Без вода дел од Чаир


Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка


 И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, […]

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска […]

Општина Тетово воведува автобуски превоз до Попова Шапка


Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад.   Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 […]

Сончево со мала облачност, дневна температура до 13 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 16 јануари 2026 година, 16-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  349 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути. Денов трае 9 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

ЈСП ги потсетува студентите и пензионерите да ги продолжат билетите


ЈСП Скопје сподели потсетување за корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. „ЈСП Скопје излегува во пресрет на потребите на студентите и ќе има разбирање, и во таа насока ќе прави отстапки за казнени санкции до 20.01.26 година. Замолуваме до посочениот […]

Се расчистува депонијата во Карпош – ќе се става и рампа


Од Општина Карпош денеска информираа дека општинските служби задолжени за хигиената на јавниот простор во текот на вчерашниот ден започнале со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ „Борис Трајковски“. „Оваа мини депонија веќе некој период несовесно се полни со шут и друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен […]

Протест против УЈП, кумановци негираат дека навреме добиле даночни решенија за претходните години


Продолжува протестот на незадоволни кумановци кои работеа во американски компании во базите во Ирак и Авганистан. Тие денеска потенцираа дека никогаш не добиле решенија за плаќање даноци изминативе години, побараа одговорност од надлежните во Управата за јавни приходи. На денешниот протест укажаа дека нивното делување е исклучиво граѓанско, немаат никаква политичка поврзаност и категорично се […]

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија


 Куче од расата лабрадор, наречено Роџер, е вклучено во терапевтскиот процес на Универзитетската клиника за психијатрија. – Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува збор за 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој го удомивме неодамна и кој за исклучително кратко време се приспособи и на персоналот и на пациентите […]

Угостителите во Кочани се согласија во март да почнат да ги отстрануваат бесправните тераси


Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани денеска остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок.   На средбата, градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите […]

Пикот на вирусот на грип на крајот на месецот до средината на февруари, нема продолжување на зимскиот распуст


 Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да […]

Како жените од маргинализираните заедници се борат со секојдневна дискриминација – и зошто институциите мора да ги слушнат


Дискриминацијата ретко изгледа драматично на прв поглед. Таа најчесто доаѓа тивко – во форма на затворена врата, одбиен термин, игнориран повик, поглед полн сомнеж или реченица кажана со рамнодушност. За голем дел од жените од маргинализираните заедници во Скопскиот регион, ова не се изолирани ситуации, туку секојдневие. Нивната борба не е само за подобар живот, […]

Глутница кучиња скитници од депонијата Мегленци им ги јадат овците на сточари од Пелагонија


  БИТОЛА – Како деца плачат сточари од пелагониското село Суводол раскажувајќи каков страв имаат од глутница кучиња скитници, повеќе од педесетина на број, кои им ги напаѓаат стадата овци. Кучињата се лоцирани околу дивата пелагонска депонија Мегленци, а во потрага по храна ги напаѓаат трлата. Според мештаните кучињата, веќе делуваат како диви животни и […]

Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци


Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.  Во соопштение до јавноста, директорката Гордана Ѓорчева-Камчева изрази сочувство до родителите и појасни […]

Оглас за закуп на шанк во паркот „Авионче“


Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk.   Предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, лоциран во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Објектот располага со кафе-бар, кујна, тоалети, […]

Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во состојба да ги мобилизира сите ресурси за евакуација на македонските државјани од Иран, иако до овој момент ниту еден граѓанин не побарал помош, информира денеска министерот Тимчо Муцунски. Поради тенденцијата на влошување на безбедносната состојба во Иран, Муцунски потсети дека Министерството веќе упати официјален повик до […]

Балканската рута пресушува, Фронтекс извести за голем пад на нелегалната миграција


  Бројот на нелегални гранични преминувања во Европската унија се намали за повеќе од една четвртина во 2025 година во споредба со претходната година, според податоците од агенцијата на ЕУ за контрола на границите, Фронтекс. Агенцијата со седиште во Варшава во четвртокот соопшти дека минатата година регистрирала нешто помалку од 178.000 обиди за премин, што […]

УХМР: Викендов постудено – дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините


 Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег […]

„Безбеден град“ да казнува и за фрлање ѓубре од возила, се бара со петиција


Невладината организација „За почиста Македонија“ успешно собра 1.000 потписи и поднесе официјална петиција до Владата и МВР за унапредување на системот „Безбеден град“. Барањето е овој систем да се користи и за детекција и санкционирање на граѓаните кои фрлаат отпад од своите возила. Од организацијата посочуваат дека технологијата за видео-надзор, која веќе е активна на […]