Кисела Вода излегува на протести


Жителите на Кисела Вода од денеска излегуваат на протести. Се бара дислокација на Центарот за зависности, кој со години е горлива тема за властите во оваа скопска општина. Граѓаните се жалат дека центарот не ја исполнува својата цел, туку е дувло на зависници од дрога. Денешниот протест е закажан за 17 часот пред споменикот на Тодор Александров.