Општествено одговорни компании обезбедија донација за сообраќајно поврзување на дел од индустриската зона Цацков Бунар во Кочани
Општествено одговорните компании „Амфенол Технолоџи Македонија“ и „Еко оил“ од Кочани обезбедија донација за ново сообраќајно поврзување на индустриската зона во месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат кон селото Тркање. Со договорот што двете компании неодамна го потпишаа со Општина Кочани, наскоро ќе почнат и градежните работи со што ќе се овозможи безбеден пристап …