И за квази факултетите што ги отвори ВМРО-ДПМНЕ виновен е СДСМ!


  ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ дека предизвикале драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија, иако множењето на универзитетите како печурки и лажните дипломи беа иновација од нивниот претходен мандат. „Наместо кон прогрес, СДСМ е партија ориентирана кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, со Законот за високо образование, што го донесоа […]

БГНЕС: Откриена е „ирачката Александрија“


Ирачката пустина откри една од своите најубави тајни. Археолозите конечно ги открија остатоците од Чаракс Спасину, древна метропола за која се смета дека е засекогаш изгубена под влијание на времето, елементите и историјата. Оваа „ирачка Александрија“, врвниот доказ за безграничната амбиција на македонскиот освојувач, повеќе не е само име во античките текстови, пишува бугарски БГНЕС. […]

Во Крива Паланка ќе се протестира против „кравите низ градот“


На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, […]

На прилепскиот карневал „Прочка“ преку 500 учесници од земјава и странство


Околу 500 маскирани учесници ќе дефилираат низ Прилеп на годинашниов карневал „Прочка 2026“. Карневалките свечености почуваат в петок со традиционалната изложба на маските, в сабота е детското карневалско дефиле, а в недела од 13 часот во центарот на Прилеп е дефилето на маските со учесници од Прилеп, од земјава и од странство. – Карневалот „Прочка“ […]

ССМ утре ќе ја блокира Владата од 11 часот за зголемување на платите


 Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.  Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите […]

Од Преспа до „Њујорк тајмс“: Желките од Голем Град го привлекуваат вниманието на светската јавност


  Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, беа во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник „Њујорк тајмс“. Текстот беше поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание „Ecology Letters“.   На островот […]

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираат од Здравствениот дом – Куманово


Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираа денеска лекарите од детскиот диспанзер при Здравствениот дом – Куманово. Градот и натаму останува меѓу општините со најнизок опфат на вакцинација во државата. Засега нема пад на имунизирани деца, но далеку е под посакуваниот опфат од 95 проценти. – За жал, Куманово сè уште стои на истото ниво. […]

Како до подобри изборни циклуси?


Во помалку од година и половина, македонските граѓани трипати излегоа на избори – за претседател, за пратеници и за локалната власт. Додека за граѓаните изборите беа можност да го остварат своето демократско право, за институциите и независните учесници тие отворија правни и организациски предизвици. И меѓународните набљудувачи повторно укажаа на потребата од подобрување на изборната […]

Не верувајте во шпекулации за превозниците, вели Министерството за транспорт


  Министерството за транспорт денеска се јави со реакција по информациите дека наводно ништо не било договорено во разговорите меѓу Европската комисија и превозниците за подолг регулиран престој во ЕУ. Министерството вели дека не треба да се верува на шпекулации (информацијата првиочно беше објавена во подгорички „Вијести“) и дека во координација со Европската комисија се […]

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни


Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Според најавите од УХМР, во среда и четврток времето ќе биде […]

Владата демантира: Законот за заштита од пушење не се одложува


  Владата демантира дека фазната примена значи одложување на имплементацијата на Законот за заштита од пушење, како што шпекулираа медиумите викендов. „Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и […]

ДЗС од терен: Поплавени куќи, евакуирани жители, свлечишта и затворени патишта


Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид. „Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во поплавените села Буковиќ и Семениште […]

Левица: Становите стануваат извор на профит за власта, место потреба за граѓаните


Владата на ДПМНЕ влезот на странски инвестициски фондови во станбениот пазар го претставува како успех и доказ за доверба во економијата. Но, вистината е дека странските фондови не инвестираат во Македонија затоа што економијата е силна, туку затоа што домувањето овдека носи екстремно висок принос, коментира Левица преку фејсбук статус.   –Додека во земји како […]

Без вода дел од Ново Лисиче


Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Алијансата за Албанците на Таравари ќе оди на конгрес


  Централното собрание на Алијанса за Албанците на крилото на Арбен Таравари на вчерашната седница донесе одлука за одлука за свикување на редовен конгрес на партијата, но не го одреди датумот. Собранието го избра организацискиот одбор кој ќе се занимава со неговата подготовка. За негов претседател беше избран Валбон ЛиманиОрганизацискиот одбор во најкраток рок ќе […]

Реките сѐ уште прелеваат, опасноста се сели на југ – во Кичево евакуирани 220 лица


По вчерашните обилни дождови во кичевбо се евакуирани 220 лица, сместени во спортската сала, а преку Црвениот крст им се доставуваат храна, облека и други потреби. Во Полошкиот регион најкритично е во селото Форино, Во Беровскиот крај има одрони, а дел од селата се без струја во Пробиштипско.    Инаку, Управата за хидрометеоролошки работи предупредува […]

Потпишување иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип меѓу Универзитетот „Гоце Делчев”, Општината и Стопанската комора на С. Македонија


Иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Северна Македонија ќе биде потпишана денеска од градоначалникот на Општината, Иван Јорданов, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и ректорот проф. д-р Дејан Мираковски.  Иницијативата, како што наведуваат од Стопанска комора ја претставува определбата на […]

Белградски „Радар“: Отворен Балкан, отворени и патиштата на дрогата


  Балканот е отворен, но и патиштата на дрогата се отворени. Неофицијално, како што е соопштено од а Македонија, операцијата за заплена на марихуана сè уште е во тек. Засега, вкупната бројка е речиси 50 тони, бидејќи по првичните 27, уште 21 тон беа запленети од фабриката „МедПлант“ во Ново Село, Струмица. Во една од […]

Без струја корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром


Без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе останат корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.  Како што информира ЕВН Македонија АД денеска без струја од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци (Општина Бутел), од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул. […]

МОН почнува со посета на универзитетите во рамки на јавната дебата за Законот за високо образование


 Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамки на јавната расправа за Законот за високо образование. Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните […]