Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје


Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода, информира АМСМ. Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица. Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираше дека поради …

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје Read More »

Пензионери од Општина Гази Баба ја добија најавената финансиска поддршка од 2.500 денари


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска 510 пензионери со ниски примања ја добиле најавената финансиска поддршка, за која истакна дека значи повеќе сигурност и достоинство за највозрасни сограѓани. „Денес 510 пензионери со ниски пензии од Општина Гази Баба добија на своите сметки по 2.500 денари директна помош – средства што за многумина …

Пензионери од Општина Гази Баба ја добија најавената финансиска поддршка од 2.500 денари Read More »

Нов спортски комплекс во Кратово – секој град заслужува квалитетни спортски услови


Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура низ цела држава. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, денеска свечено го пуштија во употреба новиот, целосно реконструиран спортски центар. Овој современо уреден спортски комплекс во Кратово, во кој Министерството за спорт …

Нов спортски комплекс во Кратово – секој град заслужува квалитетни спортски услови Read More »

Апелација определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија


Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите …

Апелација определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија Read More »

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна


 Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот за стореното кривично дело на обвинетиот му изрече …

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна Read More »

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода


Сообраќајот на регионалниот пат Маврово – село Галичник е целосно во прекин поради сообраќајна незгода. -Околу 12:10 часот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник кај кривината, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е целосно во прекин, соопшти АМСМ. 

Компресивна облека носат 58 пациенти од Кочани, порачани се и креми


Педесет и осум лица кои беа повредени во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“ веќе носат компресивна облека и имаат видиливи позитивни промени на лузните, рече д-р Катерина Папиќ-Мирчовска, директорка на Општата болница во Кочани. Во пожарот загинаа 62 лица, околу 200 беа повредени, а уште 10 се на болничко лекување, по петмина …

Компресивна облека носат 58 пациенти од Кочани, порачани се и креми Read More »

Јанчев: Над 800 лица се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“


Над 800 лица од повеќе субјекти надлежни во различни сегменти, активно се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на Совет на Општина Кавадарци. Тој појасни дека за таа безбедност да биде на највисоко можно ниво, редовно се изработува елаборат со вклученост на повеќе страни од стручен аспект.  …

Јанчев: Над 800 лица се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“ Read More »

Манев: Во Народна банка работи лицето што го уништи ранецот со пиштолот и моторолите


  Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани. – Ова е …

Манев: Во Народна банка работи лицето што го уништи ранецот со пиштолот и моторолите Read More »

Таткото на Вања го праша Палевски зошто му е убиена ќерката


На денешното рочиште за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, пред судот се обрати и таткото на Вања, обвинетиот за помагање при нејзиното грабнување, Александар Ѓорчевски. Тој истакна дека и по месеците судење, чувствува дека вистината сè уште не е откриена до крај, пренесе Скопје1. „Од почетокот на самото судење имаше …

Таткото на Вања го праша Палевски зошто му е убиена ќерката Read More »

Обвинителство бара ефективен притвор за Васев од Онкологија, а тој – да се брани од слобода


Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.  Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека …

Обвинителство бара ефективен притвор за Васев од Онкологија, а тој – да се брани од слобода Read More »

Одбраната на Палевски бара ослободителна пресуда; Манев: Испаднав будала


Во моментов во Кривичниот суд адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски ги чита завршните зборови со кои се спротивставува на обвинението за двојното убиство и киднапирањата на Вања и Панче. Од Судот побара да го ослободи Палевски бидејќи немало докази дека тој учествувал, соработувал и го потикнувал грозоморниот чин, со тоа целата вина ја префрли кон …

Одбраната на Палевски бара ослободителна пресуда; Манев: Испаднав будала Read More »

Стопирана незаконска градба на објект во Старата охридска чаршија


Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.    При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно …

Стопирана незаконска градба на објект во Старата охридска чаршија Read More »

Денеска пресуда за Мерко за назначување директори во училишта во три струшки села


 Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска ќе ја чуе пресудата по предметот што против него се водеше пред Основниот суд во Струга, во кој тој беше обвинет за „несовесно работење во службата“ и нерегуларности при назначување вршители на должноста директори на основни училишта во струшките села Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го …

Денеска пресуда за Мерко за назначување директори во училишта во три струшки села Read More »

Без струја делови од Аеродром и Карпош


Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците во околината на објектот „Еквилибриум“ на улица „Руди Чајевац“ во Општина Аеродром. Во периодот од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од  корисниците од улица „Ванчо Мицков“, а од 10:30 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Кнез Трпимир“ и …

Без струја делови од Аеродром и Карпош Read More »

Амбасадорот на ЕУ Рохас во посета на Крива Паланка


Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе ја посети општина Крива Паланка како дел од иницијативата за информирање на јавноста која има за цел да ја доближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните граѓани. Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Сашко Митовски, како и …

Амбасадорот на ЕУ Рохас во посета на Крива Паланка Read More »

Нестабилно со дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 …

Нестабилно со дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 20  јуни 2025 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 194 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја


Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски додавајќи дека тоа ќе се случи пред локaлните избори што ќе бидат најверојатно околу 15 октомври.  МВР веќе има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со …

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја Read More »

Објавен повикот за набавка на автобуси за јавен превоз и станици за полнење


Огласот за набавка на автобуси за јавен превоз на патници и станици за полнење, објавен е пред два дена, а понудувачите имаат еден месец да се пријават. Со оваа набавка се најавуваат 120 нови електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град Скопје, а останатите во општините што имаат воспоставено јавен градски …

Објавен повикот за набавка на автобуси за јавен превоз и станици за полнење Read More »