Заев очекува оставка од Асаф Адеми


Министерот за култура Асаф Адеми, ќе поднесе оставка на функцијата од здравствени причини. Се очекува одлуката да ја соопшти денеска на прес-конференција.

Премиерот Зоран Заев рече дека очекува оставка од министерот за култура Асаф Адеми, како одговор на новинарско прашање дали очекува оставки уште денеска, на прес-конференцијата во Влада по повод Денот на македонскиот јазик.

Адеми има закажано прес-конференција денеска на пладне, во седиштето на Алтернатива во Скопје.(И.Н.)