Српската премиерка Брнабиќ во официјална посета на Северна Македонија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ. Како што информираат од Владата на Северна Македонија, посетата ќе започне со отворањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево. Брнабиќ, освен со Заев ќе има оствари средба и со претседателот […]

Каде е кртот?


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција мора што побргу да одговори како исказ даден во истрага која сè уште е во тек осамна на портал, велат правните експерти. Според нив, објавувањето на записникот од сведочењето на сведокот во случајот „Рекет“, Орце Камчев, не би требало да ја искомпромитира истрагата затоа што во […]

Патарината кај Гевгелија од утре почнува со работа


Наплатната станица Гевгелија од утре ќе започне со работа. Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина. Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе […]

Ахмети: Последните настани со „Рекет“ не се сценарио


Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат. – Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио […]

ДУИ го промовира реконструираниот регионален пат Гостивар-Србиново


Партиското ракводство на ДУИ во присутво на претставниците на здруженија на иселеници и локални жители го промовираа асфалтирањето и реконструкцијата на регионален пат Гостивар-Србиново. Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во придружба на потпретседателот, Невзат Бејта и претседателот на парламентот, Талат Џафери пратеничката Мирсада Емини и директорот „Македонија пат“ разговараа и локалните […]

Манчевски: ААВМУ застана во одбрана на лажни вести


Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил напиша дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ААВМУ одлучила да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. -Според кои стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести. На порталот […]

Пожар меѓу охридските села Косел, Опеница и Вапила, заседава кризниот штаб


Општина Охрид ги ангажира сите распололживи ресурси за гаснење на пожарот што од вчера зафати делови на шума и нискостеблеста вегетација на потегот меѓу селата Косел, Опеница и Вапила. Во моментов заседава општинскиот Кризен штаб во присуство на градоначалникот Константин Георгиески, со цел координација во справувањето со стихијата. Во гаснењето се вклучени екипи на теиторијалната […]

Дожд и грмежи до вторник, но со високи температури


До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Од среда следи период на стабилно и суво време, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Прогноза на УХМР за денеска предвидува […]

Приведен тетовец кај кого е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка


Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно […]

Регистрирани 39 прекршоци во полициска контрола за брзо возење во Скопје


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 24.08.2019 година во рамки на акциската контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, регистрира вкупно 35 прекршоци, за што се издадени соодветни казни. Од МВР информираат […]

Специјалната обвинителка во „специјален“ оддел во затворот во Шутка


Во посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор. Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.  -Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш […]

Полицаец со лажна диплома 17 години работел во МВР


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од ресенското село Асамати, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот во периодот од 17.06.2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование, во […]

Упис на Скопскиот универзитет на 29 и 30 август


На 29 и 30 август на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и […]

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници


Министерот за здравство Венко Филипче, по дилемите и шпекулациите за функционирањето на Детската кардиохирургија со концептот јавно – приватно партнерство откако кардиохирургот Владимир Чадиковски замина од клиниката „Жан Митрев“ и неговиот ангажман го продолжи во клиниката „Систина“, вели дека концептот останува, а операциите на децата ќе се извршуваат во двете приватни болници со истиот износ […]

ЗНМ и СЕММ: Медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби -ЗНМ и СЕММ сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари. Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку […]

Русковска ја потврди веродостојноста на фотографијата само на првата страница од исказот на Камчев


Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја потврдува веродостојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот, во кој се наведуваат цитати од исказ на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја“, објавени вчера на дел од порталите. Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот. […]

Независниот полициски синдикат бара да престанат притисоците врз неговите членови


Независниот синдикат на полицијата бара од Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски да прекинат постапките против нивните членови и да престанат, како што велат, притисоците за растурање и целосно контролирање на синдикатот. Портпаролот на НСП Дејан Саздов, на денешната прес-конференција, го повика министерот Спасовски да одговори зошто најголемиот дел од претседателите на синдикалните […]

Ременски: Барам извинување, во спротивно ќе се приклучам на тужбата


Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски се огласи по повод текстовите на порталите „Република“ и „Инфомакс“, во кои се наведува нејзина наводна инволвираност во случајот „Рекет“. – Ничие право не смее да загрози право на друг. Тоа се границите на сите слободи и права на граѓаните. Медиумите како придобивка на демократијата имаат и право и обврска […]

Прилеп прв во Македонија доби еколошки и поевтин градски превоз


Прилеп, прв во земјава доби еколошки и поевтин градски превоз. Со 60 милиони денари од локалниот буџет, градот набави четири нови автобуски за градскиот превоз на метан, што беа пуштени денеска, во присуство на премиерот Зоран Заев. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, автобусите не само што ќе обезбедат еколошки градски превоз, туку и двојно поевтин […]

Заев: Институциите веднаш да назначат в.д. специјален јавен обвинител


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев испрати јавна порака до надлежните органи да најдат решение за избор на вршител на должност на СЈО и да не се дозволи ниту еден предмет да биде загрозен. – Сега, веднаш треба да се најде решение за вршител на должност на СЈО како времено решение, а потоа […]