Почнува второто полугодие за учениците


За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почнува второто полугодие. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие. -Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. […]

Променливо облачно со повремен снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 12 до минус 2, а максималните ќе достигнат од минус 2 […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 20 јануари 2026 година, 20-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  345 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 16 часот и 34 минути. Денов трае 9 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна


Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. – Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште […]

Градоначалникот на Крива Паланка во водите на Крива Река по светиот крст


Денес, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во ледените води на Крива Река, во чест на светите води и вековната православна традиција. Во духот на вековната православна традиција и со искрена почит кон верниците, Крива Паланка и годинава достоинствено го одбележа празникот Богојавление […]

Каде е судијата Ѓоко Ристов – го исклучил телефонот и отишол на боледување?


Потрагата по уште пари од сомнително потекло и докази против осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов продолжува и вчеравечер, според официјалните изјави од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).   Но МВР и Обвинителството не кажуваат дали е тука судијата Ристов, кај чии родители во Неготино денеска во ѕид од домот беа пронајдени соѕидани […]

Дарко Митровиќ го изваде светиот крст од Вардар во Скопје


Скопјанецот  Дарко Митровиќ беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар. На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 граѓани, од кои едно беше […]

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека ќе се реализира ветувањето за завршување на автопатот Кичево-Охрид на кој како што вели се работи интензивно и се користат современи техники за да се стабилизираат косините. – Да, тоа е ветување и така ќе биде, не можам да ги предвидам временските услови, дали декември, дали […]

Мицкоски: Да ја градиме државата со чесност


Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.  – Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како […]

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје – еве кои улици се затворени


Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска поради празникот Водици. Како што информираат од МВР, денеска (19.01.2026) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце […]

Започнува тестирањето на камерите на „Безбеден град – од утре ќе се затвораат сообраќајници низ Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата […]

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид


Годинава Мартин Гоџо е среќниот фаќач на Светиот Крст од водите на Охридското Езеро.  Оваа година првпат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив Чесниот крст го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј. На манифестацијата меѓу многубројни верници присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.  Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа […]

Сиљановска: Осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното […]

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка


Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -12 степени, по што следуават со -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Kрушево и Виница. Во Велес, Пожаране и Тополчани, Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира – 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип,  – […]

Д-р Зафировски: Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје е приоритет


Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје, особено здравјето на младите и непушачите, е приоритет, во изјава за МИА потенцираше пулмо-алергологот, примариус доктор специјалист Оливер Зафировски, директор на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Со доктор Зафировски разговаравме околу новиот закон против пушење. – Според спроведените анализи […]

РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојниот верски празник Богојавление – Водици апелира до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи. Од РСБСП информираат дека се […]

Собраќајот по наместа влажни коловози, нема задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти изутринава АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ Скопје денеска ќе работат од 7:30 до 15:30


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 7:30 до 15:30 часот. Од утре ќе се продолжи со редовно работно време.

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда


Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба. – Со хуманитарен, натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – […]