Нормализиран сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 км пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]