Зголемена цената за паркирање за вработените во Клинички, за пациентите останува иста


Советот на Град Скопје денеска ја усвои одлуката со која цената за месечно паркирање за вработените во Клиничкиот центар се зголемува на 800 денари, додека цената за паркирање за пациентите останува иста. Според градоначалникот Петре Шилегов, со ова се врши усогласување со цените што ги плаќаат граѓаните за услугите на ЈП „Градски паркинг“, а се …

Зголемена цената за паркирање за вработените во Клинички, за пациентите останува иста Read More »

Во Крива Паланка собрани 73 единици крв


Вкупно 73 единици крв се собрани на денешната крводарителска акција, која се оддржа во спортската сала на општинско основно училиште „Јоаким Крчовски“, зграда Партизан во Крива Паланка. Акцијата е последна за тековната 2018 година во организација на Црвен крст на Република Македонија-општинска организација Крива Паланка. -Тим од петмина претставници на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје заедно …

Во Крива Паланка собрани 73 единици крв Read More »

Саем за невладини: Заедно до подобро општество


Волонтерската работа била и засекогаш ќе остане најдобриот начин за постигнување на активно граѓанство преку различни форми на вклучување на луѓето во изградбата на општеството. Во минатото волонтерството најмногу било нагласено во акциите за спасување, градење, и расчистување на просторот после временските непогоди. Денес волонтерството, како алутуристичка работа е препознаена како работа преку која не …

Саем за невладини: Заедно до подобро општество Read More »

Кисела Вода излегува на протести


Жителите на Кисела Вода од денеска излегуваат на протести. Се бара дислокација на Центарот за зависности, кој со години е горлива тема за властите во оваа скопска општина. Граѓаните се жалат дека центарот не ја исполнува својата цел, туку е дувло на зависници од дрога. Денешниот протест е закажан за 17 часот пред споменикот на …

Кисела Вода излегува на протести Read More »

Општина Центар поништи одобрение за катна гаража во центарот на Скопје


Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, донесе Решение за огласување на ништовност, односно поништување на одобрение за градба на инвеститорот АНГО ДООЕЛ Скопје за објект од втора категорија со намена за Е2 Комунална субструктура – катна гаража на улицата „11 Октомври“. Инвеститорот, како што соопшти општина Центар, добил одобрение за градење на катната гаража на …

Општина Центар поништи одобрение за катна гаража во центарот на Скопје Read More »

Шилегов за „Независен“: Им се извинувам на граѓаните што играв на телефонот


Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов предизвика огромни реакции во јавноста откако протекоа снимки на кои се гледа дека игра игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето. Во интервју за „Независен весник“, кое ќе го објавиме во саботното издание на весникот, Шилегов признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува …

Шилегов за „Независен“: Им се извинувам на граѓаните што играв на телефонот Read More »

Филипче: Во дебатата за новиот Клинички центар ја вклучуваме и опозицијата


Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев разговараа со пратеници од македонското Собрание за можните локации за изградба на нов Универзитетски клинички центар. Од Министерството за здравство велат дека целта е да се вклучи и опозицијата во дебатата, а средбата се одржала вчера попладне во македонското Собрание. Биле презентирани предложените локации со цел …

Филипче: Во дебатата за новиот Клинички центар ја вклучуваме и опозицијата Read More »

УНИЦЕФ: Се намалува бројот на деца инфицирани со ХИВ


Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) соопшти дека бројот на младите кои имаат ХИВ до 2030 година би можел да се намали за една третина, на 1,9 милиони луѓе, додека бројот на деца кои годишно умираат како последица од вирусот би можел двојно да се намали на 56.000. УНИЦЕФ во најновиот извештај наведува дека намалувањето …

УНИЦЕФ: Се намалува бројот на деца инфицирани со ХИВ Read More »

Oтворена ПЗУ „Еуроиталиа“


Вчера попладне свечено беше отворена  ПЗУ „ЕУРОИТАЛИА“ во општина Петровец. Прв човек на оваа болница е италијанскиот бизнисмен Алберто де Лука, кој повеќе од 30 години инвестира во медицинската сфера. На отворањето беа присутни многу лица од медицината, како министерот за здравство, Венко Филипче, познати доктори, амбасадорот на Италија во Македонија и други лица од здравствениот …

