Цигарите значат смрт за 12 отсто срцево болни луѓе


Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе да умрат од срцев и мозочен удар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по повод 31 мај – Светскиот ден без тутун. Под …

Цигарите значат смрт за 12 отсто срцево болни луѓе Read More »

Физиотерапевтите револтирани од државата – дипломираат, а не можат да отворат ординации


На физиотерапевтите им се дозволува да завршат факултет, но не и да отворат свои ординации, реагираат од Македонското физиотерапевтско здружение и бараат Министерството за здравство да најде решение за нивниот проблем. – Законот не дозволува самостојно да отвориме ординации за физиотерапија, иако во исто време ни е овозможено да се едуцираме на факултетите во Македонија. …

Физиотерапевтите револтирани од државата – дипломираат, а не можат да отворат ординации Read More »

Казиното во Тетово пред кое се протестираше нема да се отвори


Објектот во Тетово во кој требаше да се отвори казино за што на 4 мај се протестираше против таа одлука, нема да се отвори, информираа на денешната прес конференција од движењето против обложувањето во Тетово за одлуката на надлежниот Управен суд. Според членот на Здружението Џемал Абдиу кои и го организираа протестот на почетокот од …

Казиното во Тетово пред кое се протестираше нема да се отвори Read More »

Заев: Се уште нема договор за името, се договараат принципите и начелата


Се уште нема договор за името, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред споменикот на паднатите борци во дворот на Владата по повод една година од работењето на Владата. – Се уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно …

Заев: Се уште нема договор за името, се договараат принципите и начелата Read More »

Случајот „Тотал“ на СЈО одложен на барање на одбраната


Поради барање на одбраната денеска во Кривичен суд беше одложен предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Тотал“ е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок. Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, …

Случајот „Тотал“ на СЈО одложен на барање на одбраната Read More »

Високо француско одликување за министерката Шекеринска


Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде одликувана со орден Командант на Националниот ред за заслуги на Франција. Високото одликување во име на Претседателот на Република Франција, на министерката Шекеринска ќе и биде врачено од министерот Женевјев Дариесек, Државен секретар на Вооружените сили на Франција,  утревечер на прием во резиденцијата на Франција во …

Високо француско одликување за министерката Шекеринска Read More »

Една година Влада: Огромните очекувања донесоа огромни разочарувања


Огромните очекувања од новата влада донесоа исто такво разочарување кај граѓаните, кои една година по устоличувањето ѝ доделија жолт картон. Насочувањето на приоритетите кон решавање на спорот за името и допирањето на чувствителните теми за идентитетот и јазикот на сметка на неисполнување на дадените ветувања за економски просперитет се клучниот сегмент во мозаикот незадоволство кај …

Една година Влада: Огромните очекувања донесоа огромни разочарувања Read More »

Референдумот за името во пакет со избори?


Реконструкцијата на владиниот кабинет и првиот голем митинг на опозицијата, како важни настани што претстојат кон крајот на оваа седмица, според проценките во политички кругови, се увертира во големи политички поместувања во наредните месеци. Епилог на тој процес би бил референдум за името, како „круна“ на договорот што се очекува да го постигнат во наредните …

Референдумот за името во пакет со избори? Read More »

Денеска сончево, температурата до 32 степени


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните западни и јужни делови од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 17,  дневната од 26 до …

Денеска сончево, температурата до 32 степени Read More »

Затворени се сите три гранични премини кон Грција


Сообраќајот на трите гранични премини кон Грција од денеска е во 24-часовен прекин поради штрајк на грчките цариници. ГП Меџитлија е затворен од ноќеска на полноќ, ГП „Стар Дојран“ од 5 часот, а ГП „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово. Како што соопшти МВР, грчките гранични полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на …

Затворени се сите три гранични премини кон Грција Read More »

Ципрас: Се наѕира перспектива за решение за името


Се наѕира перспектива за решение за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во говор на годишното генерално собрание на Федерацијата на претпријатија на Грција. Говорејќи за улогата на Грција како столб на стабилност на Балканот, Ципрас како пример ја спомена „перспективата за решение што се наѕира во тешките, но неопходни преговори со поранешната југословенска Република …

Ципрас: Се наѕира перспектива за решение за името Read More »

Латас и Талески на суд за „Тотал“ и за “Транспортер“


Нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „ „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице. По …

Латас и Талески на суд за „Тотал“ и за “Транспортер“ Read More »

Врвот на СДСМ ќе расправа утре за планот за името


Централниот одбор на СДСМ, според наши информации, ќе се собере утре на седница, на која се очекува партискиот лидер и премиер Зоран Заев да ги информира сопартијците за најновиот развој на настаните околу преговорите за името, што се очекува да финишираат деновиве со решение за долгогодишниот проблем. Со оглед на проценките дека кај раководството, како …

Врвот на СДСМ ќе расправа утре за планот за името Read More »

Заев и Мускат потпишаа Договор за заемно признавање на дипломите од високото образование


Премиерот Зоран Заев на средбта со премиерот на Малта Џозеф Маскут го изрази интересот на Република Македонија  да отвори можност за конзуларни услуги во Валета со цел да им се олесни комуникацијата на големиот број граѓани на Македонија кои работат во Малта. Владината прес-служба информира дека на средбата одржана во рамки на посетата на премиерот …

Заев и Мускат потпишаа Договор за заемно признавање на дипломите од високото образование Read More »

Заев и министрите утре ќе одбележат една година Влада


Утре во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес-конференција. Од Владата брифираат дека прес конференцијата ќе биде за една година Влада. Конференцијата за медиумите ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје.  

Народниот правобранител ја има поддршката од граѓаните и институциите


Најдоброто нешто што може да им се случи на земјите со различности е некоја институција која може да ги сплоти. Институцијата омбудсман се обидува да ја игра токму таа улога, а нашето членство во Асоцијацијата на омбудсманите на Медитеранот ни дава ветер во грбот да напредуваме. Ова го истакна народниот правобранител на Република Македонија Иџет …

Народниот правобранител ја има поддршката од граѓаните и институциите Read More »

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави огромни долгови


После 11-годишно пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните за споменици, барок и криминални тендери ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг. ВМРО-ДПМНЕ е синоним за тројно зголемен јавен долг и колапс на економијата. Затоа јавниот долг е висок, поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ. „Со промените, долгот е стабилизиран благодарение на успешните економски …

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави огромни долгови Read More »

Во игра се и натаму сите можни предлози за името


Се уште се отворени сите можни опции за решение за името, дознава МИА од високи извори на Владата на РМ. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара. Во нарeдниве денови ќе биде познат датумот за средбата на двајцата премиери Ципрас-Заев на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението. …

Во игра се и натаму сите можни предлози за името Read More »

Обвинетите политичари се „крстат“ во аболицијата на Иванов


Документот на претседателот Ѓорге Иванов, со кој помилува 56 политичари, во 2016 година ја крена јавноста на нозе, а по две години од донесувањето и експресното поништување, аболицијата се најде и во судските процеси што ги покрена специјалното јавно обвинителство против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Откако Врховниот суд во Атина го прифати актот на аболицијата …

Обвинетите политичари се „крстат“ во аболицијата на Иванов Read More »

Трите премини кон Грција утре затворени поради штрајк


Од ноќеска на полноќ 24 часа ќе биде во прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките цариници. Додека на граничниот премин Стар Дојран прекинот ќе биде од 5 часот утре до 5 часот на 31 мај, а на ГП Богородица од 7 часот утре до 7 часот наредниот ден. Како што соопшти …

Трите премини кон Грција утре затворени поради штрајк Read More »