Следат промени во извршната власт. Независните може да им се приклучат на владејачките …


Хазби Лика од ДУИ е следниот член на кабинетот на Зоран Заев што се очекува да ја напушти Владата веќе следниот месец. Тоа би се случило набрзо по изборот на нов претседател на државата на 5 мај, доколку не се наметне потреба од одржување трет изборен круг, односно од прегласување на повеќе избирачки места две […]

Јанева ќе истражува чии пари Груевски троши во Будимпешта


Специјалното јавно обвинителство најавува финансиска истрага за парите кои ги троши поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. „Не завршивме уште со истражувањето на Никола Груевски во делот на имотната состојба. Имаме намера, покрај финансиската истрага што веќе се води, да побараме меѓународна правна помош кои се изворите на пари од кои се издржува лицето Никола […]

Османи во посета на Португалија


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Португалија во рамки на која ќе има средби со министерот за надворешни работи  Аугусто Сантос Силва и со претседателката на Комисијата за европски прашања на португалскиот Парламент, Регина Бастос. На средбите, соопшти Секретаријатот за европски […]

Над третина од членките го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО


Единаесет земји-членки на НАТО досега го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Вчера во еден ден парламентите на Полска и на Словачка го ратификуваа документот со кој земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на Алијансата. Како што изјави во средата и словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец, досега не се […]

Мицкоски: Ни треба честит човек да стои на браникот на државата, а Силјановска е нашиот гарант за тоа


На четвртиот ден од предизборната кампања за претседателските избори, кандидатот Гордана Силјановска Давкова и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржаа митинзи во Виница и Кочани. Обраќајќи им се на граѓаните на Виница, Силјановска рече дека во земјава недостига демократија затоа што се спроведува волјата и интересите на тесна група луѓе од власта, која воопшто не […]

Пендаровски на трибина со граѓаните во Свети Николе


Во овој момент нашата земја е единствена од која добри вести доаѓаат од Балканот, посочи кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски на вечерашната трибина со граѓаните во Свети Николе. Забележа дека тоа се должи на посветеноста на оваа политичка гарнитура, која реши и по цена на политичкиот рејтинг и по цена да изгуби на наредни […]

Река: Договорот од Преспа е вин-вин ситуација


Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и кандидатот Блерим Река денеска во првата ТВ дебата на Телма ги спротивставија ставовите за повеќе прашања, а едно од нив беше и Договорот од Преспа и новото име, Република Северна Македонија. За Река договорот е вин-вин ситуација, Грција го сочувала своето атничко минато, а Македонија ја доби својата европска иднина. […]

Пендаровски: Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува


Претседателскиот кандидат од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, во дебатата на Телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Сиљановска -Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент -Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе […]

Сиљановска: Како претседател ќе го применувам Договорот од Преспа, но ќе го одбегнувам називот Северна Македонија


Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ,  на денешна дебата на телевизија Телма, кажа дека ќе го почитува Договорт од Преспа, но дека лично ќе го одбегнува називот Северна Македонија. -Се разбира дека ќе го почитувам, бидејќи тој стана дел од Уставот. Јас ќе ги почитувам натписите на името на државата, но лично […]

Река со протестна нота поради вклучувањето на Селмани во кампањата на Пендаровски


Кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците за претстојните претседателски избори, Блерим Река упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Северна Македонија поради вклучувањето на почесниот конзул на Албанија, со седиште во Битола, Имер Селмани во кампањата на кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. -На конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски, Имер Селмани со […]

Томе Ефтимов – најдобар млад научник за 2018 година


Претседателот Ѓорге Иванов, денеска на д-р Томе Ефтимов, кој работи на полето на информациските технологии, му го додели признанието „Најдобар млад научник“ за 2018 година. Ефтимов е роден во 1989 година во Струмица. Додипломските студии ги завршува на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје во 2011 година. Трипати […]

Телефонски разговор Заев и Меркел: Време е Советот на ЕУ да ни даде преговори


Премиерот Зоран Заев во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел побарал поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни, со оглед на тоа дека државата има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, го склучи Договорот […]

Шекеринска: Немам дилема дека следната година ќе бидеме 30. членка на Алијансата


На Денот на НАТО добро е да се потсетиме каде бевме пред 12 месеци на овој ден и каде успеавме да стигнеме со сериозна работа и реформи и болни компромиси. Денеска овој ден е и наш ден, како земја поканета да стане членка. Немам дилема дека следната година ќе стои и последниот печат и ние […]

Филипче: Не може волјата на родителот да биде посилна од правото на детето да биде здраво


Не може волјата на родителот да биде посилна од правото на детето да биде здраво, смета министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска не беше одржана собраниската комисија поради немање кворум, по граѓанската иницијатива на 129 граѓани за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести. – Неколку пати потенциравме дека има важечка […]

Мицкоски: Нема напредок во преговорите за СЈО, не ја бива Дескоска


Преговорите меѓу работните групи за Специјалното јавно обвинителство се сé уште на почетни позиции, оцени денеска од Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Забележа дека иако на почетокот министерката за правда Рената Дескоска и премиерот Зоран Заев се согласиле со принципите на ВМРО-ДПМНЕ, но како што вели, како одминува времето гледа дека не се согласиле […]

По Полска и Словачка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО


По Полска, и словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Со ова Словачка е 11-та земја-членка на НАТО што го ратификуваа Протоколот. – Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Одиме чекор по чекор кон целта – Република Северна Македонија, членка […]

Пензионирани обвинители го оставија Вишото обвинителство без здравствено осигурување


Тројца пензионирани, па вратени на работа обвинители, го оставија Вишото обвинителство без здравствено осигурување, јавува телевизијата „Алсат М“. Административни пречки, е официјалниот одговор на Основното обвинителство зошто вработените во Вишото скопско обвинителство се без здравствено осигурување три месеци, откако телевизијата вчера објави дека околу 35 вработени не можат да се лекуваат во државните болници како […]

Жерновски: Ќе продолжиме да работиме на почитување на правата на етничките заедници


Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски се сретна со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, амбасадорот  Ламберто Заниер, кој престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија. Жерновски, како што пренесува Министерството за надворешни работи, истакнал дека државата ќе продолжи активно да работи на почитување на правата на сите етнички заедници.   Двајцата соговорници размениле мислења […]

Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на „цесната“


Увидот на воздухопловот кој завчера се урна во близина на Солунска глава во кој загина пилотот и неговото семејство заврши вчера на местото каде што се пронајдени остатоците на „цесната“ на 2,200 метри надморска височина, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИВНСИ Зоран Илиевски. Тој […]

Спасовски: Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини


– Ситуацијата во делот на пожарите, за жал ескалира во државата и тоа од неколку причини, не се само временските услови што се поволни за пожари, затоа што имаме навистина сушен период, меѓутоа најголемиот дел од нив се пожари што се подметнуваат. Доколку ова што ни се случува е од политички причини, а имаме сериозни индиции […]