Силјановска-Давкова: Ние жените имаме потежок живот од мажите


Македонија има прекрасно име, во женски род е, не ѝ треба придавка. А, пред вас стои жена. На Македонија ѝ треба жена, на татковината ѝ треба жена. Јасно е жошто! Зошто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки, добри другарки, и тоа нè прави посилни и […]

Дурловски ја „потпали“ атмосферата на митингот на ВМРО-ДПМНЕ


Оперскиот пејач и поранешен директор на МОБ, Игор Дурловски, кој беше ослободен за обвиненијата за случувањата на 27 април во македонското Собрание ја отпеа химната  на вечерашниот митинг пред Владата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседателскиот кандидат Гордан Силјановска Давкова. Тој беше обвинет како еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“ дека користел потпалувачки говори. […]

Пендаровски во Радовиш: Доста се занимававме со историја


Кандидатот за претседател на владејачката коалиција Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина во Радовиш, каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми меѓу кои и претстојните претседателски избори. – Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот. Доста се бавевме […]

Младенов: Бугарите од Северна Македонија во срце ја носат нејзината државност


Со Договор за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија покажавме дека таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, отворените прашања лесно се решаваат, рече премиерот Зоран Заев денеска во обраќањето на свеченоста по повод 11-годишнината од основањето на Бугарскиот Културен Клуб во нашата земја. Двете земји, како […]

СДСМ: Финансискиот извештај на Силјановска не дава реална слика


Финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците, велат од владејачката партија СДСМ. „Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец. Финансиските извештаи треба да се подготват и […]

Николовски и Милошоски донирале 5.000 евра во кампањата на Силјановска


Kандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра. Сиљановска Давкова како приходи пријавила 203.000 евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај, објавен на веб-страната на Државната изборна комисија. Помеѓу поголемите донатори за кампањата на Сиљановска можат да се забележат пратеници и функционери […]

Пендровски: Ќе работам на унапредување на билатералните односи со Бугарија


Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, присуствуваше на одбележувањето на 11 годишнината од формирањето на Бугарскиот културен клуб, под мотото„Заедно сме посилни“. Тој кажа дека двете земји ги зближува една мисла, да направиме се што може Балканот да го однесеме во Европа, или Европа да ја донесеме на Блаканот и конечно од тука да не […]

Од 2000 година направени над 500 трансплантации на коскена срцевина


Во организација на Клиниката за хематологија, а во соработка со Здружението за Хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ „Медицински факултет“ – Скопје, со поддршка на Министерството за здравство вчера и денеска се одржува првата работилница за трансплантација на коскена срцевина во државава, со наслов „Идни прерспективи и предизвици“. Повеќе 500 трансплантации […]

Осигурувањето на живот бележи најголем кумулативен раст од 455 проценти


Во последната деценија нашата земја во сегментот осигурување на живот бележи најголем кумулативен раст од 455 проценти и просечен годишен раст од 21 отсто меѓу земјите од Југоисточна Европа, рече претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, на Меѓународната конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување […]

Почина Алајдин Демири, поранешниот градоначалник на Тетово


Поранешниот градоначалник на Тетово, дипломат, политички аналитичар и универзитетски професор, Алајдин Демири почина на 65-годишна возраст. Toj важеше за одличен познавач на политичката состојба во земјата. Семејството соопшти дека погребот на Демири ќе се одржи денеска во Тетово, објави ТВ 21.

Викенд за пребројување во Скопје


На крајот од втората недела во кампањата за претседателските избори, најголемите партии го селат својот караван во Скопје. И власта и опозицијата ги испланираа своите ударни митинзи викендов, каде се очекува да ги испратат финалните пораки до противниците, како и до своите партиски членови. Вообичаено за практикување политика на овдешен начин, се очекува масовно присуство […]

Стевоски вети реконструкција на магистралниот пат од Охрид до Свети Наум


Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од партијата Демократи, денеска најави дека доколку ја добие поддршката на граѓаните, целосно ќе го реконструира магистралниот пат од Охрид до Свети Наум, притоа прозивајќи ги двете најголеми партии за лажните ветувања токму по прашањето. Стевоски рече дека патот е една од децениските лаги на СДСМ и […]

Поддршка од Чешка за почеток на преговорите со ЕУ


Претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш на билатералната средба со премиерот Зоран Заев на маргините на 8. Самит на шефови на влади од земјите на ЦИЕ и НР Кина од процесот на соработка 16+1, изрази недвосмислена поддршката за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. -Во однос на нашите евроатлантски интеграции и […]

Ќе нема веќе „бугарски земји“ во учебниците


На дводневната, петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, која се одржа во средата и четвртокот во Софија, експертите работеле на забелешките во учебниците по историја за петто одделение во бугарскиот образовен систем и шесто одделение во македонскиот образовен систем за периодите на праисторијата и антиката. По дискусиите […]

Одобрен предлог-законот за пристапниот протоколот за НАТО


Белгискиот Совет на министри синоќа го одобри предлог-законот за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, прв чекор кон целосна ратификација јави дописничката на МИА од Брисел. На предлог на премиерот Шарл Мишел и министерот за надворешни работи, Дидие Рејндерс, советот на министри на белгиската влада го одобри предлог-законот за зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата. Пред […]

Во Шведска уапсен обвинетиот за 27 април кој беше во бегство


Шведската полиција го уапси Дејан Давиовски кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за упадот во Собрание на 27 април. Шведските медиуми објавија, а обвинителството потврди дека Давидовски е уапсен на аеродромот во Стокхолм, каде пристигнувал од Софија, на 7 април. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преведува докази со кои […]

Река: Концептот „За република“ значи правна држава еднаква за сите


Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река. Река, на митингот најдолго говореше за неговиот концепт „За република“, што […]

Кирацовски: Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендарвоски, одиме напред


Во вечерашната дебата на „Топ тема„, генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб, Александар Кирацовски, рече дека последната анкета на Телма, како и сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг. -Сите релевантни анкети го покажуваат трендот, расте поддршката за Стево […]

Кечијанг: Решавањето на спорот со Грција е резултат на лидерството на двете земји


Премиерот на Кина, Ли Кечијанг го поздрави решавањето на билатералниот спор со Грција и рече дека тоа е резултат на лидерството на двете земји и мудроста на граѓаните да бидат насочени кон иднината. Кечијанг на денешната средба со премиерот Зоран Заев на маргините на 8. Самит на шефови на влади од процесот за соработка на НР […]

За една недела нови 126 случаи на морбили


Од 6 април до денеска во државава се регистрирани 126 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број новозаболени лица, 57 случаи се од Скопје, а 70 отсто од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со […]