Бебето и го одложи затворот на Јанкулоска


Судија за извршување на санкции и ја одложи затворската казна на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која е правосилно осудена за набавката на луксузниот „мерцедес“.

Јанкулоска барала, а судот и одобри да и ја одложи казната за до 1 јули бидејќи поранешната министерка има бебе кое уште нема наполнето една година.

Апелацискиот суд на крајот на март делумно ги уважи жалбите на Јанкулоска и и ја намали казната од шест на четири години.

Судијката Добрила Кацарска ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка што за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

По завршувањето на предметот за Јанкулоска, кој се водеше во раздвоена постапка, списите од предметот се предадени во Врховен суд. Највисокиот суд треба сега да одлучува за пресудата на поранешниот премиер кој е осуден во истиот предмет „Тенк“. Истата судијка го осуди на две години затвор, но Груевски наместо во затвор доби азил во Будимпешта.