ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не доби датум зошто нема реформи, Заев ја срами државата секаде каде што оди


ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на изјаватa на премиерот Зоран Заев дадена по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион. Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации. Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев. Се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси. Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред”, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека тие ќе продолжеле да работат за добивање датум за почеток на преговорите.