Изборите скандинавски, одѕивот загрижувачки


Имавме чист изборен ден, согласни се сите учесници и набљудувачи во трката за шеф на државата. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, оцени дека сме имале скандинавски избори и им честиташе на граѓаните. „Република Северна Македонија спроведе мирни, фер, слободни и демократски избори. Институциите со сите свои капацитети овозможија изборите да поминат во најдобар тек […]

Пендаровски води со 4.606 гласа во првиот круг пред Силјановска


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,96  отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,85 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,24 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени […]

Заев: Во вториот круг да избереме европски претседател


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека по преброените над 98 отсто од гласовите, Стево Пендаровски има 321.201 глас и води пред Гордана Силјановска – Давкова со 316.872 гласови и Блерим Река со 79.169. „Честитки за фер и демократските избори, тоа е темелна вредност. Во вториот круг ќе заокружиме уште една европска вредност: европски претседател“, […]

Пендаровски до гласачите на Река: Знаете што е исправно


Претседателските кандидат Стево Пендаровски, рече дека концептот „Општество за сите“ води во првиот круг и ќе победи во вториот. „Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна. Имам посебна порака до гласачите на Блерим Река. јас знам дека вие знаете што е најдобро, за нас, за вас и за децата, наши и ваши, прогресивниот концепт напред […]

Мицкоски: Ја победивме „хотел коалицијата“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Гордана Силјановска – Давкова на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека народот бил сам против власта, односно против „хотел коалицијата“, како што ги оквалификува СДСМ и ДУИ. Мицкоски ги наброја Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Илинден, Аеродром, Битола, Охрид, Штип… и уште десетина градови низ земјава каде […]

Силјановска: Се насетува крајот на Заев


Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова смета дека крајот на владеењеето на Зоран Заев и на неговиот тим се насетува, но напомена оти е свесна оти битката допрва следува во вториот круг. Таа им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери што ја кандидираа, но и на сите оние што гласаа за неа, […]

Од обработени 90 отсто од гласачките места: Пендаровски и Силјановска изедначени


Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 89,69 отсто од гласачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 276.224 гласа, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 273.617, што е разлика од 2.607 гласа. Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше […]

Река ќе се активира во политиката, Села бара предвремени


Кандидатот за претседател, Блерим Река најави дека ќе се активира во политиката доколку на денешните избори добие повеќе гласови отколку што ДУИ оствари на минатите избори, а тоа беа локалните во октомври 2017 година. На тие избори, партијата на Ахмети доби околу 85.000 гласа. Во моментов, на 85 отсто од изброените гласови за претседател, Река […]

Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е 1%


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 74,52 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,64 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,59, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,55 отсто. […]

Кирацовски: Пендаровски ќе оствари сигурна победа и во вториот изборен круг


Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски е во водство пред неговиот противкандидат поддржан од ВМРО и коалицијата Гордана Силјановска Давкова, по пребројани околу две третини од избирачките места, изјави на вечерашната прес-конференција шефот на изборниот штаб на Пендаровски , Александар Кирацовски. Кирацовски прецизира, според актуелните податоци, Пендаровски води со 2,5 проценти пред Гордана […]

Обработени се половина од гласовите: Пендаровски 42,71 отсто, Силјановска 41,08


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 53,76 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,71 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,08, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 12,05 отсто. […]

Јанушев: Македонија победува против Северна, македонската пролет се случува


Во првината реакција по изборниот ден, шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев изрази огромна благодарност до граѓаните, до секој еден човек во државата, за секој еден глас,за оние кои излегоа на гласање, но и за оние кои не излегоа на гласање. Според него, имавме изборна кампања со низа прекршувања. -Ќе споменам дека имавме […]

Хекуран Дука прогласи победа во Дебар


Според првичните информации од Изборниот штаб на дебарскиот огранок на ДУИ, кандидатот на оваа партија, Хекуран Дука е новиот градоначалнк на Дебар. Тој на денешните избори освоил над 400 гласови повеќе, наспроти неговиот против кандидат Арбен Аголи, од Алијансата за Албанците. Дука се заблагодари на дадената доверба и вети дека ќе биде градоначалник на сите […]

ДИК: Обработени над 50 отсто од гласовите, Пендаровски со минимално водство од еден процент


Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 49,03 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,82 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 41,27, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,71 отсто. Одѕивот во првиот […]

ДУИ води во Дебар


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 18,15 отсто од гласовите во Дебар за градоначалник, води кандидатот на ДУИ, Хекуран ДУка со 50,57% спроти кандидатот на Алијанса за Албанците 46,39%. Одѕивот до 18:30 часот во Дебар изнесуваше 42,70 отсто од обработени  18.551  од избирачките места.  

Јанушев објави победа на нивниот кандидат


Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова. „Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП и целата власт. Против […]

ДИК ги објавува резултатите, следете ја во живо претседателската трка


Според првичните резултати од претседателските избори објавени на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија, кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски е во водство. Пендаровски според досега обработените гласови има освоено 51.140 гласа, односно 41,74% од гласовите, додека Гордана Силјановска-Давкова има 39,70 отсто односно 48.657 гласа. Блерим Река има 17.980 гласа или 14,67 отсто. […]

ДИК почна да ги објавува резултатите, засега мртва трка


Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати од претседателските избори кои се менуваат од минута во минута. Резултатите се објавуваат на интернет-страницата на ДИК, а засега оттаму нема официјална изјава. Како што се гледа од последните објавени податоци, од обработените 3.512 гласачки места (20,73%), за Блерим Река гласале 16.082 гласачи (15,24), за Гордана […]

Од штабот на Река посочија: Нема да ги повикаме нашите гласачи да гласаат за другите двајца кандидати


Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократсска атмосфера. -Нашиот впечаток од овие избори е дека поминаа во многу фер и демократска атмосфера со многу мал број неправилности, рече Рамадан Реџепи, портпаролот на изборниот штаб на Река. Според него, загрижувачки е фактот што е мал процентот […]

Од МОСТ наведoa одредени нерегуларности за време на гласањето


До 18 часот одѕивот од гласањето во првиот круг од шестите претседателски избори е 38,2 отсто, рече на прес-конференцијата Златко Димитријоски од МОСТ, додавајќи дека според потврдените информации, добиени од нивните набљудувачи и регионалните канцеларии регистрирани се одредени нерегуларности за време на гласањето. -Фотографирање на гласачките ливчиња е забележано на три гласачки места – гласачкото место […]