УНИЦЕФ: Се намалува бројот на деца инфицирани со ХИВ


Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) соопшти дека бројот на младите кои имаат ХИВ до 2030 година би можел да се намали за една третина, на 1,9 милиони луѓе, додека бројот на деца кои годишно умираат како последица од вирусот би можел двојно да се намали на 56.000.

УНИЦЕФ во најновиот извештај наведува дека намалувањето на бројот на заразени и заболени деца е добра вест, но оти таквиот процес и понатаму е бавен.

До 2030 година би можеле да бидат заразени 270.000 млади лица до 19 години, од кои најголемиот број во Африка, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ.
Според УНИЦЕФ, се лекуваат само половина од ХИВ позитивните деца до 14 години.

Извештајот, што е објавен пред Светскиот ден на борба против СИДА-та, е од посебно значење за Африка, каде се очекува двојно зголемување на популацијата до 2050 година.