(Фото) Се враќаат канделабрите на плоштад


Поради посетата на Папата во Скопје, пред една недела беа отстранети канделабрите од плоштадот и околните мостови, а денеска служби на Електроизградба ги враќаат на место.
Канделабрите беа отстранети од безбедносни причини, како и неколку дрвја од плоштадот, кои исто така, треба да бидат вратени на место.