Пред четири години ја реконструираше Арсовска, сега Ѓорѓиевски ја прекопува улицата „Перо Наков“


Целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“ почна денеска во соработка на Град Скопје со општина Гази Баба. – Станува збор за улица од исклучително значење за локалното население и за целата општина, која со години беше во катастрофална состојба и претставуваше вистински предизвик за безбедно и нормално движење  – вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. […]

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег


До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти УХМР. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе […]

Платите во здравството ќе растат во март, но нееднакво


Во март следува натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. – Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор […]

(Во живо) Преку еден портал на ФЗОМ граѓаните ќе стигнуваат до потврди од областа на здравството


Воведување на нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Станува збор за услуги кои директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар за институциите и граѓаните и го елиминираат непотребното ќекање и физичкото присуство на шалтери. За правни лица, овозможена е електронската […]

Дефекти со струјата, голомразица и скратени линии на ЈСП – ЦУК со извештај по снежните врнежи


Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за состојбата на терен до 09:00 часот, по последните врнежи од снег во државата. Според информациите, во неколку региони се соочуваат со проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија. Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за состојбата на тереноб до 09:00 часот, […]

Герасимовски: Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности, јавен повик за граѓанските организации


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации што дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година. Средствата, како што информираат од Општина Центар, се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микробизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните […]

На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри


Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР. Измерени биле -4 Целзиусови степени на Попова Шапка, -3 – Kрушево, -2 – Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 – Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија. […]

Дивиот растителен свет во Преспа е контаминиран со 19 различни пестициди – најмногу во околината на Претор и Ресен


Само земјата во Стење и во Голем Град во Преспа не е контаминирана во текот на годината, додека земјата околу ресен и Претор е загадена со пестициди и во есен и во пролет, покажува истражувањето кое го направија студенти и професори одФармацевтскиот факулетет.    Во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо […]

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, се препорачува внимателно возење


Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната […]

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 22 јануари 2026 година, 22-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  343 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 36 минути. Денов трае 9 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Објавена ранг-листа на воено најмоќните земји во светот: Македонија на 112-то место


Американскиот сајт „Глобал фајерпауер“, специјализиран за анализа на воените капацитети на државите, го објави новогодишното рангирање на најсилните воени сили во 2025 година. На таа листа, Македонија е позиционирана на 112-то место од 145 рангирани армии. Индексот на глобална фајерпауер не го мери само бројот на тенкови, авиони или војници. Рангирањето се базира на повеќе […]

Антикорупциска ги демантира наводите на Левица за наводниот „октопод“


  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на брифинг ги отфрли наводите на Левица дека во институцијата постои политичка мрежа на влијание, судир на интереси и селективно постапување по предмети. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, оцени дека обвинувањата се неосновани и целосно спротивни на начинот на кој функционира ДКСК. Левица претходно објави соопштение […]

Нов протест пред Цементарницата „Усје“


  Голем број граѓани и попладнево се собраа на протест на раскрсницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во близина на Цементарницата „Усје“ во Скопје за да го искажат својот револт заради огромното загадување на воздухот во градот. Граѓаните уште еднаш ги повторија своите ставови дека индустрискиот капацитет е голем причинител на загадувањето и повторно […]

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење


Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопшти вечерва АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со […]

Минчев повторно најавува: Нема веќе недопирливи и доживотни функции!


Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во Македонија. Управните одбори се сведуваат на најмногу три члена, а статусот в.д. станува исклучок, строго временски и правно ограничен, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев, презентирајќи го предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.На јавната дебата, Минчев нагласи дека со предложеното законско […]

Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси момче што скокна по крстот


Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, јавно го пофали спасувачот Даниел Раевски за неговата храбра и навремена интервенција за време на централниот настан по повод Богојавление – Водици во Скопје, кога од студените води на Вардар беше извлечен давеник. „Има нешто во тоа што е од Бутел, има и во тоа што порасна во Таеквондо […]

Поранешниот директор на Геријатрија доби четири години затвор за барање мито


Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги […]

За Обвинителството некредибилни се тврдењата дека заѕиданите пари се на родителите, а не на Ристов


Тврдењето на родителите  судијата Ѓоко Ристов, дека парите што беа најдени соѕидани во куќата не биле негови туку на родителите, и тоа не од нечесни активности , туку од земјоделие – не е уверлива за истражителите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. На денешниот брифинг со новинарите обвинителката Искра Хаџивасилева откри повеќе […]

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен


Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски. Новиот член треба да го замени досегашниот член Селим Адеми. -Сакам да ја информирам Комисијата дека добив писмено известување од страна на претседателот на Собранието со коешто […]