Ригорозниот закон за пушење објавен на ЕНЕР – секој може да го каже своето мислење


Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни […]

Црна Река се излеа во Демирхисарско


Продолжуваат поплавите кои ја погодија Македонија поради обилниот дожд кој наврна изминатиот период. Вчера Црна Река повторно се излеа во демирхисарските села, претходно беше излезана во селата Бараково и Граиште, а сега се зафатени и други села. На социјалните мрежи се појави видео од излеаната и надојдена река. „Денеска Црна Река повторно се излеваше, а состојбата […]

Без вода дел од Карпош


Поради уличен дефект, без вода од 09:00 часот се корисницоте од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, „Каирска“, „Бахар Моис“, дел од „Атинска“, „Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и дел од „Багдатска“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санација на дефектот.

Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово – 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР. На […]

Сообраќајот по претежно влажни коловози, проодни сите патни правци


Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.  АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека […]

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината


  Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од […]

Вечерва почнува „Вевчански карневал 2026“ со концерти на популарна музика


Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од […]

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце


 Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи осумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот […]

Без струја улица „Ловќенска“ во општина Карпош


Без електрична енергија денеска од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ловќенска“ во општина Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки рабoти. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 12 јануари 2026 година, 12-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  353 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 16 часот и 24 минути. Денов трае 9 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

О2: Аерозагадувањето во Македонија е здравствена криза, не еколошка тема


Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди и бензенот во издувните гасови на возилата, одредени тешки метали од индустријата, разни соедниненија при согорување на дрва, јаглен, нафта… се класифицирани како КАНЦЕРОГЕНИ ОД ПРВА ГРУПА, што значи дека докажано предизвикуваат рак кај луѓето според Меѓународната агенција за истражување на ракот.  Следствено, проблемот […]

(Видео) Извлечени двајца вработени на А1 кај Лазарополе заглавени во снег


Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно спасени откако синоќа останале заглавени во снег Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно спасени откако синоќа останале заглавени во снег во реонот над селото Лазарополе, во близина на базната станица на операторот. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа во 23:30 часот во СВР […]

Денеска ќе биде облачно и студено


  Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. Измерени се и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје, Тетово, Охрид, Битола и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија. Изминатите 24 часа, до 7 […]

Објавен нацрт законот за пушење, за непочитување казна до 5.000 евра


  Со нацрт-законот за заштита од пушење, кој денеска и официјално е објавен на електронскиот регистар ЕНЕР, се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари и тутунските производи.   Освен целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, предлог-законот изработен од Министерството за здравство предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање […]

Од Скопје до Гевгелија видливоста е само 100 метри


Сите патни правци низ Македонија се проодни, но на поединечни делници е присутна намалена видливост поради магла, соопшти ЈП „Македонија пат“. Најголема магла се забележува на правецот од Скопје до Гевгелија и на патниот правец Струмица – Валандово, каде видливоста се спушта до 100 метри. Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Снег […]

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица – Валандово


Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но во […]

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег


До 16 часот попладнево најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен, а на Попова Шапка се измерени 43 сантиметри снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во […]

ЦУК за дождовите: Најкритично околу Кичево и Битолско-Пелагонискиот регион


Источен регион – Штип Во моментов нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање. Активностите за средување на коритото на Оризарска Река во Чешиново–Облешево ќе продолжат во понеделник. Поради претходните врнежи има зачестени одрони и свлечишта, особено на патниот правец Истибања – Делчево и кон граничниот премин. ЈП „Македонија Пат“ и СВР Штип […]

Ако паѓа снег и има голомразица, ЈСП ќе ги редуцира автобусите


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските температури и најавите за можни снежни врнежи кои ќе го зафатат главниот град и околината, а се очекува да продолжат и во наредните неколку денови, можно е привремено редуцирање на одредени автобуски линии, соопштија од ЈСП попладнево. „Поради евентуална […]