Северна Македонија и Кипар ќе воспостават дипломатски односи


Грција – На маргините на неформалниот состанок во Хелсинки на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, шефовите на дипломатиите на Република Северна Македонија и Република Кипар, ќе имаат средба и ќе потпишат документ за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. Средбата на Никола Димитров со Никос Христодулидис […]

ВМРО сака да ја предложи новата Катица


Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и […]

Прв состанок на работната група за ветинг во МВР


Работната група за ветингот во МВР денеска треба да го одржи првиот состанок. Како што најави неделава државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, состанокот треба да го отвори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Работната група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој ќе се достави до Владата на усвојување. На Шестата сесија […]

Почнува комисиската расправа за Законот за ЈО, но и за планот Б


Во Собранието денеска треба да почне комисиската расправа за Предлог законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО, а за кој Парламентот во вторникот одлучи да се носи по скратена постапка. На седницата на матичната Комисија за европски прашања, на дневен ред е и Предлог законот за изменување […]

Советот на јавни обвинители треба да донесе одлука за Јанева


Советот на јавни обвинители денеска ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев […]

Димитров на министерски состанок на членките на ЕУ и земјите-кандидати


На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и Пека Хаависто, министер за надворешни работи на Финска, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре, во Хелсинки, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на […]

Началникот на хрватската војска во посета на МО и ГШ на Армијата


Во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија од денеска ќе претстојува висока делегација на вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на генералштабот на хрватската војска, генерал Мирко Шундов. Генералот Шундов во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката […]

Почнува уписот на УКИМ, слободни 10 710 места


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има  5402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4273 и за вонредни […]

Сончево и топло до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 25 до 38 степени. Во Скопје и околината сончево и топло со утринска температура до 16 […]

Статусот на Вангеловски замрзнат до есен


Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, сепак, ќе почека до есен за да дознае дали ќе биде разрешен од функцијата. Иако прашањето за утврдување негова одговорност требаше да се отвори на вторничката седница на Судскиот совет, оттаму стигна информација оти таа точка воопшто не била планирана на дневниот ред. На состанокот, продолжила расправата за одговорноста […]

Кралот на марихуаната Биг Мајк: Македонија ќе биде европска суперсила на канабисот


Американскиот Крал на марихуаната или повеќе познат како Биг Мајк е заинтересиран за инвестирање во Македонија. Тој е еден од најбогатите луѓе во САД кои се занимаваат со производство на канабис за медицински и рекреативни цели.   View this post on Instagram   Just met with Prime Minister @zoranzaev of the Republic of #NorthMacedonia, and […]

Циркус во „Идризово“: Осудените од Диво Насеље бараат пари преку „Фејсбук“


Осудените за настаните од кумановското Диво насеље го дигнаа на нозе затворот „Идризово“. Дел од нив, користејќи мобилни телефони, формирале група на социјалната мрежа „Фејсбук“ и се вклучија во живо со песна, кафе и цигари, барајќи донации за нивните и семејствата на загинатите борци од сите Албанци. Најавија дека редовно ќе го прават тоа, но […]

Жерновски: Младите можат да заминат во државите-членки на ЕУ за волонтерски активности


Со вчерашната ратификација на Спогодбата за учество на државава во „Европскиот корпус на солидарност“, младите луѓе од земјава можат да аплицираат за проекти во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова денеска го напиша на својот фејсбук профил заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски. – Младите лица, на возраст од 18 до 30 […]

Заев: Капиталните инвестиции се двојно поголеми


Капиталните инвестиции одат задоволително и се двојно поголеми од минатата година, оцени денеска премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на прославата на Денот на рударите во радовишки Бучим. – Крајот на септември, пред да почнеме во четвртиот квартал, бројките ќе бидат јасно видливи, заради тоа што гасификацијата оди со одлично темпо, преку 70 посто. Слушнавте министерот […]

Заев: Најдобро решение за обвинителството е она донесено со консензус


Најздравото решение за обвинителството е она донесено со консензус, порача претседателот на Владата Зоран Заев по денешната посета на рудникот „Бучим“ во Радовиш. Забележа дека министерката за правда Ренета Дескоска за планот Б за обвинителство не кажала ништо ново. – Никој не посакува да бараме решение така притиснати од време, сите седнати на маса, политичарите, […]

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ ископале дупка, велат гасовод направиле


  Во моментов во Македонија се градат најмногу патишта во последниве 30 години. И тоа јасно може да се види, одговори министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на забелешките на опозицијата. „Да отидеме во која сакате општина, не само во градовите, туку и околу, ќе видите. Реконструкција правиме на преку 500 километри патишта. Во […]

Варвициотис до Османи: Целосна имплементација на Преспанскиот договор за поддршка за евроинтеграциите


Алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, преку писмо до вицепремиерот Бујар Османи најави поддршка за европските интеграции на земјава, нагласувајќи дека императив е целосната имплементација на Договорот од Преспа. -Процесот на европски интеграции на земјите од Западниот Балкан претставува стратешки приоритет на Република Грција. Во таа насока, […]

Пендаровски: Нема политичко мешање во истрагата за „Рекет“


-Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет“, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари. Ова денеска во Македонска Каменица го изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско […]

Кукан: Северна Македонија може да добие датум за преговори на есен


Северна Македонија може да добие датум за преговори за членство во Европската Унија на есен, додека ова сценарио е помалку реалистично за Албанија, изјави поранешниот европратеник Едуард Кукан, кој претседаваше со Работната група за Западен Балкан за време на неговиот мандат. Во интервју за Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), Кукан појасни дека Северна Македонија […]

Маж загина во сообраќајка во Автокоманда


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во скопската населба Автокоманда. Според информациите на полицијата, околу 3.50 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ автомобил „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б. (22) од Скопје излетал од коловозот и удрил во дрво. Сопатникот […]