлука за моите деца, за моето семејство, но и за сите граѓани. Буквално и во приватниот и во деловниот живот. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи откако гласаше на референдумот на гласачко место во ОУ „Адем Јашари“ …

Бујар Османи по гласањето на референдумот: Ги одредуваме правците на државата Read More »

Заев по гласањето на референдумот: Одлуката на граѓаните ќе биде јасен правец


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев гласаше на избирачкото место 1730 во ОУ „Никола Вашцаров“ во Струмица. Тој на гласање дојде во придружба на сопругата Зорица и синот Душко. Веднаш по гласањето премиерот Заев во изјавата истакна дека денешниот ден е убав и е нов празник за Република Македонија. Додаде дека денес граѓаните излегуваат …

Заев по гласањето на референдумот: Одлуката на граѓаните ќе биде јасен правец Read More »

Мендух Тачи гласаше на референдумот: Очекувам масовен одговор од граѓаните


Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска заедно со своето семејство гласаше на избирачкото место во старата градинка „Младост“ во Тетово. – Верувам дека ќе имаме мирен ден без никави проблеми и исто така верувам дека ќе имаме масовен одговор од граѓаните на Македонија за реферндумот, изјави лидерот на ДПА Тачи по гласањето.

Оливер Спасовски по гласањето на референдумот: Историски ден за Македонија


Минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по гласањето на референдумот во Куманово истакна дека ова е историски ден за Македонија. – Секој од граѓаните денеска треба да биде среќен што ќе можеме да ги оствариме нашите вековни идеали, а тоа е Републлика Макакедонија како самостојна и суверена држава да стане дел од НАТО алијансата и …

Оливер Спасовски по гласањето на референдумот: Историски ден за Македонија Read More »

Али Ахмети по гласањето на референдумот: Од утре очекувам да сме поблиску до ЕУ и НАТО


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место број 0816 во Зајас. По изјаснувањето Ахмети истакна дека ова е историски момент за земјата и оти се надева дека граѓаните мирно и достоинствено ќе излезат и ќе гласаат според нивното убедување, било да е тоа „за“ или „против“. – Според моите информации досега се …

Али Ахмети по гласањето на референдумот: Од утре очекувам да сме поблиску до ЕУ и НАТО Read More »

Никола Димитров по гласањето на референдумот: Силно светнал ден


Силно светнал ден денеска. Повеќе од еден месец политиката зборуваше и објаснуваше колку е голем историскиот влог на оваа денешна раскрсница. Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров откако гласаше на референдумот на гласачко место во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. – Се надевам дека …

Никола Димитров по гласањето на референдумот: Силно светнал ден Read More »

Шекеринска по гласањето: Можеме да направиме чуда


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска по гласањето на референдумот рече дека очекува референдумот да биде каков што беше и денешниов ден, полн со вера, надеж и љубов. -Полн со верба дека можеме да бидеме подобра држава, надеж дека тоа го правиме со денешниот чин со многу, многу љубов кон наша Македонија, изјави вицепремиерката …

Шекеринска по гласањето: Можеме да направиме чуда Read More »

МВР информира за нови попречувања во гласањето


На еден час пред затворање на гласачките кутии, МВР информира за седум попречувања на гласањето на неколку избирачки места. Во текот на денот од полицијата соопштија за уште 13 инциденти за време на гласањето Во СВР Скопје било пријавено дека во село Горно Коњаре, скопско, набљудувач враќал луѓе кои оделе на гласање. Полициски службеници излегле …

МВР информира за нови попречувања во гласањето Read More »

ДИК: До 17 часот на референдумот излегле 455.771 гласач


До 17 часот на референдумот излегле на гласање 455.771 односно 28,83 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски. Ова се податоци од обработените информации од 87,25 отсто од општинските изборни комисии.

МВР: Нови шест инциденти за време на гласањето


МВР информира дека се регистрирани нови шест нови инциденти за време на референдумското изјаснување по претходно евидентираните 13. По добиена пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје девојка која гласала со пенкало на кое имало камера, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото …

МВР: Нови шест инциденти за време на гласањето Read More »

ДИК: На референдумот до 15 часот излегле 334.075 гласачи


Излезеноста на граѓаните на денешниот референдум до 15 часот е 22,56 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список или 334.075 граѓани, соопшти претседателот на ДИК Оливер Дерковски. – Денот се одвива во истата атмосфера како и досега. Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до поголемиот број на граѓани за демократската атмосфера која владее во …

ДИК: На референдумот до 15 часот излегле 334.075 гласачи Read More »

МОСТ: Гласањето без проблеми, регистрирани неколку технички предизвици


Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот на референдумот е 16 отсто, со маргина на грешка од +/- 0,32 отсто. МОСТ наведува дека од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се неколку информации за неколку за технички проблеми. – На гласачкото место (ГМ) 1238 во општина Демир …

МОСТ: Гласањето без проблеми, регистрирани неколку технички предизвици Read More »

„Цивил“ : Несоодветно однесување на набљудувачи за време на гласањето


Претседателот на Здружението „Цивил – Центар за слобода“ Џабир Дерала, на пладневната прес конференција наведе дека, според извештаите што се добиени од набљудувачите на терен, забележани се нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи за време на референдумското изјаснување до 12.00 часот. – За прв пат гледаме една зачестена појава во која набљудувачите се однесуваат, …

„Цивил“ : Несоодветно однесување на набљудувачи за време на гласањето Read More »

Момче пронајдено мртво во хотелска соба во Скопје


Во текот на вчерашниот ден нешто пред 20 часот, од страна на Итната медицинска помош било пријавено починато лице во хотел кој се наоѓа на улица „Качанички пат”. По увидот на МВР, било констатирано дека станува збор за 23-годишниот К.Н. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

ДИК: До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи


До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16,00 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Денковски. Ова е резултатот од обработените податоци од 90, 24 отсто од избирачки места во Република Македонија. – Денот се одвива најнормално со мали, ситни инциденти и …

ДИК: До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи Read More »