Oтворена ПЗУ „Еуроиталиа“ Read More »

Пападимулис: Оптимист сум дека Преспанскиот договор ќе биде комплетиран


Грчкиот европратеникот од Сириза, Димитриос Пападимулис, по средбата со македонскиот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски, изрази увереност дека Преспанскиот договор ќе биде усвоен во двете земји. -Нашата дискусија се разви околу настаните во врска со односите на нашите две земји и генералната ситуација на Балканот. Заедничка точка е потребата, но и оптимизмот, ако …

Пападимулис: Оптимист сум дека Преспанскиот договор ќе биде комплетиран Read More »

Убавите куќи убаво горат во Дебар Маало


Сопственикот на кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало вчера беспомошно гледаше во остатоците од изгорениот објект. Едни работници ја оспособуваа струјата, а други се обидуваа да го отстранат изгореното дрво пред ресторанот, кое не се даваше и жилаво се трудеше да остане на местото. Од познатиот локал остана само конструкцијата. Во внатрешноста има само пепел. …

Убавите куќи убаво горат во Дебар Маало Read More »

(ВИДЕО) Шилегов си игра игрици на мобилен додека се дискутира за загадувањето


Во Собранието денеска имаше јавна расправа за справување со енормното загадување. Меѓу присутните беше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој треба да говори кои мерки ќе ги преземе градот. Но, додека траеше расправата таткото на Скопје си играше игри на својот мобилен телефон, јавува ПресингТВ.  

Обложувалниците од Албанија се селат во Македонија и Косово


По одлуката Албанија да ги затвори обложувалниците тие сега се селат во Македонија и во Косово, каде овој бизнис се смета за законски, изјави Артан Шити, претседател на друштвото на обложувалници. Според него, многу албански компании од оваа дејност и претходно имале ваква активност во Македонија и Косово. -Иако има еден месец до крајниот рок, …

Обложувалниците од Албанија се селат во Македонија и Косово Read More »

Уништени и оштетени над 100 гранични камења на границата меѓу Грција и Македонија


Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција. Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти, јави дописничката на МИА од Атина. …

Уништени и оштетени над 100 гранични камења на границата меѓу Грција и Македонија Read More »

Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски


Дали ќе се побараат одговори од Унгарија за дадениот азил на Груевски, а доколку ставот на Будимпешта покренува прашања, кои чекори ќе се преземат за земја членка на унијата да не го попречува функционирањето на правдата во земја кандидат, се прашањата кои европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу ги достави до високата претставничка на ЕУ за …

Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски Read More »

Заев му нудел на Јовановиќ место во советничкиот тим


Премиерот Зоран Заев му нудел место во својот советнилки тим на лидерот на опозициската ЛДП во Србија, Чедомир Јовановиќ. Како што објавува белградски „Блиц“, на Јовановиќ му било понуден да биде советник за регионална соработка и за европски интеграции. Како што пишува „Блиц“, повеќегодишните добри релации меѓу Заев и Јовановиќ биле интензивирани за време на …

Заев му нудел на Јовановиќ место во советничкиот тим Read More »

Хепатит пренесен од стаорец на човек, научниците се загрижени


Шангај – Во Хонг Конг е забележан втор случај во кој човек е заразен од вирус на хепатитис Е по контакт со стаорец, објави „Сајнес алерт“. Тоа предизвика загриженост кај кинеските лекари, бидејќи еден случај може да биде аномалија или случајност, но појавата на втор случај на зараза значи дека болеста се пренесува меѓу различни …

Хепатит пренесен од стаорец на човек, научниците се загрижени Read More »

Без електрична енергија делови од Скопје


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава и селата Алдинци, Караџица, Драчевица, Цветово, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Китка, …

Без електрична енергија делови од Скопје Read More »

Почнува новогодишното украсување на Град Скопје


Новогодишното украсување на Град Скопје започнува од вечeрва. Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, …

Почнува новогодишното украсување на Град Скопје Read More »

Катругалос: Немам никаков сомнеж за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент


Убеденост дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, велејќи дека „нема никаков сомнеж за тоа“, изрази алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, говорејќи од Солун, од четвртиот министерски состанок, во интервјуто за третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ. – Немам никаков сомнеж дека Договорот од Преспа ќе биде …

Катругалос: Немам никаков сомнеж за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент Read More »