Катица Јанева одлучила да не дава исказ за „Рекет“


Фото: Б. Грданоски

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева одлучила да не дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пред обвинителката Вилма Русковска.

Нејзиниот адвокат, Дељо Кадиев вели дека заедно со Јанева одлучиле таа да не дава исказ во оваа фаза на постапката. Ваквата одлука Кадиев ја образложува со тоа што Јанева има законско право да не даде исказ и објаснува дека тоа е дел од стратегијата на одбраната. Сепак е дециден дека не размислуваат да се спогодат со Обвинителството.

Јанева еднаш беше донесена во Обвинителството, но таа не даде исказ и побара првин да ги виде доказите. Петнаесетина дена одбрната правеше увид на доказите, но сепак одлучиле Јанева да не каже ништо за случајот „Рекет“. Нема ниту да понудат свои докази бидејќи според Кадиев, обврска на Обвинителството е да собере докази и да ја докаже вината осомничените.

Во меѓувреме, Јанева чека одлука на жалбата дали ќе излезе од притвор или ќе остане во Шутка. Таа е третоосомничената во оваа афера.