Антикорупциска отвора четири предмети за премиерот Заев


Антикорупциската комисија отвора четири предмети по претставка на ВМРО-ДПМНЕ за премиерот Зоран Заев. Станува збор за случаите кои веќе имаа судска завршница – „Глобал”, и „Едно евро за Вицето едно за црквата”. Третиот предмет е за „бугарските фирми на Заев“, а четвртиот е за продажба на старата касарна во Струмица. Според наводите Сашо Брндевски купил 18.462 метри квадратани по повластена ниска цена овозможена од тогашниот градоначалник Заев.

Против вицепремиерот Кочо Анѓушев е отворена постапка за давање под закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала. Според наводите МХЕ Тополки каде еден од сопствениците е Кочо Анѓушев преку фирмата Фероинвест, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител и по пат на непосредна спогодба му доделил градежно земјиште од 7.105 метри квадратни во Дреново за изградба на хидроцентралата Тополка. За министерот Дамјан Манчевски е отворени постапка за сомнежите во врска со грчките фирми, кои се споменаа во „бомба“ неодамна објавена.

Државната комисија за спречување на корупција отвори постапки за злоупотреба на службената положба кај в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирена Пановска, за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.Во случајот кај Пановска ќе се истражува дали се прекршени законите при тендерската постапка за набавка на лекови од веледрогеријата Др. Пановски, во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски.

Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и група доктори. Според антикорупционерите, во пријавата има многу наводи за нерегуларности кои допрва треба да се испитуваат. Во пријавата била наведено дека Пановска унапредува свои луѓе на раководни позиции, меѓу нив и Соња Трајковска и мартин ивановски, а во сето тоа ја имала поддршката од министерот за здравство Венко Филипче и од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Антикорупциска ќе ги чешла набавките на 4 возила од страна на општина Струга, меѓу кои и „Ауди“ од 60.000 евра што го вози градоначалникот Рамиз Мерко.

За набавка на возило е отворена и постапката против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. истрагата треба да покаже дали тие ја злоупотребиле службената положба за своја лична корист.