Без струја дел од општините Сопиште и Илинден


 Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе останат дел од жителите на село Добри Дол,  општина Сопиште.  Во периодот од 9:00 до 15:00 часот денес без струја ќе бидат дел од корисниците во село Кадино кон црквата „Св. Илија“, улица „6“, општина Илинден. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 26 јануари 2026 година, 26-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  339 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 16 часот и 34 минути. Денов трае 9 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

МВР поднесе кривична пријава против судијата „ѕидар“


  Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од […]

Судскиот совет му го одзеде имунитет на судијата Ѓоко Ристов


  Судскиот совет денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската […]

Лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – граѓанте да внимаваат


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој […]

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов


Судскиот совет на Република Северна  Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов.  – Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 535. итна седница на 20.1.2026 година (вторник), со почеток во 15.30 часот, со предлог. […]

Утре, насекаде снег – во Скопје послабо


Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.   Во Скопје, претежно облачно со повремени […]

Алиу: Ги забрануваме сите никотински производи со овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови


Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето. Целта е да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според […]

Независниот синдикат на полицијата реагира дека новите возила завршиле кај командири и началници


Претседателот на Независен синдикат на полицијата (НСП), Мартин Ефремов, денеска доставил писмена реакција до Министерство за внатрешни работи, во која реагира на распределбата на новите службени возила во МВР. Според синдикатот, и оваа набавка, како и претходните, во голем дел завршила кај командирите и началниците, наместо кај полициските службеници кои секојдневно работат на терен. „Доколку […]

Факиќ: Ако останат измените на Кривичниот закон за јавните набавки, корупцијата ќе „процвета“


Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, организација која со децении ги следи јавните набавки, ги оцени негативно предложените измени во Кривичниот законик во делот за јавните набавки, со забелешка дека ако влезат вака како што се предложени, ќе доведат до поголема неказнивост на корупцијата во државата.  „Во однос на предложеното решение за кривичното дело […]

Се бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор, соопштуваат од ОЈО ГОКК. -Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази […]

Почнува реконструкција на јавните згради по европски стандарди – енергетски ефикасни


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата. Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за […]

На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка


  На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Таа посочи дека […]

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба


На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со […]

Анел Фидоски на чело на скопското обвинителство


  Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, одлучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа. Со оваа одлука, Фидоски ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата, […]

Две момчиња завршија во болница вчера поради премрзнување во Вардар


Две млади момчиња, на возраст од 20 и 26 години, завршија во болницата „8 Септември“ поради премрзнување, откако учествуваа во традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици. Иако биле пренесени во болница, нивната здравствена состојба е стабилна. Оваа година условите во реката беа особено предизвикувачки, а студената вода и високиот […]

„Гардијан“ објави голема репортажа од Вевчани


Британскиот угледен веснуик „гардијан“ објави репортажа од фестивалот во Вевчани, оценувајќи дека е уникатен настан во Европа. Притоа, весникот споменува дека традицијата започнала пред повеќе од 1.400 години и целото село е трансформирано во театар на отворено, привлекувајќи илјадници посетители. Низ повеќе фотографии медиумот ја доловува атмосферата на фестивалот. „Се носат маски и вклучуваат ѓаволи, […]

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка


 Утринските температури во земјава се значително ниски, при што во Берово се измерени -11 степени целзиусови. Следат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со -10 степени, Скопје-Петровец со -9, а -8 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип термометрите покажаа -7 степени. […]

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“


Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои […]

Седница на Совет на ЈО, треба да се бира нов шеф на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски повторно сака избор


 Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.   Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил […]