Не одете по кафулиња! „Царува“ грипот во Велес


Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска за […]

Во Берово – 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег


Во Берово изутринава во 7 часот се измерени – 12 степени,  -11 во Крива Паланка, – 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови – 9.  Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор – 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница – 7,  во Гевгелија – […]

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица


Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза […]

Променливо облачно со сончеви периоди и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 13 јануари 2026 година, 13-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  352 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 25 минути. Денов трае 9 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 2 часот и […]

Алатката „е-сандаче“ функционална, „е-киоск“ делумно, а апликацијата „е-Услуги“ и проектот „е-бебе“ се на добар пат да профункционираат


Три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата мејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк, рече вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, објаснувајќи ја функционалноста на […]

Кумановци повторно на протест: бараат јавна средба со премиерот за даноците од 2020


  Кумановците кои пред години работеа во Ирак и Авганистан денеска пак излегоа на протест пред седиштето на Управата за јавни приходи во градот. Тие побараа јавна средба со премиерот Христијан Мицкоски, директорката на УЈП Елена Петрова и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Тие нагласија дека веќе имале неформална средба со премиерот и со […]

(Фото) Распишана потерница за Саит Саитов, кој усмрти жена во Капиштец и избега преку „Табановце“


На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец. Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на […]

Македонија и Косово со „Заедничка визија за Шар Планина“


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, д-р Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање.   За време на средбата, министерот Хоџа и амбасадорот Ќехаја […]

ДУИ го блокира „Сејф сити“


Под знак прашалник е дали од 1 февруари ќе започне примената на системот „Сејф сити“ за автоматско казнување на возачите, како што најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако во Собрание на Македонија сè уште не е обезбедено потребното двотретинско и Бадентерово мнозинство за усвојување на измените на Законот за прекршоците. Опозициската ДУИ, предводена […]

Лукаревска: Власта се задолжува и дели криминални тендери


Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, обвини дека Владата продолжува со опасно задолжување, додека, како што рече, секојдневно се реализираат криминални тендери во корист на фирми блиски до власта. „Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот“, изјави Лукаревска. Таа информираше дека во Собранието е поднесен Предлог-закон за ново […]

Проблемите со билетите за инвалиди да се решат во најблиското продажно место


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги информира сите корисници на годишните билети за инвалиди доколку наидат на проблем при валидација на картичките да се обратат до најблиското продажно места на ЈСП за активација и регистрација на билетот за 2026 година. Лица со посебни потреби имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето […]

Сиљановска за двете кандидатки за Судскиот совет: Не ги предложив зошто се жени, туку зошто се стручни


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието ги образложи своите предлози за избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет, нагласувајќи дека изборот е направен врз основа на стручност, компетентност, професионалност и личен интегритет. Обраќајќи се пред пратениците, Сиљановска-Давкова истакна дека реформите во правосудството мора да ги водат личности со […]

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари


 Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафичите и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот, рече денеска министерот за […]

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б


Здравствените работници и студентите на медицина и стоматологија ќе може да се пријават и бесплатно да се вакцинираат со вакцина против хепатитис Б, кои Министерството за здравство му ги донира на Институтот за јавно здравје. Двете институции денеска потпишаа договори за донација на 7.500 вакцини, со кои ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници. Министерството за […]

Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје


Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава која, како што наведуваат, директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и владеењето на правото. Од здружението информираат дека во изминатите денови, на територијата […]

Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло


До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст, соопшти УХМР. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната дневна ќе достигне 11 степени.

Нема вода во населбата Водно


Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата „Тодор Александров“ бб, денеска од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“ во населбата Водно (Општина […]

Поплавени ниви и живеалишта, но реките се повлекуваат – патот до Герман е непрооден


 Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека  во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот […]